Fever Ray

Body Electric

Del Rey
Член од
15 јуни 2011
Мислења
222
Поени од реакции
334
Го пребарав форумот, ама не најдов тема за Fever Ray, па ако има, слободно избришајте ја :)

Fever Ray ја открив пред околу една и пол година, кога еден другар ми ја пушти When I Grow Up, затоа што песната го потсеќала на нешто виканско, а знаеше дека јас се интересирам на таа тема. Песната ми се допадна премногу, па го симнав и албумот (исто така насловен Fever Ray) кој беше извонредно мрачен и по мој вкус, со интензивни битови и морничави импулси или едноставно кажано суров.

Fever Ray или Karin Dreijer Andersson e шведска артистка која досега има објавено само еден албум, а претходно била дел од електронското дуо The Knife, кое го формирала заедно со брат и. Нејзиниот соло деби албум, Fever Ray е многу добро прифатен и има добиено многу позитивни критики од светски критичари. Оваа година две песни од Fever Ray (The Wolf и Keep The Streets Empty For Me) се најдоа на soundtrack-от за филмот Red Riding Hood со Amanda Seyfried и Gary Oldman во главните улоги. Јас лично ја обожавам и секогаш ја наоѓам за премногу инспиративна, како да ме води во сосема друга димензија. Едноставно - прекрасно.
Се надевам дека на некој му се допадна за да сака да слушне нешто повеќе од неа :)
 
Opsessive fangirl

Безнадежен интелектуалец.
Член од
14 декември 2009
Мислења
291
Поени од реакции
137
Да, многу ми се допаѓа нејзината музика, има некој мрачен, меланхоничен тон кој многу ми е привлечен. Ова е мојот фаворит досега

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Прв пат слушам, ми се допаѓа.
Мрачниот амбиент, некако минималната електроника...така, убаво делува.

За пеењето имам мала замерка, но генерално гледано е прифатливо.
Сега ќе си набавам дискографија.
 
W

wernstrom

Гостин
Fever Ray ја открив пред месец дена, If I Had a Heart ја имаше во епизода од Breaking Bad и морам да признаам стварно извонредна музика. Личен фејворит ми е Keep the Streets Empty For Me.
 
Anne.

~ Happiness In Slavery.
Член од
4 декември 2009
Мислења
4.628
Поени од реакции
10.284
Интересен албум, претпочитам да го слушам навечер, во потполна тишина... така песните се уште поморничави и мрачни...
Enjoy...
 
I

indigo child

Гостин
Многу специфичен и убав глас има девојката.
Не ја слушам, ама и знам неколку песни и ми се допаѓа многу ( :
И јас почнав од When I Grow up да ја слушам ( :
Еве една од моите омилени од тие 10тина песни што и ги знам ( :

Член од
19 декември 2011
Мислења
101
Поени од реакции
34
и јас ја открив пред околу една година благодарение на сестра ми и го утепав албумот од слушање, и како што кажа Anne. многу почесто го слушам во доцните часови, пред да легнем да спием, чудно како баш секогаш во тие моменти сакам да го пуштам :)
 
I

Intex

Гостин
Е ова е убаво.

Ме потсетува на Бјорк, ама може да помине.
 
В

Вештерот

Гостин
Добра е швеѓанкава.
Еве една песна која ја има направено заедно со со Röyksopp. А за да не се зафркнете и да мислите дека женскава на спотот е Fever Ray еве ви една информација. Женскава е норвешка манекенка Marianne Schröder. Инаку Fever Ray се појавува на 2:30 таму кај масата.

Еве уште некои песни
 
Член од
15 март 2011
Мислења
154
Поени од реакции
85
Лудо сум вљубена во овој бенд кој впрочем е еден од моите фаворити.
Има прекрасни длабоки тонови, на некој начин магични, кои враќаат некаде во минатото. Поголемиот дел од нивните песни ме потсетува на вештерките, индијанците, идниго децата и лавиринтите на реинкарнацијата. Меѓутоа делумно и на својот живот и моите лични доживувања. Сите песни се инзвонредни, и не ми е јасно зошто по ѓаволите овој прекрасен бенд има само еден АЛБУМ? Сакам уште од нив, се чини дека никогаш нема да ми биде доста. :)

Мој фаворит е Here Before!

Се убаво што напиша, само што не е бенд туку една личност :)
P.S. Најавен е втор албум, ама не се знае точно ништо во врска со истиот...
 
Член од
15 март 2011
Мислења
154
Поени од реакции
85
Се убаво што напиша, само што не е бенд туку една личност :)
P.S. Најавен е втор албум, ама не се знае точно ништо во врска со истиот...

Се извинувам доколку погрешив.
Инаку го именував како бенд бидејки знам дека имаат некаква поврзаност со The Knife, или грешка сум? Сега не сум сигурна дали девојкава преминала во него, но колку што може да забележам концептот на електронската музика за разлика од претходно изобилува со поблаги и весели тонови. Единствено сублимираните пораки се останати. И нели Fever ray беа брат и сестра оние кои го формираа? Мислам дека машкото ја пее Stranger than kindness a девојката When I grow up, Here Before итн?
 
Body Electric

Del Rey
Член од
15 јуни 2011
Мислења
222
Поени од реакции
334
Се извинувам доколку погрешив.
Инаку го именував како бенд бидејки знам дека имаат некаква поврзаност со The Knife, или грешка сум? Сега не сум сигурна дали девојкава преминала во него, но колку што може да забележам концептот на електронската музика за разлика од претходно изобилува со поблаги и весели тонови. Единствено сублимираните пораки се останати. И нели Fever ray беа брат и сестра оние кои го формираа? Мислам дека машкото ја пее Stranger than kindness a девојката When I grow up, Here Before итн?
The Knife е дуо, составено од Карин и Олоф, брат и сестра. Fever Ray е соло проектот на Карин. Сите песни на истоимениот албум ги пее само Карин. Брат и нема врска со Fever Ray :)
 
Член од
15 март 2011
Мислења
154
Поени од реакции
85
The Knife е дуо, составено од Карин и Олоф, брат и сестра. Fever Ray е соло проектот на Карин. Сите песни на истоимениот албум ги пее само Карин. Брат и нема врска со Fever Ray :)
Како и да е инзворедни се двајцата и ги обожувам. Патем благодарам што ми појасни. :love:
 
ZigZag

Заменик министер
Член од
19 јули 2006
Мислења
347
Поени од реакции
248
А овде може и од The Knife песнички, зошто не гледам посебна тема. Нема ни потреба од посебна тема :)

Kajgana Shop

На врв Bottom