Felon

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618

Felon е бенд од Загреб (Кроејша) чија главна авторска снага е кантавторот Денис Катанец. Нивната музика може да се опише како мешавина од нео американ поп фолк и инди рок со текстови на хрватски јазик. Членови на бендот се Денис Катанец, Иван Шчапец, Тена Рак и Дражен Хижак. Од создавањето на бендот во почетокот на 2011, одржале преку 50 настапи во Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Словенија, Црна Гора...

Зад себе ги имаат "August EP" (2010.) и албумот "Jasno, nečujno, a suviše glasno", кој во март 2011 во физички облик е објавен за етикетата Slušaj najglasnije!, а како онлајн издание под етикетата SILOS, веб магазинот Popboks.


Денис Катанец има и едно соло избацување со албумот “Sveska Bijednih”. Албумот всушност е дел од проектот "Албум во 24h" каде авторот сакал да ги види своите граници и лимити. Тргнал од нула, за да после 24 часа (поточно 22 часа и 45 минути) напише, сними, измикса комплетен албум. За албумот не е користен никаков поранешен текст, стих или риф. Во потполност настанал од ништо. Откако е снимен, ниту една песна не била подвргната на доработка. Нити стиховите, нити музиката, ниту пак вокалот.

Ги нарекуваат балканскиот одговор на Америката и : човек, гитарче и медитативна пасторална песна на тема страдањата на младиот Вертер (пардон Денис). Можеби нивната музика е музика за штребери, цурице, момци со скршени срца, но веројатно останатите кои не ги консумираат губат.

Денис е набљудувач. Он посматра во себе и околу себе. Пее за љубовта, пријателството, иронијата, трагедијата на животот.

Таа нивна несовршеност (знаеш дека нешо не штима, али е небитно), несмасниот вокал на Денис, спотовите со приказна, генијалните текстови се причината поради која често ги слушам.

 

Kajgana Shop

На врв Bottom