Edith Piaf

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618

Нејзиното родено име е Édith Giovanna Gassion, а е позната уште и како La Môme Piaf (Малото врапче). Родена е на 19. декември 1915. во Париз, а умрела на 10. октомври 1963. година во француското гратче Пласкасје Погребана е во Париз наредниот ден, на прочуените гробишта Пер Лашез.

Најголема француска музичка ѕвезда на сите времиња. Светот ја познава и не ја заборава според многу шансони, а најнапред со „La Vie en rose“ „Non, je ne regretted rien“, „Hymne a l`amour“,„Milord“ и др.

Интересно е дека за Пјаф се напишани многу биографии, но многу нешта не се откриени, се уште се мистерија.
Родена е во сиромашно семество. Татко и, Луј Алфонс Гасион, бил циркуски изведувач,а мајка и, Анета Мајард,Италијанка, тогаш 17- годишна девојката, пејачка, инаку позната под уметничкото име Лин Марса. Пјаф значи врапче, а „врапче“ станало прекар што го добила 20 години подоцна. Мајка и била многу сиромашна, па не можела да се грижи за неа- уште малечка ја оставилакај баба и која била по потекло од Алжир. Бабата, пак, била ноторен пијаница,. Живеелево лоши хигиенски и здравствени услови. Покриена со егземи, истоштена и слаба, Едит Пјаф останала 18 месеци во живеалиштето сè додека не се вратил татко и од фронтот и на ја оставил на чување кај нејзината друга баба, сопственичка на јавна куќа во Берне, во Нормандија. Едит била одгледана од страна на проститутките во куќата, првпат јадејќи здраво, носејќи убави и чисти фустани и пиејќи здраво нормандиско млеко.


На 7 или 8- годишна возраст го изгубила видот добивајќи кератит. Бабата, откако разбрала дека и некое друго девојче заболено од истата болест било излекувано, откако се помолиле врз гробот на сега веќе канонизираната светица Тереза Мартин во Лизие, решила да заминат. Фатиле воз, се помолиле врз гробот на Тереза, зеле земја која секоја вечер со шамија ја врзувале на очите на Едит. По 8 дена Едит оздравела! Таа сиот свој живот чувствувала посветеност кон светицата Тереза, чиј лик го носела на медалјонот што и стоел околу вратот во тек на целиот живот.
На крајот на војната татко и бил демобилизиран и ја зел со себе за да го живеат уметничкиот живот на циркуски изведувачи, улични забавувачи, независни и сиромашни.
Во 1929. на 14- годишна возраст таа му се придружила на татка си во неговите акробатски точки низ цела Франција, на чии настапи првпат запеала пред публика.
Во февруари 1933. година на 17- годишна возраст таа ја родила својата вонбрачна ќерка Марсеј, од нејзиниот тогашен љубовник Луј Дипон. Две години подоцна детето умрело од менингитис.
Следниот љубовник на Едит Пјаф бил макропо име Албер кој земал провизија од нејзиното пеење во замена да не ја принудува на проституција. Една од нејзините пријателки, Надја,се самоубила кога се соочила со помислата дека ќе биде проститутка, а Албер за малку ќе ја убиел Пјаф кога таа најавила дека ја прекинува врската како реакција на смртта на пријателката.


Во 1935. година на улица ја открил Луј Лепле, сопственик на кабарето Ле Жернис кое се наоѓало на авенијата на Елисејските полиња.Тој и го дал уметничкото име „la Môme Piaf “, штозначи „девојчето Пјаф“. Тогаш го доживеала својот прв успех. Нејзиниот извонреден талент и глас меѓу другите ги забележал и композиторот Ремон Асо и нејзината идна, верна, голема пријателка Маргарит Моно, композитор и виртуозен пијанист која ќе ја следи во текот на целата нејзина кариера и за неа ќе компонира големи француски шлагери.
Во март 1937. Едит ја започнува својата кариера во мјузик- хол воABC Театарот во Париз.Веднаш станува голема ѕвезда на француската шансона, сакана од публиката и слушана на радиобрановите.За време на германската окупација продолжува да приредува концерти.
Нејзината песна која станува заштитен знак, „La Vie en rose“, е пишувана среде германската окупација на Париз, во текот на Втората светска војна. Во тоа време таа станувала се поуспешна. Пеејќи за високите германски офицери во неколку клубови, Едит заработила право да се слика со француски воени заробениици, под изговор дека би им го кренала моралот. Кога тие слики би дошле во посед на затворениците, тие ги сечеле своите ликови на фотографијата и ги користеле за да направат лажни документи за бегање од затвор.
Во 1944. година се претставува во Мулен Руж, го запознава младиот пејач Ив Монтан и помеѓу нив се раѓа љубов со голема страст. Таа му помогнала да ја почнекариерата, запознавајќи го со сите важни луѓе на тоа време од светот на музиката и театарот.Во таа година починал татко и, а следнатаи мајка и.
Настапува и во Француската Комедија.
По војната патувала на турнеи низ Европа и Америка (јужна и северна), каде што стана интернационална позната личност. Нејзината популарност во САД била толку голема што се појавувала дури 8 пати во емисијата „Шоу на Ед Саливан“ и два пати во „Карнеги хол“ (1956 и 1957).


Во 1948. година, додека се наоѓа на триумфална турнеја во Њујорк, ја среќава љубовта на својот живот, францускиот боксер Марсел Сердан кој живее воМароко. Тој станува светски шампион во средна категорија, но во следната година загинал во авионска несреќа, летајќи од Париз за Њујорк. Сиот свој живот Пјаф се обвинувала дека е таа виновникот за неговата смрт, заштотој имал намера за Њујорк да патува со брод. Нестрплива да се сретнат, му рекла да се качи на првиот авион.Едит Пјаф станала зависна од јаки дози на морфиум. Во негов спомен таа ќе ги испее познатите шансони „Hymne a l`amour“ и„Mon Dieu“.
Во 1951.младиот артист, композитор и интерпретатор Шарл Азнавурстанува нејзин „човек за се“- секретар, шофер и доверител. Тој и ги напишал помеѓу најубавите шансони: „Plus Bleu que Tes Yeux“ и „Jezebel“.
Следната годинасе мажи за францускиот пејач Жак Пилс, а на венчавката сведок и била големата Марлен Дитрих. Од него се развела во 1956.
Во 1959. Едит Пјаф паднала на сцената на турнеја во Њујорк. Претрпела бројни хируршки операциии се вратила во Париз во ужасна состојба, без нејзиниот тогашен љубовник Жорж Мустаки кој ја напуштил во текот на патувањето.
Во 1961. дава серија концерти во Олимпија во Париз, едни однајсентименталните во нејзината кариера.
На 46 години, истоштена и болна, таа се мажи со Тео Сарапо,млад, 26- годишен фризер кој подоцна станал пејач и артист. На почетокот од 1963. таа ја снима својата последна песна „L`Homme de Berlin“.
Пјаф умрела од рак на црниот дроб на 11 октомври 1963. година. Според некои биографи, пренесувањето на нејзините посмртни останки до Париз било организирано во најголема тајност и биле закопани на гробиштата Пер Лашез, до нејзината ќерка Марсел. На денот на погребот илјадници обожаватели иоддале последна почит додека ковчегот се движел низ Париз. Шарл Азнавур изјавил дека за првпат по Втората светска војнасообраќајот во Париз бил целосно запрен.


Нејзиниот гроб до денес е еден од најпосетуваните.
Малата планета 3772 Piaf, откриена од страна на советскиотастроном Људмила Георгиева Карашкина во 1982., била наречена според неа.
Во Париз има музеј посветен на неа- Музеј на Едит Пјаф (Musee Edith Piaf), на улицатаCrespin du Gast, број 5, 75011.
Од најпознатите шансони:
Tu Es Partout“ (1943), „La Vie en rose“ (1945), „Les Trois Cloches“ (1946), „Hymne à l'amour“ (1949), „Padam... Padam...“ (1951), „Sous le ciel de Paris“ (1954), „Les Amants d'un jour“ (1956), „La Foule“ (1957) „Milord" (1959), „Non, je ne regrette rien“ (1960).
Филмови во кои се појавува:
La garçonne“ (1936), Jean de Limur, „Montmartre-sur-Seine“ (1941), Georges Lacombe, „Etoile sans lumière“ (1946), Marcel Blistène, „Paris chante toujours“ (1951),Pierre Montazel, „Boum sur Paris“ (1953), Maurice de Canonge, „Si Versailles m'était conté“ (1954), Sacha Guitry, „French cancan“ (1954), Jean Renoir.


 

Nymphadora

Емоцинално незрело џубре
Член од
2 февруари 2009
Мислења
986
Поени од реакции
1.672
Уф доволно е само да ја пуштам La vie en rose и готово отпловив за париз со мисливе :D.. многу убави песни..

еве уште неколку шо мене ми се убави
 

Kajgana Shop

На врв Bottom