Body Electric
Del Rey
- Член од
- 15 јуни 2011
- Мислења
- 222
- Поени од реакции
- 334
Како што веќе споменав во темата Најдобри 5 албуми за 2011, Ed Sheeran го запознав сосема случајно, кога на почетната страна на Twitter ми излезе вест од MuggleNet дека Руперт Гринт (Рон Визли од „Хари Потер“ филмовите) е главен лик во најновото видео на овој ginger - Lego House.
Песната навистина си вредеше, што ме натера да го симнам целиот албум (за кој дознав дека му е прв) насловен едноставно како + (Plus). Иако самиот наслов не ветува баш многу, бев пријатно изненаден кога (речиси) сите песни ми се допаднаа. И тоа премногу (што албумот ми се најде на третото место на најдобри албуми во 2011).
Па, бидејќи денеска (или технички гледано, вчера) излезе најновото видео за неговиот четврти сингл - Drunk, решив да проверам дали има тема за него, па се изненадив кога видов дека всушност - не постои. Затоа решив јас да ја започнам.
Музиката и текстовите на Ed се едноставни, но прекрасни. Има нешто во нив што едноставно плени уште кога првпат ќе ги слушнеш и посакуваш уште и уште. Подолу ќе ги објавам видеата за сите негови синглови (по редослед на објавување), па слушнете ги затоа што би сакал да чујам што вие мислите за gingerов
The A Team (една од моите најомилени песни)
You Need Me, I Don't Need You
Lego House (првата песна што ја слушнав од Ed)
Drunk (најновото видео)
P.S. Што е уште еден голем плус за артист во денешно време, Ed звучи навистина, навистина одлично кога пее во живо (а сите знаеме колку се (зло)употребува autotuneот во последниве неколку години)
Lego House (Acoustic) (ќе се осмелам да кажам дека е дури подобро и од студио верзијата)
Small Bump (Acoustic)