DUNE: PART TWO (2024) - Тема за тие што гo гледале филмот! (SPOILERS!)

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.336
Поени од реакции
57.931
Филмот има насока. Вози право и не гледа назад :) За мене не е проблем насоката во која се движи туку брзината. Имаше два моменти кои посебно ме изненадија - смртта на Лук (позитивно, мислам, Starks момент) и брзиот шифт во иднината на Ејвори. Ако со првиот лик се беше комплетирано, не сфатив зошто беше оној квантен скок напред подоцна.

Кај Купер мислам дека не е проблем скриптата, иако од прва и јас имав впечаток дека е тоа. Но мислам дека едноставно не се потруди, си одработи онака Ханговер стајл и си замина дома.

Реј Лиота не е спомнат оти не е Лапидус.

И не ми го чепкај Another Earth да не се расправаме :cautious:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Iceboy, RocknRolaa, VLJ џимеј ме занима ваше мислење. А повеќе ве тагирав ради Stoker. Рокенрола и ВЛЈ го исгасиле од што е лош. Јас и Ајс по 7ка му дадовме.
Ио во улога на пресвети кадија Ѓорги Колозов, ќе најде време да го изгледа и пресуди? Теман една недела овој да постои.
Не планирав да го гледам поради негативните мислења на форумот (глеаш, испаѓа дека понекогаш повеќе му верувам на под-форумот отколку на имдб и патлиџаните), ама ај. Ќе му дадам шанса, а и да видам што сте се распишувале анализи на темава.

Stoker е лош, ама го издржав до крај. Рокенрола паметно направила што го прекинала.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Немам енергија за некоја посебна анализа на филмов, ама накратко мене ми се допаѓа. Ми понуди некоја свежина во филмскиот свет. Убаво скоцкан филм со емоции. И гледам дека станувам фан на филмовите на Рефн. Сега и следниот ќе му го гледам исто со Гослинг. Дефинитвно добивме нова актерско-режисерска двојка.

Инаку, да бог да никогаш никој да не го гледа Stoker или некој сличен филм. Јас тешко се откажувам од гледање филм, ама овој чим го исклучив на пола... Бљувотина е комплимент за него.
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.278
Поени од реакции
17.958
Филмов првиот саат кај мене беше со оценка 8.5. Значи делот со Гослинг ми беше фантастичен, се беше скоцкако тата-мата. Е сега во вториот саат во филмот т.е. приказната со Купер ми беше некако недефинирана и тука оценката почна да паѓа. Ама ај со ред.

Значи го запознаваме Лук, женкар, моторџија, и направил на дете на Ева, он за тоа појма нема, открива за тоа и почнува да се грижи за него и останува во градот. До тука очекувано се. Се вработува, се договараат со газдата негов и негов најдобар пријател да почнат да ограбуваат банки бидејќи нема пари да го одгледува детето. Минат неколку грабежи, се оди како планирано, додека Гослинг не се полакоми и почне да бара премногу. Знаеме грабежот завршува неуспешно и морам да признаам тука ме фасцинираше убиството, едноставно ептен ненадејно ми дојде. Очекував да биде во болница, парализиран, нешто такво, ама да умре тоа не. Бидејќи сепак имаме build-up на карактер од цел саат, од остатокот на филмот ни останува уште саат, а они го убиваат главниот лик (до тој момент). Досега глума, сценарио, приказна се е одлично, едноставно тој саат не го осетив кога помина.
Е сега приказнава не врти кај цајканов шо го убива Лук, кој уште не знам шо треба да претставува. Беше премногу недефиниран лик (во споредба со овој на Гослинг) никаков бекграунд, сфативме само дека жена му не му дава од дома да излезе, дека мрази оти е цајкан (шо можеме и без никаков хинт да го сфатиме), ама друго ништо. Не знам дали татко му го буткал низ цајканскиот свет, дали татко му не сакал да биде цајкан, не знаеме ништо за него, а имаме уште саат за гледање. И тука го убацуваат Реј Лиота (кој за разлика од њот, јас не го хејтам, баш океј ми е) со неговата весела дружина расипани полицајци и почнува поход за да го расипат и Купер, па овој нејќе, па дали да ги тужам, па другарчиња ми се, па нејќам да бидам тужибаба, држ не дај-ти реков, ми рече работава.
И бидна шо бидна, тоа што е познат си го користи станува политичар и сега тераме напред 20 години (како некоја шпанска серија да гледам ми беше ова). Син му фала Богу како и секој син на политичар/бизнисмен/парајлија е прв сељак, сите го дружат само поради парите (колку и да е клише, ова ти е чиста вистина и на сите ни е јасно тоа). Во првиот момент кога дадоа дечко на некои си 20 години јасно беше дека децава нивни ќе се запознаат, а Купер во меѓувреме сеуште си нема простено затоа што прерано пукал, а можел да го му го спаси животот на Гослинг. Се запознаваат, се сакаат, па во затвор лежат, па се нејќат, па едниов на другиов му наоѓа дрога and things like that, за искрено крајот да ми се свиѓа, кога малиов на Гослинг не го уби малиов на Купер покажувајќи дека не мора баш секој да тргне по тој лош пат на криминалот ако татко му или мајка му биле такви.
Се на се исто како њотче, овој има 6ка, нешто над просекот ми беше, пак да кажам, ако беше само приказната на Гослинг разработена во некој си саат и 40 минути филмов кај мене ќе имаше поголема оценка, ама овака толку.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.336
Поени од реакции
57.931
кога малиов на Гослинг не го уби малиов на Купер покажувајќи дека не мора баш секој да тргне по тој лош пат на криминалот ако татко му или мајка му биле такви.
Според мене, малиот тргна точно по патот на татко му. Татко му не беше убиец и генерално беше добар тип кој се заебал во животот, повеќекратно. Малиот исто така е добро дете кое расте во проблеми, не е прифатен од никој, преку глава му е од се и тргнува по свој пат - со мотор, кон непознато место. Исто како татко му. Што не значи дека ќе ограбува банки, ама сигурно значи дека проблемите за него допрва почнуваат и грешките чекаат да бидат направени.

Инаку, да бог да никогаш никој да не го гледа Stoker или некој сличен филм. Јас тешко се откажувам од гледање филм, ама овој чим го исклучив на пола... Бљувотина е комплимент за него.
Доцна е за тоа. Ако можам да го опишам филмот со еден збор - pointless. (beneamata, имаме збор за pointless?)

Не разбирам кому му е потребен ваков болен филм. Нити е направен за заработка, нити е уметнички, нити има некаква поента, цел, морална порака или што знам... Бетер од ништо е филмот. Кога гледаш ништо го забораваш, за ова треба време да се испере...
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.505
Поени од реакции
33.665
Доцна е за тоа. Ако можам да го опишам филмот со еден збор - pointless. (beneamata, имаме збор за pointless?)


Не разбирам кому му е потребен ваков болен филм. Нити е направен за заработка, нити е уметнички, нити има некаква поента, цел, морална порака или што знам... Бетер од ништо е филмот. Кога гледаш ништо го забораваш, за ова треба време да се испере...


Да, оти секому му е потребен филм како The Place Beyond the Pines. Не само што е уметнички, туку е и нормален. Double the fun!
И дури направен за заработка! Па за поентите ич да не почнувам... А Stoker нема ниту една. :(

Филмот нема на-со-ка.

Stoker има замисла и таков се продава. Неможеш ти на the place beyond the pines да си креираш само-деуцирани заклучоци само оти сакаш филмот нешто да значи.
Нема таква на-со-ка. Неможеш да му прикачуваш значење на нешто што нема значење. Има еден куп претенциозност и го има чувството за невкус од Blue Valentine all over it.
Режисерот незнаел што сака да постигне, филмот можеше да заврши во двете етапи, Гослин и Купер, и едниот и другиот сакајќи да ја направат вистинската работа, безразлика на слојниот социолошки моменат. Јас не гледам поента да имаш во рака нешто скоро совршено и да им го фрлиш на две недефинирани ликови од деца да си играат со него. Навистина, ајде, која е поентата? Судбина? Знаеш на што ме потсети? На V серијата. Пуштаме сајфај заради сајфај и ефекти, место да гледаме пристигнувањето на ејлиените, адаптација, реакции, не праќаат пола година унапред од дејството, без ништо да знаеме. Ова е: дечки, дадов се од себе, да бидеме реални, тоа ми е границата, мислам, да не се лажеме, еве ќе го катапултираме дејствието 15 години унапред. А кој клише финиш само, си купи мотор по стапките на татко му. Yea, oва продре до мене. Толку продре што осеќав болка. Како со нож да ме продреа изгледа ќе му дојде. Толку лошо.

Уствари има поента, еден вид црн хумор е изгледа, ми идеше да се смеам, ама некако неможев.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.336
Поени од реакции
57.931
Неможеш ти на the place beyond the pines да си креираш само-деуцирани заклучоци само оти сакаш филмот нешто да значи.
Нема таква на-со-ка. Неможеш да му прикачуваш значење на нешто што нема значење.
Не-можеш.

Сега, не сум ја крив ако не пронаоѓаш значење. Филмот не допрел до тебе, што да ти кажам. Не си можел да се поврзеш со ликовите. Фино, никој од нас не може да се поврзе со оној лик на Бредли. Но ликот на Гослинг мене ми легна. I digg it. Сум направил грешки од кои нема враќање. Сум бил на дното, обидувајќи се да испливам. Го разбирам, од моментот во црквата до телефонскиот повик, се околу Лук за мене има смисла. Немам никакви потешкотии со тоа.

Секој ваков филм функционира само ако можеш да се поврзеш со ликот и да ја разбереш приказната. И јас не можам да разберам што има во American Beauty ама еве на многумина им прави смисла. Јас не се поврзав и тоа е.

А која е замислата на Стокер?
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.505
Поени од реакции
33.665
Не-можеш.

Сега, не сум ја крив ако не пронаоѓаш значење. Филмот не допрел до тебе, што да ти кажам. Не си можел да се поврзеш со ликовите. Фино, никој од нас не може да се поврзе со оној лик на Бредли. Но ликот на Гослинг мене ми легна. I digg it. Сум направил грешки од кои нема враќање. Сум бил на дното, обидувајќи се да испливам. Го разбирам, од моментот во црквата до телефонскиот повик, се околу Лук за мене има смисла. Немам никакви потешкотии со тоа.

Секој ваков филм функционира само ако можеш да се поврзеш со ликот и да ја разбереш приказната. И јас не можам да разберам што има во American Beauty ама еве на многумина им прави смисла. Јас не се поврзав и тоа е.

А која е замислата на Стокер?
Ио, проста математика.
Филмот е поделен на три етапи. Оцената е максимум 10ка.
3.3333.. му доаѓа на етапа. Освен Гослинг кој извади повеќе од очекуваното, што друго заслужува оцена?
Ако не, да го гледаме дури трае само со Гослинг, и да го оценуваме? Кажи ми како стига филмот со над 4 како оцена? Што впрочем, толку и му доделив.

Значи јас незнам што прави Гослинг со режисеров, поготово ако стекне репутација како популарниве глумец/режисер односи. Неможе да се архивира филмот како еден од тие ако се поврзеш е добар, ако не - не. Еднсотавно и да не се поврзаш, и да се, филмот останува тежок медиокритет, и не затанува тука, туку ствара одбивност со обидот да биде нешто што немал намера, ама снемале идеи, уметност, двосмисленост и пред се поради претенциозноста губи дури златна средина, која ионака се базираше само врз Рајанс гуд перформанс. Oбјасни ми ја ти космисчката поврзаност ајде? Која беше поентат што Гослинг и Купер беа повзани, им се споија онака патиштата, па поврзаноста ја искористија и да го дефинираат Купер со гудкап моментот кај љубовта и синот на Рајан, па поврзаноста ја искористија и кај нивните деца? Осим пораки што само ти мислиш дека носи филмот, дали судбината му е поентата, дека освен опенингот и Рајан, филмот станува бизарен за гледање, без динамичната камера, без поткованите ликови, без приказна која одвај ја чекаш. Филмот понатаму нуди апсолутно ништо.

Несакам да бегаме од темата, Стокер е кока кола. Има тензија, on-the-edge хорор мистерија. Миа, за разлика од Гослинг ја гледаме цел филм. Вакво.. "Растурање", во порно нема. Земено типичен трилер (трилер приказна дур се распакува до таму каде вујкото го убива таткото) и трансформиран од режисер кој знае што право во филм со атмосфера, не некое сивило коа 3 часа трае беспотребно. Стокер има се, уметност, sоmewhat noir-ish, скоро совршено loop-ира и е пример како треба да изгледа холивудското бегање од клише филмовите и блокбастерите, поготово како треба да бега од претенциозни филмови во обид на заработка ама сепак демек модерни. А да не зборам за Клинт Мансел и целиот перфектен музички склоп.



!!!!!!!!!!!!!

 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.336
Поени од реакции
57.931
Кој ти збори за оцената? Ако сакаш 2ка дај му. Никој не вели дека филмот е перфектен, и сите на кои им се допадна филмот ги потенцираа мааните, истите за кои ти збориш. И не мислам дека само првиот дел е добар, исто и делот со децата, односно приказната за синот на Лук мене ми се допадна, заедно со одлично одглумената улога на синот на Ејвори. Поврзувањето не чини, тука сите се сложуваме. Бредли потфрли, скриптата потфрли, што год да е, скокот во иднината беше пребрз и остави многу работи нечепнати а камо ли одговорени.Оценката е субјективна, веќе и не размислувам од аспект на оцени, важно е дали филмот ми оставил некаков впечаток или не. А знаеш добро дека филм што те оставил да размислуваш не може да е лош - мене овој филм ме остави да размислам за некои работи. Мојот личен севкупен впечаток е за филмот е добар, за оценката I couldn't care less.

За Стокер не знам што да ти кажам, да оставиме за следно, може?
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.505
Поени од реакции
33.665
Гледаш дека се согласуваме околу сите грешки што филмот ги исповраќа врз нас.
Ама збориме за филмови сега, пример ако јас имам само една нога, а го зимаат Ештон Качер и снимаат ретардиран сентиш за човек со една нога - jас ќе плачам, јас ќе се замислам, ама тоа не го прави филмот добар. Размислување и резултат на истото: впечаток, е ништо повеќе од субјективно поврзување. Остај Нирвани и разноразни достигнување натчовек, остани со нас да си играме со оцени, растењето ионака е оверрејтед. :))))

За Стокер ќе кажам дека вампири да вметнаа на крајот, пак ќе беше подобар од овој. Hell, подобар од самиот себе како што е сега ќе беше. :D
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.336
Поени од реакции
57.931
Не мора да го имаш истото искуство за да се поврзеш со лик. Да беше така немаше да разбереме повеќе од 5-6 филма. Еве на пример сцената од Еквилибриум кога Кристиан Бејл го убива Нед Старк. Не значи дека треба да убиеш човек за да се поврзеш со Бејл, нити да имаш желба за умирање за да го разбереш Нед. Ако си бил во ситуација да бираш помеѓу она што те учеле и она што во себе знаеш дека е вистина, лесно ќе разбереш каква епска дилема го јаде Бејл. Ако имаш идеали или што год да е за што би го дал живото, лесно ќе разбереш зошто е Старк толку смирен пред да го убијат. Додуша тој секогаш е смирен пред да го убијат, можно е да е навика во прашање.

Therefore, не мора да возам мотор и да има 20 тетоважи за да го разберам Лук нити пак да сум ретардиран за да го разберам Кучер во сите негови улоги. Ако ликот допре до мене, ондак добро. Оцена ако морам да му дадам, 7.25, нo околу скалата ќе пишам повеќе, или ќе отворам тема кога ќе имам време за тоа.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Мене ми се допадна филмот, повеќе од што очекував. Ако веќе мора да го оценам би му дал седмица. Во последно време избегнувам долги филмови од шо изгледа таков ми е периодот, но филмов ми го задржа вниманието до крај и тоа му носи позитивни поени кај мене.

Како и сите, и мене првиот дел ми беше најдобар и имам чувство дека сценаристот/ режисерот се посветил убаво да го разработи, иако не планирал баш што ќе прави понатаму. Ликот на Лук уште од старт имаше трагична нота, лик кому животот едноставно му се случува, без никаков правец, Касандра-стил. Во сцената во црквата (феноменална сцена со феноменална глума на Гослинг) доживува катарза, сфаќа дека треба да живее за друг и светот му се менува скроз. Не само што Лук добива цел во животот, туку и филмот добива насока преку ова. Ограбувањето банки не е крими елемент што во некои други филмови би се искористил за динамика, туку начин да се покаже до каде може да оди еден човек со својата безусловна пожртвуваност. Сите тие сцени беа изведени совршено, без клише fuck yeah моменти и музика демек нешто јако се случува. И гледачот на филмот, и Лук знаеја дека тоа не чини и дека последиците можат да бидат катастрофални. Убиството на ликот на Гослинг ми беше неочекувано (не го прочитав спојлерот на форумов), но од друга страна логично бидејќи филмот не можеше да тера занимавајќи се како типот ограбува банки два ипол часа без да го фатат. Мислам, можеше, ама ќе беше досадно. Ова, непредвидлиоста ала Џорџ Мартин, е уште еден плус бидејќи е смел потег кој внесува динамика.

Потоа на ред дојде вториот дел. Ако темата на првиот дел беше родителството и како истото предизвикува промена кај еден човек, не знам која беше темата на вториот. Некако како малку да започнаа да објаснуваат што значи престрелката за Ејвери и како тој не може да спие навечер поради грижа на совест, ама изгледа брзо се откажаа од таа замисла. На сметка на тоа, филмот започна да замара за корупции, скандали и валкани цајкани. Во ред, да, убиството на Лук можеше да биде клучна работа, но не знаеме што тоа значеше за Ејвори. Дали и претходно тој бил чесен, дали и претходно имал амбиции да стане Обама, дали ако тоа не се случеше ќе му обрнеше повеќе внимание на син му и други прашања на кои не добивме одговор. Наместо тоа, филмот се претвори во борба против непрофесионализмот на полицијата, што ниту е нешто оригинално, а ниту интересно за некој кој претходно 50 минути гледал сосема друга работа. Премногу го затупеа со глупости, уцени, кокаини и одеднаш, од нигде-никаде ни кажуваат дека уствари Ејвори е болно амбициозен човек. Ем завршил правен факултет, ем скоро го положил правосудниот испит и сега сака да ја искористи поквареноста на колегите за сопствени политички цели. Не верувам дека тоа има врска со претходниот дел, или пак со Реј Лиота и компанија и затоа ова ми е излишно. Не знаев дали треба да навивам за неговата кариера, не знаев ни каде се движи приказната. Не ми беше ни битно. Друго нејасно беше зошто жена му цело време провртува очи и дома се однесува како да е на гости кај Волдер Фреј. Изгледа им беше во план да се посветат на брачната ситуација, ама баталија.

Третиот дел беше подобар бидејќи на некој начин се навратија на првиот. Ако некоја тема го обединува целиот филм, тоа е родителството и различните начини на кои еден човек може да биде родител. На темава читав за споредбите помеѓу Лук како татко и Ејвери како татко и се согласувам со мислењата, но филмот исто се обиде да направи споредба и помеѓу женскиот дел од родителите. Мајката изразена преку ликот на Ева Мендез беше споредена со мајката изразена преку жена му на Ејвери. Првата, иако принудена постојано да се бори во животот, претпоставувам недоволно финансиски ситуирана, правеше се` за да го заштити сопствениот син, но и да донесува одлуки кои се смели, но правилни. И самата не го познаваше доволно Лук, но имаше (мајчински) инстинкт да препознае дека тој може да биде значајна улога во животот на син и`. Ние знаевме дека тој ограбува банки, а таа не, но она кое таа го знаеше е дека човекот кој го запознала пред една година е способен да биде татко. Од друга страна ја имаш жената на Ејвери која не можеше да се знајде во целата ситуација, и брачна и родителска. Иако знеше дека син и` е проблематичен, сепак не беше доволно силна да донесува одлуки и да престане да му угодува на говедото. He'll go off the rails, but what can I do? Ејвори исто, преокупиран со политичките ангажмани, прво одби да го прими Џофри, за потоа да попушти и да дозволи работите да излезат од контрола. Разузданиот живот на богатите деца и немарливоста на богатите родители не е нешто ново за еден филм, но убаво беше што споредбата (родители vs. родители и деца vs. деца) во овој случај си дојде природно. Е сеа, ќе беше многу подобро ако не го тупеа со вториот дел од филмот и ако подобро беше разработен ликот на Купер, ама тоа е.

Значи, генерално, A Place Beyond the Pines (интересен наслов, шо уствари е преводот на името на градот, но исто и метафора) има бел бумбар и од мене. Филмот започнува одлично, потоа забегува и се обидува да живее на стара слава, за таму при крајот колку-толку пак да си го пронајде идентитетот. Покрај Гослинг, впечаток ми остави и Ева Мендез, а Купер одглуми како некој да го присилува да прикаже сериозна глума.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.336
Поени од реакции
57.931
wot, не сме договорени да те нервираме, сериозно :)
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.278
Поени од реакции
17.958
Следен обавезно Стокер да дојде.
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.505
Поени од реакции
33.665
:pos:

Шо сторивте со тоа белите бумбари, бели бумбари во глава да ви бучат. Кога филм вреди го оценуваме, кога внатре дубоко некаде знаеме дека смрди и дека браниме идеи од нешто што сакаме да биде - бели бумбари! Купер се наоѓа и во двата претпоследни филмови дискутирани, што значи не е веќе боза актер, а кога ќе го видиш филмот, дури и тој изгледа лошо. Џабе ми ја раскажувате приказната, го гледав и јас. Значи филмот удира во преголем ѕид, камерата станува дури статична, досаден, сив. Значи му фали атмосфера, за тие 2ипол часа не траат како цел ден, му фали приказна што ќе те заинтригира, му фали дијалог, му фали музика.

Стокер иначе ќе олади дур дое Ајс.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom