Прво, пејачки како Ејми Вајнхаус и Дафи не се поставуваат во иста тема по основ - националност. Зашто освен него, по ниеден друг не се ни приближно до слични. Како успеавте не сфаќам.
Друго, ги сакам и двете. И Ејми, и Дафи, и Естел, и Адел, и Лили Ален, и Кејти Мелуа, и Леона Луис, и Корин Бејли, и Кејт Неш...
Колку и на некој да не му се допаѓа тоа, непобитен факт е дека Британците од секогаш имале квалитетни артисти на музичката сцена, аналогно на тоа и чувство за како тоа треба да звучи и изгледа. Нивните изведувачи на ЕМА, VMA, Brit Awards, и тако даље, секогаш имаат беспрекорно издание, од дебилните до навистина добрите пејач(к)и/групи. За разлика од Бритни, Кристина и компанија. Ок, со исклучок на Ејми која љуби да се клати по сцена.
Зборот ми е, ги бива, и лом прават што се однесува на наградите, последниов бран особено. И Ејми, и Дафи, се закон да му се невиди, не гласам.