CoinKeeper – најдобрата апликација за следење на вашите трошоци и финансии

Член од
28 јануари 2012
Мислења
4.502
Поени од реакции
8.715
Водењето сметка за вашите лични финансии никогаш не бил едноставен процес. Како следите се што влегува и излегува од вашата банковна сметка, дали пронаоѓате навидум мали трошоци за ситници кои собрани сите на крај имаат изненадувачка вкупна сума или пак планирате штедење за следното големо купување. Дали некогаш сте пресметале колку имате потрошено на пијалоци по кафулињата?
Доколку користите iPhone, тогаш сигурно сте слушнале за CoinKeeper. Најбараната апликација кога станува збор следење на трошоци и финансии, сега е достапна и за Android мобилните уреди со потполно истите функционалности како и на iOS.
CoinKeeper за Android е бесплатна во првите 15 дена и преку неа на корисниците им се ослеснува процесот на следење каде се трошат нивните пари со секојдневно внесување на сите трошоци и приливи. Има подршка за користење на повеќе сметки, синхронизација помеѓу повеќе уреди, потсетници за сметки и многу друго.
Најголемиот проблем кај ваквите апликации е времето потребно да се додадат детали за нови трошоци. Доколку вакви информации не се внесуваат тогаш апликацијата би била некорисна. Затоа развивачите на оваа апликација го земале во предвид овој проблем и времето на додавање на нови транскации во апликацијата е сведено на минимум, односно само пар секунди. CoinKeeper исто така доаѓа со заштита со шифра, повеќе валути и cloud сервис за синхронизација и бекап.

Подобра слика за функционалноста на CoinKeeper ќе добиете од видеото, додека линковите за преземање се наоѓаат под него.


ИЗВОР
 
Член од
8 март 2012
Мислења
3.058
Поени од реакции
1.250
Ја има ли на македонски јазик,и дали може да се направи со денари да биде ? Глупо прашање,ама ме копка,иначе предобра е,а и користам андроид :D
 
Член од
28 јануари 2012
Мислења
4.502
Поени од реакции
8.715
Незнам сега ќе ја спуштам па ке видиме :)
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.728
Поени од реакции
2.546
Јас со години го користам Pocket money, презадоволен сум. Повеќе сметки, повеќе валути, не изгледа толку џиџано како ова, аме е многу едноставен и функционален.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom