CNN - Eye on Macedonia

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Ма, јас мислам протесна нота да се даде одма!!! Срамота, емисии ќе се праеле по светов, ќе се зборело за Македонија. Па како така... срамота, шо има да не има по интернационални телевизии и да се промовира државата. Ај ако не па да се скриеме у црна дупка и да не нема нигде у светов.

И после ќе ми се избаци некој па никој не ни знае Македонија каде е.

ПА КАКО ДА ЈА ЗНАЕ АКО НЕМА РЕКЛАМИ И ПРОМОЦИИ ПО ТЕЛЕВИЗИИ КАКО СНН И ББС??

Бог да чува и да брани више... Само да се мрчи.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.281
Добра работа е ова и да е платено што има врска подобро државата да се рекламира на ваков начин и да дознае какви убавини има него ли да ја има на CNN за време на војна и криза како што ја даваа.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.728
Поени од реакции
9.837
Само 3 дела ли има ? Нели цела недела ќе имаше репортажи
 
Член од
6 октомври 2010
Мислења
86
Поени од реакции
37
Го лажеме цел свет преку една од највлијателните телевизии. Кога некој ќе дојде во Македонија само за момент ќе биде заслепен од новиот изглед на Скопје и тоа само центарот на градот, а кога ќе прошета низ Македонија ќе остане запрепастен од сирмоаштијата на нашите граѓани, лошите патишта, прљавштината и набргу ќе заборави на убавиот центар на Скопје и останатите природни убавини на нашата земја. Кога веќе правиме реклама треба да се задржиме на гостопримливоста на Македонецот и скромноста на Македонците, а не на овие шминки и лош вкус. Имаме многу побитни работи со кои треба да се гордееме, Скопје 2014 не е проект за Македонија туку е проект за правање кич во центарот на Скопје. Жалосно, само незнам до каде ќе одиме...
 
I

Iblis

Гостин
Еми biskoja последниве години(не мислам 2-3, малце повеќе ќе да се), скоро се се вложува во Скопје, лека полека, Скопје ќе стане Македонија и така , а после Грците ни се криви што викаат дека немало Македонија дека тоа било "Скопија" и ние сме сите "Скопијани". Некој ова ќе го прими како навреда, некој како смеа, трет како заебанција, ама цело вложување е во Скопје, инфраструктурата полека пропаѓа во повеќето градови, се бројат на прсти оние кои можат сами да се одржуваат и така кучињата си лаат караванот си врви, ќе дојде некој турист, ќе остави паричка( под услов да оствари ноќевање), после ова ќе има и трета и четврта реклама и така се' се врти , ќе видиме дали ќе има ќар или зијан.
 
Член од
7 мај 2005
Мислења
1.231
Поени од реакции
307
Не се глупирај, какви црни "Скопјани", кога зборуваме за презентација на Македионија и Македонци од која сигурно ќе има ќар.

Одлично е што се прават вакви напори. Битно е да продолжиме да ствараме позитивна слика за нашата држава. Само така ќе успееме да привлечеме и инвеститори и да ја наметмене вистината за нашата нација.

ne e problemot vo toa da se pravi reklama za makedonija dobro e toa ama od kogace dojde sekoj stranec koga ce vidi kakava kultura sme sto imame da ponudime nikogas povejke nema da dojde
Напротив, се повеќе странци доаѓаат и за разлика од порано, сега има што да видат. Преку спомениците ни ја осознаваат нацијата и историјата што е битно бидејќи ние го имаме многу бараниот бренд Македонија. А се очекува уште повеќе туристи да доаѓаат, посебно затоа што се гради Коридорот 10 и ќе има додатни турустички капацитети:

http://www.setimes.com/cocoon/setimes/xhtml/mk/features/setimes/features/2011/09/29/feature-04

Нашата култура е далекусежна, почнувајќи од фолклорот па се до уметноста (затоа е добро што го покажаа Манчевски). Впрочем затоа и беше целава халабука околу спомениците, целата предавничка клика беше ангажирана да го плука проектот Скопје 2014. Пази, не зборам конструктивно да критикува, туку ангажирана да го разнебити. На околните држави и на нивните платеници во Македонија и тоа како им смета дека се осознаваме и дека јавно кажуваме кои сме. Тоа порано не можеше да се замисли, а не пак да се каже или да се реализира.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.161
Поени од реакции
25.664
а кога ќе прошета низ Македонија ќе остане запрепастен од сирмоаштијата на нашите граѓани, лошите патишта, прљавштината и набргу ќе заборави на убавиот центар на Скопје и останатите природни убавини на нашата земја.
Да де, ти кога одиш во странство негде тоа гледаш, не ти се битни знаменитостите. Всушност стварно, кога оди некој од Германија има полно слики објавувано на ФБ, сликан на сред автопат, на регионални патишта и доле полно коментари колку се добри. Во Њујорк сите се сликаат со сиромашните питачи, одат во наjсиромашните квартови. Во Лондон исто, не можеш да видиш турист низ центар, сите се во северен Лондон, таму гледаат колку е добар градот. Во Бугарија или Црна Гора никој не го гледа морето и убавите центри на градовите, туку одат кај канализациските води и во периферијата, да видат колку е чисто.

Стварно претеравте со овие глупи мрчења. Туристите ги интересирало сиромаштијата, нечистотија и лошите патишта. Fuck yea.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom