Што да ти кажам, од тоа што имам видено внатрешноста изгледа добро но кога ке ја доприш пластиката се осеќа таа ефтиноча, не ми се допаѓа и тоа што нема изолација под хауба, не ми се допаѓа багажот не тапациран, основен лим две прачки и боја, каналите не ми изгледаат добро, ефтина гума за дихтовање, кај стоп светлата не ни заприметив дали има гума?! Мислам дека вака сработен заден дел(багажникот) е доста ранлив на корозија после извесен период. Ми се допаѓаат предните седишта и тоа што се нежно заоблени, опцијата назад за ставање на детско седиште, контролите околу воланот се ок, менувачот е доста лесен и ветробранското стакло е одлично дава голема видливост.
Има мала потрошувачка, нуди добра удобна вожња(се возев околу час и половина), лесна е за одржување и не е скапа. За тие пари е одлична, ја земаш од салон палиш возиш, 5 години гаранција(не сум сигурен) мирна главата.
Би ги избегнал половните возила пазарот е преплавен со се и сешто, со стара кола сигурно ке имаш уште давачки. Да се работи за мој случај јас би одел на ново. Другите членови ти препорачаа да разгледаш и други возила што не е и лоша опција, да разлгедаш повеќе можности и накрај да одбериш тоа што ти прилега најмногу.
Ако имаш повисок буџет јас би препорачал некое возило од тојота или хонда.
Со Среќа во изборот и се најдобро.