- Член од
- 17 октомври 2011
- Мислења
- 13.989
- Поени од реакции
- 34.439
Видов дека неколкумина веќе дискутирале во темата Филмови, режисери, актери - генерална дискусија, но ова е CINEDAYS бре! CINEDAYS заслужува посебна тема! Судејќи според минатогошниот одличен фестивал и одличната програма, со нетрпение ја очекуваме овогодишната.
За сега е познат само периодот на дванаесеттото издание на овој филмски фестивал: 14 - 23 ноември 2013, познато е дека во програмата „Земја во фокус“ фокусот ќе биде ставен на кинематографиите од државите на африканскиот континент (сите понудени филмови ќе бидат копродукции со Европски држави) и дополнително: Еквадор.
Дополнително, што е доста интересно, оваа година фестивалот објавува конкурс за најдобра филмска критика. Сите (?) кои до 10ти ноември ќе се пријават, ќе добијат акредитации за фестивалот. Официјалниот сајт на фестивалот вели: „Конкурсот е од отворен карактер, добредојдени се сите кои би сакале да го прикажат својот неокриен потенцијал и талент за пишување во овој специфичен новинарски израз. Текстовите не би требало да се подолги од една односно повеќе од 70тина реда текст. Наградата за најдобрата филмска критика ќе изнесува 20.000 денари, а ќе ја додели тричлено жири. Конкурсот важи за филмовите во натпреварувачките програми на фестивалот, Официјалната селекција како и селекцијата Cine Balkan.
За пријавување, ве охрабруваме да испратите електронска порака на нашата e-mail адреса:
contact@cinedays.com.mk за што очекувајте скор одговор за вашето акредитирање.
Рокот за пријавување е 10. ноември.“
Едвај го чекам почетокот!
Сајт на фестивалот: http://cinedays.mk/mk