Chet Baker

Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.281


Chesney Henry “Chet” Baker, Jr (Декември 23, 1929 – Мај 13, 1988) е американски џез артист. „Кога го гледаш на сцената, тој е како Џејмс Дин, Синатра и Бикс Бидербек споени во едно“, ќе рече во една прилика познатиот џез критичар David Gelly.
Роден во мало место во Оклахома, потекнува од музичко семејство. Татко му свири гитара, а мајка му е талентиран пијанист. Чет Бејкер ја започнува својата музичка кариера пеејќи во локалниот црковен хор. Неговиот татко го запознава со музичките инструменти. Иако тој инсистира да свири на тромбон, сепак Чет ја одбира трубата, за која не е ни свесен дека ќе му стане заштитен знак во подоцнежните години од неговата кариера.
Музичкото образование го добива во средното музичко училиште Glendale Junior High School, кое го напушта на 16 години и се приклучува на Армијата на САД. Пратен е во Берлин каде се приклучува на Армискиот оркестар. Одлучува да ја напушти Армијата и се запишува на колеџот El Camino каде студира теорија и хармонија на музиката во Сан Франциско. Таму останува две години и повторно се враќа во Армијата. Во локалните џез клубови во Сан Франциско како Bob City и Black Hawk навлегува подлабоко во џез музиката.
1951 год свири со саксафонистот Vido Musso и неговиот бенд, случајно се запознава со Stan Getz, а истата година Charlie Parker го поканува да настапат заедно на неколку свирки во западниот брег на САД.
1952 год се приклучува на Gerry Mulligan квартетот и почнува да го гради своето место во музиката. Карактеристично за нивните настапи е баритон звукот на саксафонот на Mulligan и трубата на Чет Бејкер. Заедно со Mulligan, воведуваат поинакви мелодии во музиката, а тоа доведува до една фантастична преработка на My Funny Valentine, каде се забележува анскиозното и емотивно соло на Чет по кое станува препознатлив. Во 1956 Pacific Jazz го издаваат Chet Baker Sings албумот по кој станува препознатлив во џез музиката. Настапува со многу имиња како Russ Freeman, Carson Smith, Joe Mondragon, Shelly Manne, Larry Bunker. Ја добива првата музичка награда Downbeat. Добива понуда од Холивуд и првото актерско деби во има во Hell’s Horizon. Го комбинира свирењето и пеењето и станува икона на West Coast cool school of jazz.
Континураното користење на херион го доведува до пад во кариерата. Поминува една година во затвор во Италија, а протеран е од западна Германија и Англија поради поседување на дрога. Настапувајќи во еден од локалните клубови во Сан Франциско, во обид да купи дрога, влетува во тепачка во која едвај останува жив. 1968 год го снима филмот Let’s Get Lost кој претставува документарец за животот и делото на Чет.
Се сели во Њу Јорк каде се запознава со гитаристот Jim Hall и повторно се враќа на музиката. 1970 год се враќа во Европа. Се запознава со Diane Vavra, која се грижи за неговата кариера и му ги организира настапите. Од 1978 до 1988 музицира искличиво во Европа. Музичките критичари ќе напишат дека тоа се неговите најкреативни години во кариерата. Одржува неколку музички турнеи и настапува по клубовите низ Европа. 1983 год, Елвис Костело кој е голем фан на Чет го кани да ги свири трубите на неговата прва песна Shipbuilding.
Во 3 часот по полноќ на 13 мај 1988, Чет е пронајден мртов во близината на Zeedijk до хотелот Prins Hendrik во Амстердам. Во неговата соба се пронајдени големи количини на хероин и кокаин, а аутпосијата покажува дека истите се пронајдени и во неговото тело. Хотелот, собата во која завршува кариерата на човекот кој остава трага во џез музиката ја нарекува The Chet Baker Room, која денеска е музеј и едно од најпосетуваните места во Амстердам.

Неговото музичко влијание, начинот на кој свири и пее, маркантната појава, остануваат како инспирација за многу млади музичари кои во него гледаат свој идол. Чет успева со својата меланхолична појава, емотивните песни, вметнувањето на романтизам и самотијата во нив, да креира еден нов правец во џез музиката и да остави своја длабока трага.

Chet Baker Discography

 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Прв пат дознавам за човеков денеска преслушав некои песни и навистина ми се допадна. Верувам кога ќе цртам максимално ќе ме опушти неговата музика.

Јас веќе си пуштив едно албумче од него...

 

Kajgana Shop

На врв Bottom