Дортмунд ги "испровоцираа" на Баерн да се апгрејдираат на неколку нивоа погоре,отколку што беа во тој момент.Пред тоа Баерн никогаш не бил толку помоќен од сите аспекти на водење на клубот.Сега со големите финансиски договори што ги направија,Баерн е навистина гигант во споредба со другите.На клучните позиции,клубот има поставено апсолутно паметни луѓе,кои го направија Баерн да изгледа вака моќен и во светски рамки.Секоја година топ 3 во ЛШ,тоа значи дека не се криви бундеслигашките екипи,едноставно Баерн прерасна во многу голем клуб.
Носењето на Гвардиола самото по себе кажува.Не може секој клуб да си го дозволи тоа.
Ули Хенес најави уште пред многу години,дека Баерн кога ќе го исплати кредитот за стадионот,ќе биде голем играч во светскиот фудбал.Тоа се случи и пред да се исплати.Оваа година го исплатија кредиот и тоа 6 години пред предвиденото.Сега доминацијата може да расте побргу од предвиденото.
Знам дека ви беше интересно порано кога Џеко,Графите,Озил и слични имиња правеа дар мар,а Баерн никогаш не беа константни како екипа,но долгодишното добро работење се исплати на крајот.Форсирање на клубски легенди да работат во тимот,кои се посветени до максимум и то је то.
Баерн освен во Ла Лига каде што би имало голема борба за насловот,во другите би освоиле без никаков проблем.Освен ако не се подобрат англичаните,ама сериозно заостануваат последниве години.
А инаку и самиот знаеш дека Бундеслигата имаат најмали приходи од ТВ договорите,па пак се држат многу добро и тоа е за респект,мораш и тоа да го земеш во предвид.Бундес екипите да имаат приход како англиските екипи ќе доминираат нон стоп.А што се подобри тие ? Богами ништо посебно не се моментално,а со години убризгаваат големи суми на пари во нивните буџети.Знаеш дека федерацијата не дозволува екипите да бидат купени од богати корпорации,шеици,нафташи итн, т.е правилото 50+1 каде навивачите го имаат мнозинскиот пакет.Ако дозволат некогаш тоа,екипите ќе можат да се појачаат од секој аспект.Лајпциг од наредна сезона може да направи некој проблем од таа гледна точка.Сигурен сум дека ќе влезат во прва лига.
Кога ќе видиш дека ниедна екипа нема проблем со долгови(освен Шалке,иако можда сега го исчистија тој проблем),тоа е за пофалба.Можат и помалите екипи да вложат некоја пара,ама ако немаат успех во таа сезона,ќе треба да го распродадат цел тим или да пропаднат.