Boston

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.063
Поени од реакции
57.314
ertwert.png
Потекло: Бостон, Масачусетс, САД
Жанр: Рок, хард рок, софт рок
Активен период: 1976 година - денес
Издавачи: Epic, MCA, Artemis, Frontiers
Соработници: Cosmo, Orion the Hunter, Return to Zero, Stryper
Членови: Том Шолц, Гери Пил, Карли Смит, Кимберли Дам, Џеф Нил, Томи ДеKарло, Дејвид Виктор, Трејси Фери
Поранешни членови: Бред Делп, Џим Масдеа, Френ Шинан, Сиб Хашијан, Бери Гудроу, Дејвид Сајкс, Дауг Хуфман, Фран Космо, Ентони Кoсмо, Ентони Ситринит, Мајкл Свит

Во 1976 во градот Бостон е формиран истоимениот рок музички состав, кој набрзо по формирањето стекнал огромна популарност кај публиката. Големо влијание при оформувањето на бендот и нивниот музички стил и правец имале добро познатите Битлси, велат членовите на бендот.

Славата ја стекнале со уште првиот издаден албум, насловен како и самиот бенд, кој продаден во над 17 милиони примероци е вториот најпродаван деби албум во историјата на музиката.
Песните од овој албум се дело на гитаристот Том Шолц, кој ги има напишано уште пред да биде формиран бендот.
Од овој албум излегоа добро познатите рок нумери "Smokin'", "Peace of Mind", "Rock and Roll Band" и особено "More Than a Feeling" каде што многу добро се забележува широкиот вокален дијапазон на пејачот Бред Делп.
По издавањето на албумот, Бостон тргнале на турнеја низ САД, каде што настапувале како предгрупи на веќе докажаните Блек Сабат, Блу Ојстер Калт, Фогат...

Во 1978 година Бостон го издава својот втор албум, насловен како "Don't Look Back" но не забележале таков комерцијален успех каков што забележале со првиот албум. Членовите на бендот не биле задоволни од успехот кој го постигнал овој албум, но сепак сигнловите од албумот постигнале солиден пласман на топ листите низ светот.

Следуваат недоразбирања со продуцентската куќа околу авторските права, па затоа членовите на бендот си започнуваат соло кариери. Како такви немале некој голем успех, па во средината на 80тите повторно се составуваат и го издаваат нивниот трет албум "Third stage", а насловната нумера "Amanda" ги задржала две седмици на врвот на Топ листите.

Во текот на 90тите го издаваат и четвртиот студиски албум насловен како "Walk on", како и компилацијата "Boston: Greatest hits"

Петиот албум "Corporate America" го издаваат во 2002 година, но ни тој не забележал некој значителен успех. Во првата седмица биле продадени 32 000 копии од албумот, а до 2013 година во САД се продадени само 139 000 копии.

Во 2007 година пејачот и фронтменот на Бостон, Бред Делп во неговиот дом во Њу Хемпшир извршил самоубиство. Оваа вест ги непријатно ги изненадила членовите на бендот, бидејќи Делп важел за тивок човек со пријатен карактер и самоубиството не било навестено со ниедна негова постапка.
И покрај овој непријатен настан, бендот продолжил со работа, па во 2013 го издаваат и шестиот албум "Live, Love & Hope", во кој се наоѓаат и неколку песни претходно испеани од Бред Делп

Бостон биле и номинирани за Греми наградата во категоријата „Најдобар нов музички артист“ во 1977 година, но не успеале да ја освојат.

Интересни се и омотите од нивните албуми, кои прикажуваат вселенски бродови во кои е сместен градот Бостон.

Дискографија:
Boston (1976)
Don't Look Back (1978)
Third Stage (1986)
Walk On (1994)
Corporate America (2002)
Life, Love & Hope (2013)
 

Down

Boozer
Член од
4 мај 2012
Мислења
3.248
Поени од реакции
5.212
Boston, или бендот од кој Курт Кобејн го украл рифот за Smells like teen spirit :icon_lol:
 

4NHK0

Јас сум ти батка у суштина многу флексибилен шизик
Член од
9 април 2014
Мислења
1.153
Поени од реакции
846
Само првиот албум му е добар, од другите сум разочаран, после како електрични свадбарски тапани и глупави shining аниме ефекти.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom