A1 TV кабелска телевизија (Blizoo/Cabletel/Vip TV) - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Креатор на темата Xak
  • Време на започнување Време на започнување
Ти беше лично и така ти рекоја? Ај утре ќе појдам и ќе прашам и јас, дали има кохерентност во информациите. :D
И прашај го зошто нема на македонски превод ? А само некои српски и албански а некогш воопшто нема превод ? Мислам на дискавери канали .

Sent from my iPhone 5s using Tapatalk
 
Што ви бодат очи толку бугарските телевизии? Ај малце оладете со хејт. Има луѓе што сакаат и нив да ги гледаат. Сечии желби треба да бидат задоволени
 
Што ви бодат очи толку бугарските телевизии? Ај малце оладете со хејт. Има луѓе што сакаат и нив да ги гледаат. Сечии желби треба да бидат задоволени
Ах, хејтери насекаде... [emoji1] [emoji14]os:
 
Што ви бодат очи толку бугарските телевизии? Ај малце оладете со хејт. Има луѓе што сакаат и нив да ги гледаат. Сечии желби треба да бидат задоволени
Не е работава за сечии желби туку услугите се мизерни на пример некои канали нема МК превод ,некои само српски или албански ,а бе се е измешано брукии :)

Sent from my iPhone 5s using Tapatalk
 
Што ви бодат очи толку бугарските телевизии? Ај малце оладете со хејт. Има луѓе што сакаат и нив да ги гледаат. Сечии желби треба да бидат задоволени
Точно, дома се загледаа еден турски глуп квиз (ако можи квиз да се наречи) и чиниш ќе прозборат на турски. А до некни гледавме документарци, спорт, серии, информативни канали, тек-тук некое филмче. Како се сечии желби задоволени? Освен ако сметаш дека сите сакаме да гледаме бугарски и турски продукциски срања. Ем што ни направија културна асимилација, па уште и гнојот ни го продаваат, барем да ни го напикаа со квалитет.
 
И прашај го зошто нема на македонски превод ? А само некои српски и албански а некогш воопшто нема превод ? Мислам на дискавери канали .

Sent from my iPhone 5s using Tapatalk
Тоа што на некои емисии на Discovery (или било кој канал) не се преведени на македонски не е до операторот! До самиот канал е. Но нешто што ме нервира е тоа што на српски или рамковен може се` да биде преведено, а на македонски не. Мислам дека треба операторите и те како да притиснат по каналиве.

Точно, дома се загледаа еден турски глуп квиз (ако можи квиз да се наречи) и чиниш ќе прозборат на турски. А до некни гледавме документарци, спорт, серии, информативни канали, тек-тук некое филмче. Како се сечии желби задоволени? Освен ако сметаш дека сите сакаме да гледаме бугарски и турски продукциски срања. Ем што ни направија културна асимилација, па уште и гнојот ни го продаваат, барем да ни го напикаа со квалитет.
Целосно се согласувам!
 
Што ви бодат очи толку бугарските телевизии? Ај малце оладете со хејт. Има луѓе што сакаат и нив да ги гледаат. Сечии желби треба да бидат задоволени

Сакав да ти реплицирам, но @Божино ме претекна со неговите коментари во пост #2446, кои го отсликуваат и моето лично мислење од А до Ш.

Ова е неодговорен и несериозен начин на пополнување на празнината која ја оставија National Geographic и FOX Life.

Не може музички канали да заменат канали со колажни, документарни, едукативни и забавни содржини.

Не е прашање на хејтање, туку е прашање на нејќење.

Јас ги нејќам бугарските ТВ канали и верувам дека повеќето членови на форумов, барем од тие кои редовно реплицираат на оваа тема, не се ама баш никакви љубители на бугарските ТВ канали.

А ги мразам, или подобро кажано, ги презирам, турските и индиските идиотизми, исто како и документарните филмови и владините реклами платени со народни пари.
 
Последно уредено:
За турските и индиски идиотизми најмалце треба да се хејтаат операторите туку нашиве никакви телевизии кои немаат престава како да прават емисии па за кило семки купуваат никакви серии. За документарни има документарни, за филмови реално ретко гледам на тв си спуштам од торент и си гледам преку USB на ТВ или PC зависи. Но новите филмови ниту еден нема македонски превод, па и постарите и во тој случај сите или без превод гледаме или со српски или хрватски. Незнам зошто во тој случај не ни смета. Така да мене ми семта само спортските канали што ги нема поради кој наискрено ја зедов телевизијата претходно само интернет имав земено уште cabelnet додека беа. Значи на близу според мене им фалат спорски канали и за филмови. За филмови реално за квалитетна телевизија треба да се доплати и реално сите што кукаат дека им фали ХБО се кладам дека не би доплатиле. Тие што си имаат подлабок џеб си земаат т=хоме каде се доста поскапи.

Еве мене договорот ми истекува во февруар и ми нудат за 1099 екстра пакетот (третиот кој го имам и сега) со плус гратис втор ресивер или СА модул, само интернетот ќе ми биде намален на 15 Mb. Е ај што би ми препорачале за тие пари подобро....?
 
Дај во Албанија нека направат преводи за FOX Life за да може да се прикажува и кај нас. До тоа дереџе стигнавме...Не знам, ни Спортклуб ако ги вратат дали ќе продолжам кај нив. Вака без нив само пикадо и снукер има од спортовиве...
 
Ќе видиме сега што ке биде со Боом зошто им истекува на 31 овој месец СК каналите , ако и овие имаат проблем со СК дефинитивно бараат повеке пари.

Јас дознав вработен во Близоо дека се водат преговори али СК бара повеке пари за каналите, ако не се договорат може да се оди на одвоен пакет ама поскапа претплата за СК каналите.
 
Мајка ми денеска беше да плаќа, па нормално во салонот било гунгула сите се карале за каналиве и ми пренесе дека слушнала дека најавиле пуштање од понеделник. Сега колку е за верување ова, ќе видиме.
 
Јас бев пред некој ден до салонот кај нив да платам сметка, и нормално одма почнаа да ме прашуваат како сум бил задоволен од нивните услуги и дали имало некој проблеми... и кога ги прашав што е со спортските канали, рекоа дека и тие незнаеле ништо и дека најверојатно од 1 наредниов месец ќе бидат повторно пуштени.. колку може да се верува на ова ќе дознаеме за 2 недели некаде.
 
Ти беше лично и така ти рекоја? Ај утре ќе појдам и ќе прашам и јас, дали има кохерентност во информациите. :D
Да, троа каснам со одговоров. Ма да, веќе и знаевме дека ако има нешто новини ќе дознаеме на 1ви, така да и не е нешто посебно информацијата.

Мене чудно ми е зошто никој не го спомнува MTV Live HD, само јас ли го гледав каналот?
 
Па СК зема поголем замав, веројатно поради тоа. [emoji1]
 
Дa се надоврзам на претходниот пост: Па ете MTV Live HD ќе ја заменат со Planeta HD? Planeta е поатрактивна, нели? [emoji14]os:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom