BITCOINS - Биткоини, алтернативни пари/монети и сл.

Член од
4 февруари 2013
Мислења
738
Поени од реакции
551
Гледам нема тема а оваа бранша у моментов е многу актуелна, па да ја споделиме со другите.

Првенствено планирам да ја отворам темава за да ги запознаам лугето со овој бизнис а понатаму за дискусии и споделување искуства, минери, конфигурации, најпрофитабилни пулови и сл.

Не сум многу долго во овај бизнис мегутоа можам да кажам дека доколку имате пари кој што ви стојат на страна можете да ги вложите со хардвер и со малку мозок и опрема да си ги вратите вложените пари во првите 4 месеца а после тоа да правите солидна заработка.

Јас еве на пр, вложив пред 2 месеца некој 2000 евра и со тоа добив 6 x R9 280X картички, GA-990FXA-UD5 матична (може и по ефтина и по слаба мегутоа гледајте да има што повеке слотови за графички) 2 напајања и тоа едно кулер мастер реално 800 W и уште едно кулермастер 500 W и трето хантол кое што е тапа не видена.Исто така купив 6 реисер каблиња и винкли за да ја направам рамката на ригот. И од кога тоа сето го купив и склопив почнав да копам. Првиот месец беше супер, имаше коини кој што се правеше и по 12 долара на ден по картица, значи некој 70 долара у ден со целиот риг. Денеска вредноста е падната мегутоа се уште се исплати. Со мојов риг правам некој 700-800 долари чисти на месец (нормално од кога ке платам струја, интернет и сл) така да 700 долари за седење и мониторирање на ригот еднаш/два пати у денот е сосема солидно.

И у продолжеток да споделам инфо, копам на https://cex.io/ у моментов, и тоа копам лајт коини бидејки даваат дупло од нивната вредност. Така да ако на било кој друг пул копам со моиве картици нешто повекје од 1 лајт коин, тука копам 2 и повеке....

п.с. заборавив дека имам уште едно напојуванје и тоа антек од 650 W, заборавив на тоа да пишам бидејки не го купив туку го фатив гага. :)
 
Член од
4 февруари 2013
Мислења
738
Поени од реакции
551
П.с. не знам дали на ова му е место у овој форум бидејки е тесно поврзано и со ИТ така да доколку мислите дека е по блиску и паметно да стои со ИТ делот слободно префрлете го.
 
Член од
19 јуни 2012
Мислења
404
Поени од реакции
417
Не сум многу упатен кон ова-но ме интересира. Сакам да прашам, дали е ова легално ? На кој начин ги правиш тие пари, со купување па после продавање на бит-коини ? Колку е ова сигурно ? На кој сметка ти идат парите и дали можеш да ги земаш во кеш, или мора да купуваш од e-bay ? И колку е тешко/лесно за едена почетник,аматер да се зафати со ова, а воедно и колку просечно ќе има заработувачка ?

Фала ти многу ...
 
Член од
4 февруари 2013
Мислења
738
Поени од реакции
551
Многу е просто. Парите е најлесно да ги земеш. Најпросто кажано тоа што го копаш го менуваш на https://www.cryptsy.com/ во биткоини, а после тие бит коини ги менуваш во кеш на https://www.virwox.com/?stage=1 а има и еден куп други... И на крај тие пари ги повлекуваш на skrill/moneybookers, paypal или payoneer.

За да почнеш е најтешко да најдеш соодветни картици кој што ке ти копаат бидејки кај нас ги нема скоро, али ај да не те обесхрабрам, може да се најдат ако се заангажираш. Просто кажано, купуваш хардвер, значи матична со доволен број на слотови за графички карти, најпрепорачани и најиплатливи во моментов картици за копање се sapphire r9 280x (околу 18 000 денари една) и/или r9 290/x (мислам дека се околу 500 евра) али у секој случај јас би зел 280-ки. Али пази, да се 280X а не само 280 бидејки се многу послаби, да си знаеш да не пробаат да ти подметнат. Некој нај ефтин процесор за таа матична и 2-4 ГБ РАМ. Добро напојуванје, во зависност колку картици ке имаш, бидејки една од нив троши 240 W само картицата и некој 50-60 W слотот на матичната каде што ти е уклучена картицата. И грубо кажано колку да добиеш престава тоа е тоа. Па сеа ти што ке се решиш ке направиме понатаму детални пресметки и конфигурација.

Месечно во моментов ке заработуваш околку 120-130 долара на ден по картица, прошлиот месец се заработуваше дупло.... за наредниот не се знае.... мегутоа гледај на тоа овака.... имаш 500 евра, ти стојат у банка, земаш за нив колку.... 5 евра месечно камата..... а ако ги вложиш тука ке земеш многу повеке (значи 20 пати повеке).... е сега има мал ризик. Али да ти кажам реално, ризикот е во тоа за колку време ке ја извадиш вложената инвестиција. Парите не можеш да ги загубиш што си ги инвестирал во никој случај.

Струја месечно една картица троши некој 800-900 денари.
 
Член од
25 ноември 2013
Мислења
1.634
Поени од реакции
1.489
Мислам дека насловот ти е малку утнат,ова е уствари за заработка на нет која се плаќа у биткоини,и ова би требало ваљда да иде у тема заработка преку интернет.друга работа е што цената на биткоините не е стабилна ко цена на евро така да малку е ризично.исто друг проблем е што треба да инвестираш 2000евра а немаш појма дал ќе заработиш после 4 месеци 5 евра :D.
 

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Биткоинт е екстремно нестабилен во цената за последните месеци отиде од 100 долари на 1200 па падне на 400 долари. Овој бизнис е поприлично ризичен. Ако цената на биткоин падне под производствените троши остануваш со имот кој многу брзо губи вредност а и не е премногу корисен. Хардвер е еден од имотите на кој цената многу брзо му се намалува.
Знам за ова окулу година - две. Ама ми изгледа премногу нестабилно и непредвидливо. Инаку во ред е и темата да е тука.
 
Член од
2 октомври 2009
Мислења
958
Поени од реакции
238
a kako kopas?? treba da ti e uklucen kompjuterot celo vreme?? treba da gi imas tie graficki karticki ili moze so drugi????
 
Член од
4 мај 2012
Мислења
671
Поени од реакции
522
Дај бе малце посуштинско објаснување. Ти објасни како да почнеме со целата работа. Ама мене ме интересираат што функција всушност вршат картиците(Немој само да ми кажеш дека копаат коини). Зашто јас добивам пари за тие картици. ГИ изнајмувам на некој начин некому?! Која е нивната практична употреба?
 

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
a kako kopas?? treba da ti e uklucen kompjuterot celo vreme?? treba da gi imas tie graficki karticki ili moze so drugi????
Копање е решавање на некои алгоритми кој генерираат биткоинти. Се користат процесори на графичка и компјутерот треба да е постојано вклучен и да троши струја. Технички работи ќе каже гт90. Од економски аспект во основа е шпекулативна стока иако ја промовираат како виртуелна валута.
 
Член од
2 октомври 2009
Мислења
958
Поени од реакции
238
mORA LI DA GI IMAS TIE KARTICI ILI MOZE I SO DRUGI?
 
А

Антоние

Гостин
Единствената "вредност" на биткоин е во тоа што луѓето го имаат замислено дека е некаква валута на иднината и го пумпаат. Во реалноста единствената цел на биткоин е да пере пари и да ги префрла од една земја во друга без плаќање данок.

А со оглед на тоа дека владата на САД веќе поседува половина од вкупното количество на биткоини, сум сигурен дека и дозволуваат на валутата да постои само за да им олесни во следењето и шпионирањето на луѓе.

Не би ме изненадило ако откако федералната банка на САД го добие тоа што го сака, воведе легислација да ја направи криптовалутата илегална. Исто како забраната во Кина, или ајде да го пофалиме Богов, и кај нас.
http://www.kapital.mk/MK/makedonija/97639/bogov__trguvanjeto_so_bitkoini_vo_makedonija_e_nezakonsko.aspx

И за крај, од економска гледна точка, да си ги инвестираш парите во чиста шпекулација како биткоин треба да си мрднат.
 
S

StormRage

Гостин
Одамна го глеам биткоинот, знам како работи и дури сум копал биткоини... само шо тогаш беа околу 100 долари и купувавме дрога од silkroad (well... Немаше што да им правиме друго :D )
Сеа silkroad се затвори, движечкиот пазар на биткоинот, најголемиот отиде со Silkroad, а FBI се збогати. Излегоа многу квази биткоин криптовалути кои не просперираат, кај и да е и биткоинот ќе падне.
Кога би отишол да копам биткоини би го работел на многу полош начин, не би инвестирал во „копачи“ или цели станици за тоа, туку би барал дупки по страни каде што можеш да се пикнеш на сервер и да си инсталираш miner. Значи многу паметни луѓе тоа го правеа, немаш никаков трошок, имаш моќна машина, неколку сервери ти се чист профит, а имаш само изгубено време, после само ти се полни акаунтот.
just sayin, не би инвестирал.
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
Единствената "вредност" на биткоин е во тоа што луѓето го имаат замислено дека е некаква валута на иднината и го пумпаат. Во реалноста единствената цел на биткоин е да пере пари и да ги префрла од една земја во друга без плаќање данок.

А со оглед на тоа дека владата на САД веќе поседува половина од вкупното количество на биткоини, сум сигурен дека и дозволуваат на валутата да постои само за да им олесни во следењето и шпионирањето на луѓе.

Не би ме изненадило ако откако федералната банка на САД го добие тоа што го сака, воведе легислација да ја направи криптовалутата илегална. Исто како забраната во Кина, или ајде да го пофалиме Богов, и кај нас.
http://www.kapital.mk/MK/makedonija/97639/bogov__trguvanjeto_so_bitkoini_vo_makedonija_e_nezakonsko.aspx

И за крај, од економска гледна точка, да си ги инвестираш парите во чиста шпекулација како биткоин треба да си мрднат.
Може да се каже дека му помина возот на биткоинот. Ако си бил доволно луд пред 2-3 години да инвестираш во него сега ќе беше милионер со минимална инвестиција. За тие што не знаат тогаш се продавале многу биткоини за смешни цени од некои 5 долари, а денес до 1200 долари стигна и сега ми се чини падна на 400 заради некои проблеми.

Инаку да ова е high risk/high return инвестиција така да освен ако имаш пари што нема да жалиш ако ги изгубиш е добра опција.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
И за крај, од економска гледна точка, да си ги инвестираш парите во чиста шпекулација како биткоин треба да си мрднат.
Да да, еве мрднати се 10-на што ги знам, вклучувајќи ме и мене, што веќе 5-6 месеци ги имаат извадено парите што ги вложиле, а картите кои ги купија сега им се гратис. Наместо да изигравате папагали, и да се расфрлате со изјави кои сте ги прочитале од рандом про владини веб страни и економисти, не е лошо да имате искуство од прва рака па после да зборите.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom