Секоја чест за Лестер. Го достигнаа невозможното и тоа ќе биде лекција за секој клуб дека може да направи нешто повеќе од предвиденото.
Околу изјавите од експертите по назначувањето на Раниери, не верувам дека постои некој поединец кој им предвиде повисока позиција од борбата за опстанок со оглед на тоа што Пирсон играше добар фудбал и ги имаше играчите во негови раце па направи подвиг со спасувањето минатата сезона. Неговиот отказ логично е да се перцпира во тоа време како чекор назад со оглед што соблекувалната стоеше зад него, играше атрактивен фудбал, а назначувњето на Раниери кој имаше фијаско со Грција искрено не даваше надеж кај никого, па дури и кај најдобрите фудбалски експерти. Сега е најлесно да се вадат цитати и мислења, но да сме реални и ние тука лани по назначувањето на Раниери немавме различно мислење.
Сепак, Раниери јако не демантира и ни покажа дека не постои невозможна мисија во една лига. Следната сезона ќе им биде потешка од оваа, ќе го почувствуаат притисокот на нивните плеќи многу повеќе.
И да, жално е за Тотенхем, во сезона да завршиш над Јунајтед, Сити, Челзи, Арсенал и Ливерпул, а да не ја освоиш лигата. Сепак чудото на Лестер направи да не ми биде криво што по толку добра сезона Тотенхем не успеа да биде шампион.