Aлбански енциклопедиски речник

Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
За албанските Грци македонските случувања повторно поттик за нивна реакција

Случувањата во Македонија, односно лавината реакции кои следуваа од македонските Албанци, но и од албанскиот државен врв, академици, историчари и политичари, во врска со македонската енциклопедија, ги поттикна на реакција албанските Грци. Нивните претставници остро реагираа во врска со албанскиот енциклопедиски речник, издаден пред неколку месеци, кого го сметаат за навредлив за нив, посебно во првиот дел каде стоело дека малцинствата во Албанија не се автохтони. Грчкото здружение „Афирматори на нашиот идентитет“ ја обвинува академијата на науките на Албанија за дискриминаторски и деградирачки однос кон грчкото малцинство, неговата историја, култура и придонесот за општеството и за албанската држава. Според претседателот на здружението Панајот Барка, пратеник на партијата на грчкото малцинство во првиот плуралистички парламент, Грците според овој документ се прикажува како дојденци а не како автохтони кои со векови живееле тука на нивните простори.

Без да сакаме да бидеме интерпретатори на ставот на официјална Атина за историските и актуелни односи кои во овој речник се воспоставуваат меѓу Албанија и Грција, од географски, демографски, културен, политички па и етнички аспект, најостро реагираме во врска со овој дискриминирачки и понижувачки став кон етничките Грци во Албанија, во однос на нивното потеклото, културата и идентитет внатре во албанската држава, изјавил барка.

Остри реакции има и од здружението „Омонија“, како и познати историчари од грчко потекло.

Инаку, албанските Грци лани побараа да бидат државотворен народ а грчкиот втор службен јазик во Албанија, како што самите потенцираа, по примерот на албанското малцинство во Македонија.

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=103&eventId=53977

:tv:
 
Член од
22 февруари 2009
Мислења
746
Поени од реакции
35
Во 1998 Албанската академија ја издаде „Платформата за решавање на албанското национално прашање“. Со отворен национализам и претензии кон Македонија и кон соседите. Овде, тоа помина со кратка вест во медиумите. Никому овде не му падна на памет на Албанската академија да и' нуди „помош“ во подобрувањето на изданието, а не дај Боже да повикува на палење на албанското знаме и „објавување војна“

Морам да си признаам, колумнава ја пишувам многу лично, субјективно и со горчина. Напросто, желудникот така ми лачи читајќи ги со недели сеопштите повици, божем критики и опсервации на Енциклопедијата и на Академијата, а всушност повици тие да демисионираат, да се покаат за злосторството, да се егзекутираат. Кој се' не учествува во кампањата. Внатрешни и надворешни добронамерници и трагачи по вистината. Опозицијата во Собранието, амбасади, етнички блокови, политички партии, партиски поентери, медиумски коментатори без теми и поенти, афераши и скандализери, папараци и кодоши. Ми се активира гастритисот чисто на психичка основа, си велам - толку многу реакции, тешка артилерија, мачни зборови, закани со консеквенци, предлози за разрешувања, смени, обвинителни предлози, линч-тапани.

Од Vivat Academia, наеднаш станува Delenda est Academia, како што Катон во римскиот Сенат повикувал да се урне Картагина. „Наспроти се' и секојпат“, велел Катон, „Картагина треба да се разурне“. Симболично е и тоа што речиси едновремено Римјаните ја уништиле Картагина во римско-пунските војни и ја уништиле Македонската Империја во римско-македонските војни. Но, за тоа воопшто не ми се активира чирот. Поентата беше во уривањето на Академијата. Бидејќи редакторот и авторите се Енциклопедијата, а Енциклопедијата е Академијата, а Академијата е нацијата и државата, а колку толку и власта: ако се урне едното - ќе се урне и се' друго. Тоа е лоша логика, меѓутоа, рака на срце - ние сме си ја изградиле. Едно време, во раните деведесетти, така се резонираше: Нема нација и држава без „кока-кола“, без „Мекдоналдс“, без клуб „Лајонс“, без картички „виза“ итн. Сега: ако падне редакторот и понекој автор, паѓа Енциклопедијата, паѓа Академијата, паѓа нацијата, а во крајна линија и државата. И околу тоа, се врти сета критика на Енциклопедијата. Не се врти околу вистината, фактите, аргументите.

Впрочем, како критиката на Енциклопедијата да се врти околу факти и вистини и аргументи, кога „критичарите“ и „реагенсите“ не ја имале ниту в рака? Досега, наводно биле отпечатени 50-ина примероци од кои на промоцијата - продадени 18, а самите академици не ја добиле. А, критиките се однесуваат на 1 отсто од објавениот текст. Па сепак - Енциклопедијата доби речиси европска популарност. И нанесе, се разбира, и европска штета. Лично, не сум ја ни видел, ни читал, ниту сум во некаков тим или редакција, ниту пак имам каква и да е желба за во Академијата. Но, има некои така индикативни факти. Првиот е - политичкото реагирање на едно стручно издание. Тешка политичка артилерија се користи чисто за политички поени и пресметки. Што со изданието пак немаат никаква врска. Претседателот и премиерот молчеле, а биле соодговорни и не можеле да се амнестираат? Морале да се искажат, оградат, да ја осудат Академијата, Енциклопедијата. Сосема исто како во стариот режим кога од неподобни изданија се оградуваа и ги осудуваа различни „цеки“, „меки“ итн. Повик на политичка цензура и егзекуции.

Дипломатските претставништва? Ја имам енциклопедија Британика од 1994, во која за Македонија има барем пет неточности. Замислете сега македонскиот амбасадор во Лондон да излезел на Би-би-си и да дал изјава против енциклопедија Британика? Чисто смешно и овде никому не му паднало на памет за такви работи. А, замислете пак британската јавност да реагира зошто во Енциклопедијата, на Харолд Вилсон му се посветени 100 реда, а на Едвард Хит само 50 реда? Странскиот фактор? Во 1998 , Албанската академија ја издаде „Платформата за решавање на албанското национално прашање“ (издавач-Шкенца, Тирана). Со отворен национализам и претензии кон Македонија и кон соседите. Овде, тоа помина со кратка вест во медиумите. Никому овде не му падна на памет на Албанската академија да и' нуди „помош“ во подобрувањето на изданието, а не дај Боже да повикува на палење на албанското знаме и „објавување војна“. Лично, можев да реагирам со некоја колумна, но си реков - нека се дават во своите сопствени лај... Иста работа со Бугарите. Во 1997 во Софија се издаде првата „част“ на Бугарската национална доктрина. Годинава нивната академија го објави и фамозниот памфлет - „Бугарската политика спрема Република Македонија“. Егземпларен национализам, великобугарштина и повик за интервенција и притисоци врз Македонија. Овде пак, никој не се сети дека треба да реагира. Но и не требаше. Ама со нашиве соседи, се' е можно, ништо не треба да не' изненади.

Албанскиот фактор во Македонија е многу навреден, резигниран и дури револтиран? Поради таквата доза на навреденост, резигнација и револт - во прашање е излегување од Академијата, од коалицијата, од соживотот. И наместо стручна критика и аргументи - барања за разрешувања (?), оградувања, укинувања, извинувања, барања за нови концесии. Status ante bellum. Ма немојте. И што ако сето тоа не бидне? Објавување војна? Status bellum?

А македонскиот „фактор“ во Македонија? Крајно изненаден од појавата на Енциклопедијата и од тоа што се', во негово име, било или не било објавено. Како некој и нешто да им паднало од планетата Марс. Наводно, авторите не биле доволно стручни, квалификувани, совесни. А самите критичари се наводно, многу стручни, квалификувани и совесни, ама по игра на случајот останале надвор од кругот на поканети автори и од таа причина во Енциклопедијата се појавиле многу глупости. И суетата сега, или пак „високата стручност“ на критичкиот потенс на нацијата ќе услови критика на секоја запирка во Енциклопедијата. Дел од критичарите пак, сметале дека нивното место во историјата на нацијата и државата е многу повисоко од она што им е дадено во текстовите, а бидејќи не испаднало токму така - удри по Енциклопедијата.

Академиците, пак, сиромави, ниту не ја прочитале публикацијата. И ним им паднала од Марс. А одговараат за неа. Може вистина да се случи да ги укинат. Сосе тие од микробиологија, нуклеарна енергија, физичка хемија и скулптура. Изгледа дека сепак со Енциклопедијата се направени два големи пропуста. Првиот е неизграденото јавно сознание и најава дека една енциклопедија, особено првата - се породува и раѓа, па има детски болести и заушки и сипаници, па зрее, па дозрева, се поправа, преиздава, допишува, се ажурира, објективизира. Вториот е во тоа што кога сиот материјал бил подготвен, а пред да се отпечати - Академијата или редакцијата не објавиле повик за јавноста и за заинтересираните да го видат материјалот на располагање во Академијата и однапред да реагираат, да дадат сугестии, забелешки итн. Нив пак, авторите и редакторите бездруго би ги прифатиле. Но, тоа е приказната за малиот Ѓоко - како се прави енциклопедија. Наспроти се' - добро е што се објави. Барем дознаваме колку е часот, а и се запознаваме самите себе. Нема безгрешници и бесмртници. Не дај Боже пак Delenda est Academia. Ако нема академија, нема ниту наука. А, до вистината доаѓа науката, не политиката, нацијата, етникумите, дипломатијата, медиумите.
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
А нашиот Темелко го нема да се јави, нашето малцинство автохтоно ли е во „демократската“ Р. Албанија ?
 
Член од
11 април 2007
Мислења
1.677
Поени од реакции
25
Ама само кога Македонците ќе направат вакво нешто, само во тој случај следи осуда од све живо на овој свет, вклучувајќи ги и вонземјаните.

Другите кога правта вакви работи тоа е дозволено. Македонецот не треба да прави ништо што прават другите околу него, затоа они се вклучени во ЕУ и Нато и ги делат европските ,,вреднисти,, а Макеонецто...па тој е националист.
 
H

HITCH

Гостин


:vozbud::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2: колку само ми ги зедоа зборовите од уста
:back:
 
Член од
13 јули 2009
Мислења
902
Поени од реакции
123
некој некаде праша која е разликата помеѓу Албанец и „Ш“ ...
заклучете од видеово :toe:
A ako sakas da znaes , toj voopsto nee Albanec tuku Albanski - Makedonec , drugo , videoto se glea deka e manipulirano , se skrateni interjvjuta i plus se prikazuvaat dva pati istite :pos2::pos2:
 
?

..........

Гостин
Ама го исфиросаа тачи :vozbud:
Има разлика exlexmk има и тоа од тука до андромеда :helou:
 
E

emission

Гостин
Овие му одржаа ептен поучна лекција на Тачи.

„Да не можеш да се идентификуваш со името на земјата во која живееш е голем културен недостаток“ :tv:
 

Silber

Peace/Salaam
Член од
31 март 2009
Мислења
500
Поени од реакции
15
Ili dajte celoto video kako odgovoril thaci.
Bez da se skrati.
Tie se stari trikovi.

Ili ke odgovaram jas !!!!
 
Член од
13 јули 2009
Мислења
902
Поени од реакции
123

Alo 192

имам симпатија
Член од
7 октомври 2008
Мислења
353
Поени од реакции
11
Алал да ги е на Макс Вело и Фатос Лубоња
 

Kajgana Shop

На врв Bottom