49 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
6 септември 2007
Мислења
1.360
Поени од реакции
2.175
Трагедијата со детето од улицата Орце Николов


Од улиците која најмногу настрада во скопскиот земјотрес е и улицата Орце Николов. Во една од настраданите куќи се случи трагедија на која беа сведоци многубројни скопјани, кои заедно со војската се обидуваа да му помогнат на затрупаното семејство.

По првите силни удари, под урнатините на куќата останало трочленото семејство: таткото, мајката и седумгодишниот син. Поради поместување на почвата, се нашле изолирани меѓусебно. По стивнувањето на ударите и бучавата, започнале да бараат помош секој посебно. Така дознале еден за друг дека се живи, дека се во непосредна близина, но разделени со урнатините. Таткото упорно ги тешел своите најблиски дека спасителите се близу, и дека треба храбро да издржат. Се слушал повикот за помош на мајката, плачот на детето, и гласот на таткото. Спасителите ги засилиле расчистувањата, со голема надеж дека семејството кое давало знаци на живот, ќе биде спасено.
Но, понатамошната трагедија започнала да се одвива постепено, и надвор од очекувањата на спасителите.
Најпрвин, замолкнал гласот на мајката. Од просторијата каде што таа се наоѓала, завладеала тишина. Мајката веќе не одговарала на повиците ниту на детето, ниту на таткото. Веќе била почината. За да не дојде до избезуменост кај синот, таткото постојано го тешел и му зборувал дека мајка му е многу уморна и дека заспала, дека ја совладал сонот.
Откако детето малку се потсмирило, почуствувало голема жед. Се слушале гласовите и ударите на спасителите кои биле се поблиску до нив. Но, каде тие биле точно, и дали затрупаните ќе можат да се одржат во живот до нивното доаѓање?
Детето повторно започнало да плаче, велејќи дека е многу жедно. Таткото му го дал единствениот совет кој во тие тешки мигови бил можен, за да се спаси животот на синот: да пие од сопствената урина. Детето го послушало, и за извесно време повторно се смирило, давајќи и понатаму знаци на живот.
Спасителите биле се поблиску до просторот каде што се наоѓал таткото. Кога стигнале до него, го извадиле од под урнатините. Расчистувањата продолжиле со уште посилно темпо и со уште повеќе луѓе. Таткото ги известил дека неговото синче е долу и дека се уште дава знаци на живот. По долгите, неизвесни моменти при расчистувањето, спасителите биле попречени да напредуваат од голема бетонска плоча. Оздола ги довикувало детето, биле на чекор од него, и од неговото спасување. Со големи напори и употреба на човечка сила, успеале да ја поместат плочата. Низ процепот се гледало детето. Но, отворот бил премал за тоа да може да излезе. Единствено решение било: да се донесе механизација, и со помош на челична сајла да се крене плочата.
Така и било сторено. Плочата била прицврстена за челичната сајла, и започнале да ја креваат. Се создал уште поголем отвор. Детото веќе било подготвено да излезе, таткото ја подал раката кон него за да го извлече. Процепот сепак бил недоволен, било потребно уште сосема мало подигање на плочата. Забрмчеле повторно моторите, сајлата со бетонот повторно започнала да се крева, и токму во мигот кога синот требало да биде спасен, да излезе на површината, сајлата од механизацијата се скинала! Во тој трагичен, непредвидлив миг, бетонската плоча засекогаш го потиснала детето под урнатините.
Така, катастрофата одзеде уште еден млад човечки живот, при самиот миг на неговото конечно спасување.

:(
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Picture 378.jpg ....... Picture 377.jpg
--- надополнето: 19 јули 2013 во 10:01 ---
Picture 373.jpg поглед од внатрешноста на Офицерски дом,кон банката
во преден план раскошниот лустер,кој денес е некаде во Битола.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Picture 424.jpg ... Има ли некој жив, беа често изговарани зборови од спасувачите Picture 425.jpg уште еден живот спасен, за жал многу останаа затрупани подолго Picture 419.jpg ..половина зграда ја нема, а во соседната соба спиева децата, каде ли се сега........ Picture 420.jpg ..овде нема живи.. Picture 203.jpg старото Скопје од левата страна на Вардар најповеќе настрада................................ Picture 204.jpg ... сама со својте мечти и таги...
на рушевините на солитерите на плоштадот СлободаПрегледај го приврзокот 68545...живот
----------------
Сакам уште да поставам фотографии, т.с.слики од катастрофата, а некои се и многу вознимирувачки, па може и ќе отворам нова тема за нив.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom