Ќе кажам и збор-два за женскиот фудбал
Годинава се формираше ЖФК Драгон, екипа која игра на стадионот на Славија во Пржино. Мислам дека прв пат после долго време во лигата има две израмнети екипи (Драгон и Кочани). Пола репрезентативки играат во ЖФК Драгон, а пола во ЖФК Кочани.
Викендов се играше дербито во Пржино и тоа пред голем број на публика, а Драгон победи со 4-2.
Со оваа победа се најдоа во пол-позиција пред конкурентите и може да жалат што не победија со поголема разлика.
Тренер на екипата е Драги Сетинов, работат сосема солидно за екипа од спорт каков што е женскиот фудбал кој е на нулто рамниште во Македонија, па дури и фудбалерките земаат и плата од клубот
Нормално, не се којзнае колкави платите, ама сепак
[DOUBLEPOST=1415025642][/DOUBLEPOST]
На југозападот ќе имаме битка меѓу Преспа и Кораб. Преспа го доби дербито против Караорман со 1-0, додека Кораб го совлада Кравари со 3-0. Преспа има 3 бода предност пред Кораб, а и меѓусебниот дуел со Кораб во Дебар веќе го изиграа, така да во пролет играат на својот стадион. Притоа во последното есенско коло, Кораб има тешко гостување кај Вулкан, додека Преспа игра кај Лабуништа, па се очекува Преспа да отиде со поголема предност пред Кораб на зимската пауза.
Југозапад (крај на полусезона)
1. Кораб 24
2. Преспа 24
3. Велешта 23
Спортивно од очекувањата, Кораб славеше кај Вулкан со 1-2, а Преспа загуби во Лабуништа со 2-1.
Кораб е есенски шампион со 24 бода колку што има и Преспа, но со полоша гол-разлика. На третото место само на бод зад нив е Велешта
Како што читав со голема помош од судиите Велешта тепала во Кравари со 1-2.
Дали некој ги форсира Велешта?
Лабуништа ги тепаа и Преспа и Кораб, дали тоа значи дека играат за Велешта, и дека Велешта има амбиции за втора лига?
Ќе биде интересно во пролет. Меѓусебните дуели се:
Преспа-Кораб
Велешта-Кораб
Велешта-Преспа
Врти-сучи Велешта и со двата конкуренти игра на домашен терен и може на крај да се најде на првото место, ако воопшто имаат амбиции за нешто такво.
Викендов се играше и дербито на Струга меѓу Караорман и Влазними.
Не можев баш да разберам дали утакмицата завршила или ја прекинале, али претпоставувам дека истата е прекината.
Влазними воделе со 0-1, но поради незадоволство од судењето го нокаутирале судијата.
http://sportmedia.mk/fudbaler-na-vlaznimi-so-boks-nokautiral-sudija/
Според ова мечот е прекинат, а еве ја и жалбата од страна на Влазними:
http://strugalajm.com/index.php/vllaznimindeshjen-me-karormanin-e-shkaterroi-arbitrimi-diskriminues/
Исток (крај на полусезона)
1.Беласица 27
2. Плачковица (екс Јака Радовиш) 25
3. Напредок З.Радово 24
Трите екипи немаа проблем во последното коло од есенскиот дел и забележаа победи со што бодовната разлика остана иста.
И овде не очекува измранет пролетен дел, а можеби Плачковица е во мала предност, бидејќи против конкурентите игра на домашен терен.
Плачковица-Напредок З.Радово
Плачовица-Беласица
Напредок З.Радово-Беласица
Беласица има две гостувањата кај директните конкуренти. Плачковица плус со тешките противници како Осогово и Брегалница Делчево, веќе играше на гости, така да можам да кажам дека се и во пол-позиција.
Југ (коло до крај на полусезона)
1. Победа 27
2. Вардар Неготино 27
3. Превалец 24
Победа ја поправи грешката од Дојран и во дербито на колото славеше во Велес против Превалец со 0-1. Победа со триумфот во Неготино во првото коло и онака беше главен фаворит уште од стартот на лигата, но со поразот во Дојран се измешаа работите.
Во последното коло Вардар игра дома со Варош, а Победа дома со Бабуна. Не би требало да има изнеднадувања.
Дуелот во првото пролетно коло ќе реши се, ако Вардар слави во Прилеп, тогаш и дефинитивно ќе биде доста интересна лигата. Ако слави Победа, готово е
Во пролет играат:
Победа-Вардар
Превалец-Вардар
Победа-Превалец
Север (коло до крај на полусезона)
1. Љубанци 25
2. Маџари 21
Тука се се знае, Љубанци загуби само два бода со нерешеното на најтешкото гостување кај Фортуна. Нема дилеми, они ќе бидат шампиони.
Запад (коло до крај на полусезона)
1. Камењане 25
2. Зајас 25
3. Братство Лисичани 22
Во последно коло Камењане гостува против Братство од Лисичани, додека Зајас игра дома со Арсими.
Би требало Зајас да биде шампион, со оглед на тоа што во пролет игра дома и со двете екипи.
Зајас-Камењане
Зајас-Братство
Камењане-Братство
Ќе се осврнам и на четвртите лиги
Во Нова Колонија, полицаец нападнал играч на Инџиково, и потоа избегал.
Ова се случувало на мечот Нова Колонија-Инџиково.
http://sportmedia.mk/politsaets-nokautiral-fudbaler/
Југохром е лидер во ОФЛ Тетово, откако Мергимтари изгубил кај Шар од Теарце.
1. Југохром 16
2. Мергимтари 15
3. Шар Теарце 14
Вчера играле Мергимтари-Југохром, па
@ADP ако имаш повеќе информации, дај некое известување како завршило