1/4 ФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНИЈА: калкулации, математики, проблематики...

Член од
13 август 2009
Мислења
20
Поени од реакции
7
се зборуваше дека отишле 10 автобуси и вкупно околу 400-500 навивачи. Шо се случи, знае некој? Не стигнале, не им продале карти? Дека нашата група на трибините беше од 30тина. Ке треба поддршка
 
М

Мартин`

Гостин
Па, тоа и е точно.
Не е точно зошто секој помага и е добар на свој начин, и Антич и Гечевски и Војдан и сите.. дека највеќе допринесува ДА но дека само од него зависиме е огромна глупост. Па ете денеска дури и без него кога игравме имавме добри резултати така да не држи “вода“ муабетов ..
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.144
Поени од реакции
18.168
се зборуваше дека отишле 10 автобуси и вкупно околу 400-500 навивачи. Шо се случи, знае некој? Не стигнале, не им продале карти? Дека нашата група на трибините беше од 30тина. Ке треба поддршка
И јас сакам информации за ова,пишете ако сте начуле барем нешто.500 души се најавуваа ,па испадна сега на трибина дури помалку од Алитус :confused:
 

CrashoverRide

Tutto per la Lazio,persempre nell cuore...
Член од
9 јануари 2008
Мислења
1.293
Поени од реакции
114
И јас кога би избирал меѓу Шпанија, Франција, Литванија и Србија би избрал да играме со првите две од причина што едвај чекам да си ги одмериме силите со репрезентација што има најзвучни имиња како што се во ситуацијава Паркер и Гасол и да видам колкава би била разликата меѓу нашата и овие репрезентации.

Французите ги глеав со Турција, све црнчишта стандард у постава, и покрај постојаното водство на крај за малце ќе ја прокоцкаа утакмицата, ама за нивна среќа турците(кои се редовно незгодна репрезентација) изиграа многу аматерски кога највише требаше.

Од друга страна, Шпанија против Германија играше може да се каже доста рутинирано и одржуваше редовно предност, додека соиграчите на Новицки очекуваа од него сам да ги тепа шпанците, на моменти страшно очајно делуваа обидите на Кејмен да направи нешто за да се сменат работите. Eдноставно не ја биваше, јаки се.

Е сега, најстрашна екипа од другата група е домаќинот, Литванија, која што несакам ни да помислам дека би можело да не снајде истото што и се случи на Србија. Значи, покрај фактот што малку и судиите ги фаворизираат, јебига домаќини се, толку расположени шутери не видов до сега на шампионатов(освен евентуално Босна со Хрватска, кога ги млатеше Домеркант) , па и по резултатот може да се види што се деси... Србија нема да потреба да ја коментирам, освен што центарот Ненад Крстиќ во првите 2 четвртини покажа како треба да игра играч со таа конструкција во рекет (истото може да се каже и за Ноа од Франција) а неможе истото да се каже и за Самарџиски, нажалост, белким до наредно првенство ќе научи. Значи, несакам да ни се падне Србија само од причина што доста ми е од балканскиве пресметки, ќе играме допрва и со словенцине, аман уште Бугарија и Албанија ни фалат да биде комплет аранжман! Руска школа денеска осетивме со Грузија, ќе играме и со Русија, така да немора и Литванија да се умеша. Време е за фини нешта, време е за Франција или Шпанија не потценат, па со многу многу среќа и цврста игра стигнеме до толку посакуваното полуфинале. И досега ова што го постигнаа нашиве е нешто извонредно, ама спортски е да се надеваме, макар тоа било дури и нереално оптимистички, на крај краева секоја репрезентација има лош ден, нашиот пројде со Црна Гора, на овие две допрва им доаѓа, да се надеваме во прав момент, против нашиве лавови! :)
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.692
Поени од реакции
4.520
И јас сакам информации за ова,пишете ако сте начуле барем нешто.500 души се најавуваа ,па испадна сега на трибина дури помалку од Алитус :confused:
кога стигнаа веќе беше завршена утакмицата..кажа и коментаторот кога играа Русија - Финска дека тогаш пристигнале..сигурно имаат тргнато покасно а и далеку е Литванија.
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.097
Поени од реакции
893
Абе види ги будали се замарате анализирате бла бла. Има толку многу непознати и немерливи во целава ситуација што (барем според мене) е тотално беспоентно се тоа.

Прво, за секоја од позициите 1 до 4 во двете групи има минимум по 2 репрезентации во игра, за некои позиции и 4. Второ, четврт-финале е - кој и да ни се падне ќе е јак. Кој и да ни се падне ќе е фаворит против нас. Како што беа и Хрватска и Нашиот Јужен Сосед. So what? Убаво рече МекКејлеб - одиме од натпревар во натпревар, чекор по чекор.

А ние? Во моемнтов мене ни ми се анализира ни оценува ни ништо... Има стручен штаб за тоа. Јас сакам само да уживам во моментов...
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.526
Поени од реакции
69.278
Ај и јас да удрам една калкулација :D
Значи во случај Русија да ја победи Грција, ние ќе бидеме втори дури и ако изгубиме од Словенија со помалку од 12 коша, бидејќи во кругот Македонија-Словенија-Грција ние би имале кош разлика (ако изгубиме со 11) +3, Словенците +2, а Грциве -5...
Што значи малку среќа ни треба Русија да слави над Грција, а ние уште претходно да си го сработиме своето, за второто место да ни биде загарантирано.
Ако ја тепаме Словенија сме сигурно втори, без разлика како ќе изиграат Русија и Грција.
Со победа над Русија сме сигурно први, без разлика како ќе се изиграат сите други мечеви :)
ЧИТАЈТЕ ГО ПОСТОВ, ЗА ДА НЕ ПРЕПРАШУВАТЕ ПО СТО ПАТИ :D
 

RaZ-R

Артилерец
Член од
8 ноември 2009
Мислења
3.398
Поени од реакции
2.440
Ај и јас да удрам една калкулација :D
Значи во случај Русија да ја победи Словенија, ние ќе бидеме втори дури и ако изгубиме од Словенија со помалку од 12 коша, бидејќи во кругот Македонија-Словенија-Грција ние би имале кош разлика (ако изгубиме со 11) +3, Словенците +2, а Грциве -5...
Што значи малку среќа ни треба Русија да слави над Грција, а ние уште претходно да си го сработиме своето, за второто место да ни биде загарантирано.
Ако ја тепаме Словенија сме сигурно втори, без разлика како ќе изиграат Русија и Грција.
Со победа над Русија сме сигурно први, без разлика како ќе се изиграат сите други мечеви :)
ЧИТАЈТЕ ГО ПОСТОВ, ЗА ДА НЕ ПРЕПРАШУВАТЕ ПО СТО ПАТИ :D
Читаме,ама...
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Глава боли од калкулации,момците го исполнија тоа што се очекуваше од нив,да ја поминат групата како така,а ова што се случува е само бонус за нивното залагање и пожртвуваност на теренот.
Јас највеќе ја посакувам Турција,бидејќи не се ништо посебно,ги гледав со Франција и на моменти беа како изгубени у свемир,да ги стегнеме на почеток со јака одбрана како што знаеме,нема што да бараат против нас.
После,би ни одговарала и Србија,но под услов нашиве да не се исплашат од нив и да тргнат фуриозно на почеток,пошо реално може да проработи и безпотребниот комплекс на нижа вредност тука.
Другите не ги посакувам,пошо може црно да ни се пише.
Како и да е,со кого и да се паднеме,што и да направиме,нашите момци се ХЕРОИ !!
 
Член од
28 март 2010
Мислења
1.310
Поени од реакции
377
Не мора да играме понатаму што ве читам.Која и да падне нека падне,јас сум презадоволен од ова што го постигнаа досега нашите Цареви!Ако сакаме подобар пласман треба да ја победиме која и да падне во 1/4 финале!
Ај на спиење сега!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom