- Член од
- 15 декември 2010
- Мислења
- 197
- Поени од реакции
- 87
Најголемата фабрика за производство на стакло и стаклени производи на Балканот „Тракија глас Бугарија“ од Трговиште, сопственост на турската компанија „Шишеџам“, ќе инвестира нови 60 милиони долари до 2012 година. Целта на инвестицијата е да се зголеми капацитетот на постојната печка за производство на стакло за домаќинство и да се изгради втора печка. Капацитетот на постојните можност ќе биде зголемен за 18 тони дневно, а новата печка ќе произведува по 200 тони во рок од 24 часа, велат експертите. Намерите на менаџерите се да се прошири структурата на производите од стакло за домаќинство, а исто така да се произведуваат и поголеми предмети. „По пуштањето во употреба ќе бидат отворени нови 200 работни места“, истакна Красимир Ќанев од Одделот за човечки ресурси. Во фабриката во Трговиште се произведуваат повеќе од 200 милиони артикли годишно и во неа работат околу илјада лица.
Веќе некое време македонската Влада најавува турската компанија „Шишеџам“ дека ќе инвестира во Македонија. Турската компанија требаше минатата година да почне со изградба на фабриката за производство на шишиња за пиво и сокови во зоната „Бунарџик“.
Инвестиција требаше да изнесува 45 милиони евра во првата фаза и да вработи околу 300 лица.
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=EBC9012CECF4B449AE3D47D96EE5D440