„Шишеџам“ инвестира 60 милиони долари, ама не во Македонија, а во Бугарија.

Член од
15 декември 2010
Мислења
197
Поени од реакции
87
Најголемата фабрика за производство на стакло и стаклени производи на Балканот „Тракија глас Бугарија“ од Трговиште, сопственост на турската компанија „Шишеџам“, ќе инвестира нови 60 милиони долари до 2012 година. Целта на инвестицијата е да се зголеми капацитетот на постојната печка за производство на стакло за домаќинство и да се изгради втора печка. Капацитетот на постојните можност ќе биде зголемен за 18 тони дневно, а новата печка ќе произведува по 200 тони во рок од 24 часа, велат експертите. Намерите на менаџерите се да се прошири структурата на производите од стакло за домаќинство, а исто така да се произведуваат и поголеми предмети. „По пуштањето во употреба ќе бидат отворени нови 200 работни места“, истакна Красимир Ќанев од Одделот за човечки ресурси. Во фабриката во Трговиште се произведуваат повеќе од 200 милиони артикли годишно и во неа работат околу илјада лица.

Веќе некое време македонската Влада најавува турската компанија „Шишеџам“ дека ќе инвестира во Македонија. Турската компанија требаше минатата година да почне со изградба на фабриката за производство на шишиња за пиво и сокови во зоната „Бунарџик“.

Инвестиција требаше да изнесува 45 милиони евра во првата фаза и да вработи околу 300 лица.
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=EBC9012CECF4B449AE3D47D96EE5D440
 
М

Мартин`

Гостин
Шишеџам не се откажува од Македонија


Турската компанија „Шишеџам“ не се откажува од планираната инвестиција во Македонија, соопштуваат од Агенцијата за странски инвестиции.


Бугарските медиуми денес објавија дека овој турски производител на стакло решил да инвестира 41,9 милиони евра во своите фабрики во Бугарија.
Некои наши медиуми објавија дека ваквите инвестиции во Бугарија, значат откажување од планираните инвестиции во Македонија.
За директорот на Агенцијата за странски инвестиции Виктор Мизо, ваквите тврдења се чудни и неосновани.
- „Шишеџам“ во Бугарија е присутна веќе подолг период и со инвестираните над 400 милиони евра е еден од нејзините најголемите гринфилд инвеститори, всушност станува збор за зголемување на нивното производство во оваа земја. Оваа инвестиција во Бугарија не е поврзана со фабриката која треба да се гради во Македонија, а различни се и производите кои би треабало да се произведуваат во нив, ни изјави Виктор Мизо.
Мизо не можеше да каже дали и кога ќе започне да се гради фабриката на „Шишеџам“, бидејќи како што рече конечното решение ќе го донесат луѓето во компанијата, но во никој случај не може да стане збор дека од компанијата се откажуваат од планираната инвестицијата во Македонија.
- Компанијата „Шишеџам“ никогаш не се откажа од Меморандумот за соработка кој го има потпишано со Владата. Ние речиси секоја недела имаме средба со претставници од компанијата кои доаѓаат во Македонија, доколку би сакале да се откажат тогаш зошто би доаѓале толку често и би ја анализирале состојбата, нагласи Мизо.
Тој нагласи дека од компанијата ги прават последните анализи кои се потребни со оглед на сложениот процес на производство.
- Станува збор за инвестиција од 50 до 60 милиони евра, а производствениот процес е таков што ако еднаш се заплат печките тие нема да можат 15 години да се угасат. Па така ако на почетокот се погреши тогаш овие пари за турскиот инвеститор ќе бидат пропаднати. Поради тоа потребни им се подетални анализи пред да започнат со работа.
Инаку „Шишеџам“ е еден од најголемите производители на стакло и производи од стакло во светот. Таа е една од многуте реномирани компании кои сериозно планираат да инвестираат во Македонија.
Нивната почетна инвестиција во нашата земја би требало да изнесува 50 милиони евра, а фабриката би била наменета за производство на амбалажа. Но според некои најави од компанијата сериозно ја разгледуваат можноста да ја прошири првобитната намера за инвестиција во Македонија од 50 милиони евра на 150 милиони, со изградба на дополнителни две фабрики за производство на рамно и на автомобилско стакло.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Знам дека претставниците на компанијава го испраќале своите инжинери во времето да се едуцираат во "Сигурносно Стакло" од Прилеп
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
hahaahahahhahahahhaha
Мизо вели јок кад тад ќе дојдат, пишани ми се во списокот како „инвестиции на кои планираме“ и ќе ги споменуваме во наредните 4 изборни циклуси.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Ја поебавме и затворивме скопска стаклара .... сега ко мали деца ќе се радуваме на некојси шишеџам.... :notworthy:
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.881
Ја поебавме и затворивме скопска стаклара .... сега ко мали деца ќе се радуваме на некојси шишеџам.... :notworthy:
шо си запнал бе ти за скопската стаклара А ? па не ја поебаа само скопска стаклара ај наброј ги сега сите градови каде што имаше стаклари во македонија.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
шо си запнал бе ти за скопската стаклара А ? па не ја поебаа само скопска стаклара ај наброј ги сега сите градови каде што имаше стаклари во македонија.
А ќе има ли инвестиција за СЕЛЕНАЏАМ (силалицаџам)!!!!!
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.209
Што ќе ви е стаклара Грујо и Бане ќе ве вработотат сите во Администрација.
 

Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.033
Поени од реакции
14.970
абе и Шише џам ќе инвестира кај сака.....тоа што нашиве политичари од Бане, Љупчо до Коле ни ветуваат мед и млеко...тоа е сосема друго...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom