„Фајненшл Тајмс“: Грците панично ги извлекуваат парите од домашните банки

zivotno

the watcher
Член од
9 април 2010
Мислења
13
Поени од реакции
3
Меѓу петте банки на кои им е намален рејтингот и кои би можеле да се соочат со влошување на финансиската состојба се Националната банка на Грција, сопственик на Стопанска банка - Скопје, и Алфа банка, којашто веќе неколку години е присутна во Македонија

Реномираната агенција за кредитни рејтинзи "Мудис" ги намали рејтинзите на пет грчки банки проценувајќи дека нивните финансиски состојби ќе се влошат како последица на големиот јавен долг, строгите мерки на штедење и продолжувањето на рецесијата во Грција.

Станува збор за Националната банка на Грција (НБГ), ЕФГ Евробанк, Алфа банка, Емпорики банка и Пиреус банка, за кои "Мудис" смета дека постојат големи шанси во следниот период да работат со загуби. Мудис" наведува дека намалувањето на рејтинзите на петте банки е последица на слабите макроекономски перспективи на Грција и нивното очекувано влијание врз квалитетот на активите и потенцијалната заработувачка на овие банки".

Според агенцијата, негативните оценки за грчкиот пазар во последните месеци го ограничија пристапот на овие банки до берзите на обврзници и меѓубанкарскиот пазар.
Аналитичарите оценуваат дека ваквото намалување на рејтинзите на петте банки дополнително ќе го влоши и онака лошото мислење за Грција, која, како последица на огромниот буџетски дефицит и големиот долг, беше принудена да воведе строги мерки на штедење.

А стравот кај граѓаните за нивните заштеди депонирани во банките почна да се чувствува. Фајненшл тајмс" објавува дека Грците панично и хистерично ги извлекуваат своите пари од домашните банки предизвикувајќи страв кај грчките банкари и продлабочувајќи ја кризата во која се наоѓа оваа земја. Од четирите најголеми грчки банки штедачите имаат повлечено дури 10 милијарди евра, па менаџерските тимови на банките побараа интервенција од Владата во Атина за да не се случи да останат без пари и да банкротираат. Лондонскиот весник забележува дека меѓу богатите Грци владее вистинска хистерија минативе два месеци, па исплашени за судбината на своите пари и имотот што го поседуваат, не сакаат да ги задражат во Грција, туку во моментите кога нивната земја се соочува со најголемата и најтешката економско-финансиска криза во својата понова историја, богатството го префрлаат во странство, пред се, во банките од Кипар и Луксембург. Во текот на февруари и март оваа година, грчките штедачи од своите сметки имаат повлечено пари во вредност од пет отсто од вкупната маса на штедните влогови во целата земја. Тоа предизвикува забрзано паѓање на вредноста на акциите на најголемите банки во Грција, кои сите имаат свои филијали во земјите од Балканот. До средината на оваа недела акциите бележат пад на вредноста што се движи меѓу 6 и 7 отсто, констатира "Фајненшл тајмс".

Од посочените пет банки во Македонија работат две. Имено, доминантен сопственик на Стопанска банка - Скопје е Националната банка на Грција со 73,04 отсто, а веќе неколку години во земјава работи и Алфа банка.

"Мудис" им го намали рејтингот на Националната банка на Грција од А1 на А2, а на Алфа од А2/Прајм 1 на А3/Прајм 2.

17 милилјарди евра државна помош
Грчките банки добија државна помош од 17 милијарди евра за да се гарантира ликвидноста на банкарскиот сектор додека економијата се наоѓа под притисок поради должничката криза. Тоа го објави Јоргос Папаконстантину, министер за финансии, по средбата со шефот на грчката Централна банка, Јоргос Провопулос.

Со молба за добивање на тие 17 милијарди евра се обратиле четири големи банки - Националната банка, Евробанк, Алфа банк и Пиреос банк и секоја од нив добила по околу 3-4 милијарди евра.

- Вечер

:vozbud:

Што мислите???
 
fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Се това е като да гледаш катастрофа между два воза,ама совсеммм бавно....
Грциja пада со секи изминал ден надоле,надоле и пак надоле....
Требат им непопуларни мерки за намалуване на буджетниja дефицит....
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.291
Поени од реакции
15.508
Мислам дека тоа нема да се одрази директно врз Стопанска и Алфа банка, зашто не се филијали на тамошните банки, туку се посебни банки и како такви ќе си функционираат независно од ситуацијата во Грција...
 
zivotno

the watcher
Член од
9 април 2010
Мислења
13
Поени од реакции
3
Мислам дека тоа нема да се одрази директно врз Стопанска и Алфа банка, зашто не се филијали на тамошните банки, туку се посебни банки и како такви ќе си функционираат независно од ситуацијата во Грција...
доминантен сопственик на Стопанска банка - Скопје е Националната банка на Грција со 73,04 отсто (не е посебна банка туку е зависна од неа, ако пропадне таа 75 посто од Стопанска банка АД Скопје ќе испари во воздух, ќе ја снема), a до средината на оваа недела нејзините акциите бележат пад на вредноста што се движи меѓу 6 и 7 отсто
 
Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
3.827
Поени од реакции
8.495
Да си ги повлечам јас 28-те денари на сметка во Стопанска што ги имам а? Да не ми снема 75% од нив?
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.291
Поени од реакции
15.508
доминантен сопственик на Стопанска банка - Скопје е Националната банка на Грција со 73,04 отсто (не е посебна банка туку е зависна од неа, ако пропадне таа 75 посто од Стопанска банка АД Скопје ќе испари во воздух, ќе ја снема), a до средината на оваа недела нејзините акциите бележат пад на вредноста што се движи меѓу 6 и 7 отсто
Значи, банка може единствено да се оформи како Акционерско друштво... Како такво Акционерското друштво е само за себе, со сопствен капитал и имот.... Значи Националната Банка на Грција вложила пари т.е. купила акции во Стопанска банка, и сега тие пари се дел од капиталот на Стопанска Банка(а се водат како вложувања во Националната банка на Грција)... Можно е Националната Банка на Грција да ги продаде акциите во Стопанска Банка и со тоа да си ги пополни долговите, или да си го зголеми кредитниот потенцијал, но тоа нема да остави последици по работењето на Стопанска Банка...
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703

кога мечка скакута на една нога у комшиски двор, многу лесно може да прерипа преку плот.....:) со тоа циганштааната на југ сме исповрзани многу повеќе од колку се претпоставува у кафаната на кајгана..или по тоа солунските таверни:)
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Не се плашете за нашите банки.Грците лошо си прават што ги влечат парите,сам себе убио.
Сега ми кажува колешката дека почнала паника во Стопанска Банка?Вистина ли се влечат пари?
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Не се плашете за нашите банки.Грците лошо си прават што ги влечат парите,сам себе убио.
Сега ми кажува колешката дека почнала паника во Стопанска Банка?Вистина ли се влечат пари?
Стопанска Банка??...................gotovi sa?????:)
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ако сакаме сами да се убиеме,слободно нека отрчаат македонските граѓани да ги подигнат заштедите.Немојте да учествувате во паниката,банките кај нас се сигурни,не ги уривајте од глупост.Седете мирни!
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Ако сакаме сами да се убиеме,слободно нека отрчаат македонските граѓани да ги подигнат заштедите.Немојте да учествувате во паниката,банките кај нас се сигурни,не ги уривајте од глупост.Седете мирни!
Само стопанска банка па ти ... шо ти е гајле :)
 
Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634
Стопанска банка беше еден од главните кредитори на население, повлечете ги парите брзо исечете си ја гранката!

но г-жа леандра не ни објасни дали е возможно дел од МК средствата на СТБ да бидат пренасочени во НБГрција?:toe:
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Само стопанска банка па ти ... шо ти е гајле :)

Стопанска како најголема банка ако падне,ќе направи класично цунами во банкарски сектор:)

Стопанска банка беше еден од главните кредитори на население, повлечете ги парите брзо исечете си ја гранката!

но г-жа леандра не ни објасни дали е возможно дел од МК средствата на СТБ да бидат пренасочени во НБГрција?:toe:

На кои средства мислиш,на заштедите?Не.Не е возможно да одат тие пари јужно.
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Стопанска како најголема банка ако падне,ќе направи класично цунами во банкарски сектор:)
а ако случајно падне .. не верувам .. неко онака ме интересира информативно ...
шо станува со кредитно задолжените кај неа?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom