„Тивкиот убиец“ на Велес може да работи – судот ја отфрли тужбата на екологистите

A

AnFem

Гостин
























http://kanal5.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=82651

Ако мислат оние од МЕТРУДХЕМ дека можат против овој народ, тогаш нека повелат, ама за последиците незнам дали и кој ќе одговара!!!
Колку се слатки сите!
Да се знае бе! Гемиџиска крв, бунтовна!
Секоја чест на тие што дошлe од други градови во знак на солидарност (ако ги имало такви).
 
М

Мартин`

Гостин
Колку се слатки сите!
Да се знае бе! Гемиџиска крв, бунтовна!
Секоја чест на тие што дошло од други градови во знак на солидарност (ако ги имало такви).
Имаше доста и од други градови, видов транспаренти на некои здруженија од Битола, Струмица и Струга ..
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
1.424
Поени од реакции
789
А бе ќе дојде некој ко на слепци да ни подаи рака да се испраиме и очоечиме да се отргнеме од беда и сиромаштија, ќе ни понуди парче леб и платичка и ние одма правец на суд!!

Ај нека екологистите вработат бе луѓе, нек екологитите задвижат стопанствиото во Велес, нек му даваат плата, пензиско и здравствено на работниците и семејствата... Екологиоисти порано немаше, не постојеа како категорија али ко се распаѓаше комунистичкио блок тие комунистите напраја свои специјални единици и ги остаја по државите под назив “екологисти“ со цел да прават пометња и немир меѓу народо за да му помогнат на комунистите пак да се вратат на власт. Екологистите само бараат и никогаш не се задоволни, само ја кодошат сопствената власт и татковина, де не чинел воздухо, не чинела водата, почвата, не чинеле фабрики, камиони, автобуси, термоцентрали, состојките во храната, бојата на лебот.... нив ако ги слушаме треба сите да ојме да живееме во пештери и јадеме бобинки за ручек. Само бараат пари за некакви безвезни проекти а всушност со тоа сакаат да ја исцрпат државата за да умри ко шо зацртаа Маркс и Енглез во своето дело Капител дека државата мора да умри и дека религијата е ракија за народот.
Тоа се безбожници, антихристи и комунисти и не треба да се слуша нивната пропаганда.
Да да во право си дојдоа леб да ни дадат ама полн со олово и со цинк, шо се вика почвата уште не е исчистена од оловото кое што го прими ние ќе ја ресетираме, ќе ја ресетираме нема проблем но нека се оддалечи од градот и нека се стават филтри оти никој не е должен да го трпи тоа.Ќе се нахранат 1000 фамилии а колку ќе си имаат проблеми со здравјето ?
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.542
Поени од реакции
11.628
Кој би верувал дека македонската бирократија може да им биде од корист на околината и здравјето на велешани ?

Се разбира, ова е само добиена битка, војната за целосна дислокација на велешката топилница и понатаму продолжува.

http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/ademi-ochekuva-novo-baranje-od-„metrudhem“-za-topilnica

Адеми очекува ново барање од „Метрудхем“ за Топилница

28.03.2012 - 14:31

Министерството за животна средина потврди - нема рестартирање на велешката Топилница.



Министерот Адеми изјави дека ќе ја почитува одлуката на второстепената комисија при Владата. Предметот ќе се разгледува од почеток.

- Нашето решение е укинато заради тоа што во еден документ одредивме дека треба да се спроведува студија за оценка на влијанието врз животната средина и да се утврди обемот на студијата. Второстепената комисија укажува дека треба да бидат две посебни решенија, односно два посебни акта и ние ќе почнеме од почеток доколку инвеститорот понатаму инсистира на рестартирање, односно да почне повторно постапка, рече министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми.

Во земјава недостасува знаење кај граѓаните за животната средина поради што треба да се поработи на нивна едукација. Воедно е потребна и имплементација на усвоеното законодавство.

Преглед на состојбата на животната средина се подготвува за земјите во транзиција и во него се следи состојбата со животната средина во сите области. Ова е позитивен чекор кон приближувањето на земјата кон Европската унија, смета Кајнер.

Христина Јованова
 
Член од
14 април 2010
Мислења
628
Поени од реакции
219
Колку се слатки сите!
Да се знае бе! Гемиџиска крв, бунтовна!
Секоја чест на тие што дошлe од други градови во знак на солидарност (ако ги имало такви).
абе многу е лесно патриоти и борбени да се праиме од пред монитор и да дааме лајкови на настаните :D
нема љутиш
 
A

AnFem

Гостин
абе многу е лесно патриоти и борбени да се праиме од пред монитор и да дааме лајкови на настаните :D
нема љутиш
Нема љутиш. Тоа што сум далеку, не значи дека не треба да дадам поддршка. Додека бев таму, пробував да направам нешто, учествував во акции, организации, бев на првиот протест... Ти кај беше? :icon_mrgr:
 
Член од
14 април 2010
Мислења
628
Поени од реакции
219
Нема љутиш. Тоа што сум далеку, не значи дека не треба да дадам поддршка. Додека бев таму, пробував да направам нешто, учествував во акции, организации, бев на првиот протест... Ти кај беше? :icon_mrgr:
Бев,како не бев.Бар за ваков бид настан отидов,за друго не одам.урликавме таму :D
 
С

Само Човек

Гостин
ако Грујо даде дозвола ќе се пушти, половина од народот во велес побитна му е работата отколку здравјето. Кој прашам вика абе ај барем ке се вработи оној, овој. Само на нас младината ни е побитно здравјето.Бившите работници моат бога да се отвори. Толку дволичен народ немам видено
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.285
сочуство за велешани,да бидат уште појаки и посложни и да си тераат до крај работата,ако треба и со граѓанска непослушност и палење на имотите на продадените души........мора еднаш да се разбуди македончето......
 
B

Black Guard

Гостин
Концентрацијата на олово и кадиум ќе биде истанаредните 2о-25 години ,заштита секако и артефакти.

И секако економски циклиус во велес и секако ХИВж

П.С Технократијата ќе го реши дефини
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.542
Поени од реакции
11.628
http://www.vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&eventId=49662

Велес повторно на протести против Топилницата

вторник, 08 мај 2012, 18:50

Велес утре повторно ќе протестира против намерата за рестартирање на Топилницата. Поводот, овојпат, е почетокот на судскиот процес во кој управителот на „Метрудхем“, Тони Димитриоски, го тужи еко- активистот Игор Смилев за загрозена безбедност.

- „ Доколку не се прекине, односно не се повлече оваа тужба... нашиот правен тим составува тужба против оние кои што навистина ја загрозуваат иднината и безбедноста не само на Зелената Коалиција, туку и на сите велешани“- изјави меѓу другото д-р Ненад Коциќ од „Зелена коалиција“ на Велес
- „ Му порачуваме, нека не се плаши, нека дојде во Велес, нека се појави утре на рочиштето. Едноставно да си кажеме тоа што имаме да си кажеме. Нашиот став е познат, ние имаме против намерата за рестартирање на Топилницата“- изјави меѓу другото Далиборка Златева од „Зелена коалиција“ за Велес

Подршка на утрешниот протест и рочиштето стигна од неколку страни. Одбраната на Смилев, бесплатно ќе ја води адвокатот Љубомир Михајловски- Џанго. На протестите ќе се појави и движењето за социјална правда „Ленка“ од Скопје. Зад активностите лично застана и првиот човек на градот.

- „ Можеби начинот на кој претставникот на „Зелена коалиција“ го направил тоа има некоја основа за судски спор, но меѓутоа суштината е тоа што Игор Смилев го кажа тоа што го мислат сите граѓани на Велес и токму затоа ќе ја има сета наша подршка“- изјави за АЛФА градоначалникот на Велес, Горан Петров.

Причината за тужбата на Димитриоски за Смилев е прес конференција на невладините од Велес, на која пред медиумите била покажана слика со ликот на управителот на „Метрудхем“ а биле изкажани лаги и закани.

Александар Димитриевски
 

Kajgana Shop

На врв Bottom