ABC
“градител“
- Член од
- 24 февруари 2005
- Мислења
- 15.696
- Поени од реакции
- 192
Во еуфоријата на Новогодишната ноќ,речиси никој немаше да примети како владата го труе сопствениот народ и продолжува со дилетантски потези од типот на Калигула:
„ОКТА“ и натаму ќе произведува нафтени деривати контра европските стандарди. Владата попушти за да ја искомпензира штетата што треба да ја плати по судската пресуда во Париз.
Се договори со Грците да им го пролонгира рокот за уште 18 месеци. Рафинеријата ќе продолжи да пушта во промет бензини со послаб квалитет. Новата спогодба за порамнување на долгот власта ја објави вчера.
„Со спогодбата за порамнување обезбедена е неопходната писмена согласност од странскиот инвеститор за измена на спецификациите за квалитетот на нафтените деривати во Република Македонија, обврска којашто произлегува од договорот за купо-продажба, во прифатливи временски рокови“, изјави на 31 декември 2007-ма Ивица Боцевски, портпарол на Владата.
„Во спротивно, доколку Република Македонија еднострано ги воведеше новите стандарди за квалитетот на нафтените деривати, ќе беше должна според анексот „Д“ од договорот, во целост да му ја надомести претрпената штета на странскиот инвеститор“, додаде Боцевски.
Вкупниот долг на Македонија кон „ОКТА“ изнесува 94 милиони долари. Според владиниот портпарол Боцевски, „ОКТА“ се согласила да и бидат префрлени 40 милиони долари.
Владата го изгуби спорот пред судот во Париз. „ОКТА“ со спогодбата за порамнување се обврзала на Македонија да и префрли и 20% од акциите на нафтоводот Солун-Скопје.
Поради слабиот квалитет на бензините рафинеријата веќе го изгуби косовскиот пазар.