„Алумина“ оди на продажба

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Скопската фабрика „Алумина” од вчера се продава на меѓународен јавен тендер. Почетната цена на фабриката во која влегуваат сите објекти, земјиштето, опремата, возилата и резервите е околу 14,5 милиони евра. Купувачот нема обврска да ги врати на работа сите поранешни вработени. Покрај имотот во Скопје, за таа цена се продаваат и објект во струшкото село Лабуниште, апартманите во струшкиот хотел „Еуротел”, одморалиштето во Маврово и одморалиштето на Попова Шапка. Според условите на тендерот што го распиша Ацо Дамчевски, стечајниот управник на „Алумина”, заинтересираните можат да ги достават понудите најдоцна до 7 февруари.

Ова е прв тендер за скопската фабрика за алуминиумски и метални конструкции. Фабриката е во стечај, а пред да се продава на тендер за неа се интересираше Зоран Зелениковски, поранешен директор во фирмата. Тој дури достави понуда, која Министерството за економија ја одби и одлучи некогашниот гигант да го продава на тендер. Бизнисменот Зелениковски за „Алумина” даваше 7,2 милиони американски долари и ветуваше дека на работа ќе врати околу 400 работници. Вработените дури собираа потписи Владата да му ја даде фабриката на Зелениковски, кој сега работи во Австрија.






Време
 

gOJDO

Пациент, неизлечив
Член од
4 јануари 2006
Мислења
1.304
Поени од реакции
20
јеби га, џабе ние ќе мрчиме, они одамна ја шитнале само не кажуваат
 

ВМРО

Loved By Few, Hated By Many, Respected By All
Член од
12 септември 2005
Мислења
1.863
Поени од реакции
25
Tie pak ke ja sitnat za istite pari sto gi ponudi Zelenikovski. Toa mesto predvideno da bide kompleks so zgradi. Taka da izgleda ke ja rusat Alumina i tamu ke grada!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom