Таа ваша слепа политичка коректност ќе ве убие. Лошото е што ќе нѐ убие и нас што не ја споделуваме. Прво, премисата „бегалец“ е страшно проблематична, бегалец поминува граница преку граничен премин и се легитимира, исто така тој е скромен и благодарен на секаква помош и покривот што добива, а не поставува услови и барања штом ти стапне дома, а исто така не одбива да биде легитимиран доколку биде затекнат некаде низ шума. Второ, граничната полиција е овластена да пука ако се осети загрозена. Тоа ѝ е работа, за вашите либерални стаклени ѕвонца да останат нескршени и газенцата да ви се безбедни. Всушност, овластена е да пука и доколку само си поминал граница илегално, те повикувала да застанеш да те легитимира, а ти ја игнорираш. Трето, околностите под кои дошло до пукање ни самите не ги знаете. Пред да се лигавите со „принцип на државност или принцип на хуманост“, треба да се заинтересирате и каква хуманост била понудена од другата страна. 54 Арапи кои доаѓаат од воена зона не се нешто за потценување, особено ако не покажат послушност пред органите на власта што ги затекнале и ако пружат отпор, нешто за што во своите држави и во своето соседство, дури и во соседните им држави кадешто нема војна, сите 54-ца ќе биле застрелани на самото место.