[не]сакам да го/ја видам бившиот/та

Stre3T Danc@

The definition of #BFABB
Член од
10 април 2009
Мислења
1.690
Поени од реакции
146
Како и да завршило `нашето` нема шанси да сме останале другари потоа. Од проста причина што верувам дека чувствата не се бришат така лесно. До вчера сте биле заедно, а денес се дружиш/излегуваш.. некако не ми штима. Не сум ни сретнала случаи каде поранешен пар останале пријатели потоа.
За бившите не зависно од крајот би ми било сеедно да ги видам. На пример, човек кој ми бил навистина драг и со кој сум поминала многу, би ми било мило да го видам и да го поздравам. Дури и со оние со кои сум во лоши односи би се поздравила чисто од култура.
Но, одење на кафе и дружење не би. Затоа што тие чувства кои не се бришат преку ноќ може повторно да се активираат. И уште, за што би разговарале? Ако се навраќаме на минатото, радо би станала и би заминала, не сум човек кој ужива во тие муабети.. така што нема потреба.
Не чувствувам омраза кон ниеден, можеби само сум лута на одредени што значи каде и да ги видам ќе ми биде се исто. Еден поздрав не ме чини ништо, во споредба со тоа што претходно сме го имале, доволно е.
Одиме натаму.
 

VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
Зависи на кој начин сме се разделиле.
Ако ме лажел,изневерувал или сме се испокарале,нејќам пред очи да ми се појави,па нека му ја мисли :pipi:
Доколку сме се разделиле ко луѓе од причина шо немало веќе хемија меѓу нас,воопшто нема да ми пречи.
Неможи вечно да е со мене,така да шо и да е не се закалдисувам многу,па да не одам на места тој кај шо ќе е.
 

Вилинско коњче

It is my party :))
Член од
31 декември 2009
Мислења
550
Поени од реакции
62
Бившите ги гледам многу ретко ... е, сега се случува да сретнеш некого - онака случајно ... и тогаш реакцијата е соодветна на начинот на кој сме раскинале и длабочината на чуствата кои сум ги гаела кон нив .... пр:

1. ме одјебал на најмизерен можен начин - на таквите очи нејќам да им видaм а камоли муабет да им правам (се правам како да не ги познавам или им вртам грб):kesa:

2. сме раскинале пристојно - се среќаваме и правиме два реда муабет (кај си- што си, што има ново, поздрав):smir:

3. има личности (бивши) со кои сум била подолго во врска и сме раскинале пристојно (со нив би сакала од време на време да комуницирам, бидејќи сметам дека сме имале доволна близина за да можеме и после раскинувањето да си помагаме-ако затреба). Тоа што тие одлучиле да не комуницираат со мене - тоа секако е нивна одлука и јас ја почитувам - но неможам да кажам дека за нив ми е сеедно кога ќе ги сретнам во град (сепак дел од животот си го минал со нив):back:

4. кога ќе го сретнам "вистинскиот" (еднаш засекогаш) - мислам дека ќе одјебам се живо и ич нема да ми биде гајле кого што сум видела/ ми кажал/ ми направил и сл:baeh:
 
?

..........

Гостин
Е јас сакам, сите бивши да ги видам и да си поминам убоо со нив:sekss: како во старите добри времиња.
 
Член од
21 февруари 2010
Мислења
16
Поени од реакции
0
Sakam da go najdam bivsiot barem uste ednas da go vidam.... posto ne znam kade e a mn mi fali.. ednostavno premnogu mislam na nego... i neznam do kade ke teram vaka:toe:
 
G

Giggles

Гостин
Не сакам ни збор да чујам од нив,ни фаца да им видам, со исклучок на двајца со кои сум во добри односи :smir:
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.425
Поени од реакции
7.789
Една бивша со која идев година ипол(ептен ја сакав и сите тие работи), седи до мене у школо, па замислете како ми е!... :uvo::uvo:
Се разбира, не сакам да ја смислам, неретко ја игнорирам, а таа доста често ми праи муабети, се ѕвери у мене, ми се смешка и тн.. Океј, некад кога ми треба нешто околу школо ја прашам, или ако ми треба домашна работа да препишам.. а онака ме боли уво!
 

Кент

Професионалец
Член од
16 февруари 2010
Мислења
255
Поени од реакции
15
Сакам да ја видам :) Зошто да не. Само нема да се понашам пријателски :D Знам дека можам да бидам прилично ладен кога сакам или кога приликите налагаат. Сакам да осети како е кога сум ладен и кога го нема моето внимание. Е тогаш ќе ја боли... а може и не. Како и да е, интересна би ми била нејзината реакција :)
 

[zEUs]

Go England!! GO!!
Член од
1 јули 2008
Мислења
4.398
Поени од реакции
534
Не. Од пријателство љубов може да настане, ама од љубов пријателство ..не верувам. Сите ми значеле на некој начин, помалку или помалце, па сепак би ми било тешко кога би ги видел, а ја не сум со нив. Едноставно не може моабет да се напрае.. што ќе и речем: ,,сеа се мувам со онаја,, тоа да и кажуем? :/
 
B

Borg_Drone

Гостин
Се зависи од тоа како завршила врската... Ако мора да се гледаш, јебига, бар остај си тро лице едно здраво да си велите “за она добра стара времена“.
Точно така, на крај крајава ако течела добро врската и поминала без проблеми и дошло времето да ви се раздвојат патиштата поради тоа што едноставно спласнале емоциите и кај едниот и кај другиот зошто да не останете пријатели со вашиот поранешен партнер или поранешна партнерка после тоа?
Tоа е едноставно љубов, се случило, спласнале емоциите и толку...Хепи енд после тоа пријатели...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom