Заводи за рехабилитација и физикална терапија - итно

Член од
14 март 2015
Мислења
4
Поени од реакции
0
Здраво,
нов сум на форумов, барав слични теми меѓутоа не најдов слична тема а многу ми е итно.

Татко ми имаше повреда на главата (најверојатно проследена со мозочен удар, не утврдија што точно е причината за крварењето/отокот во мозокот) минатата сабота, лежеше недела дена во државна и вчера го пуштија дома.

Меѓутоа, десната рака му е неподвижна освен шаката, а десната нога може само да ја свитка во колено. Не може да стои воопшто. Говорот е нормален. Докторите рекоа функциите ќе се вратат кога ќе го снема скроз отокот, меѓутоа за тоа треба одмор и физикална терапија. Плус тоа постојано е на терапија за контрола на притисокот и потребен е постојан надзор.

Проблемот е што он е комплетно некооперативен (депресија, немање сила, одбива да јаде и сл.), не можеме да го подигаме ни сантиметар јас самиот ни со мајка ми (која е шеќераш и има проблеми со кичмата), а 24/7 помош по дома не можеме да имаме. Немаме буквално никакви услови да се грижиме за него по дома ние двајцата.

Дали можете да ми препорачате некои заводи/установи за физикална терапија и рехабилитација каде би примиле човек во негова состојба? Јас успеав да го најдам само овој во Козле

http://zk.mk/zavod-za-fizikalna-medicina-i-rehabilitacija

меѓутоа ми рекоа дека таму примале само веќе функционални личности ( кои можат да се движат и сл.)

Работата е екстремно итна па би ви бил благодарен за било какви сугестии
 
Dr. Wish

Outstanding Сasual Dating Authentic Maidens
Член од
23 септември 2013
Мислења
2.393
Поени од реакции
2.794
Што не земете медицинско лице да се грижи за него?
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.904
Поени од реакции
30.603
Што не земете медицинско лице да се грижи за него?
24 часовна нега дома?
Некако немам впечаток дека ОП е богат олигарх, или такво нешто. Претпоставувам дека во тој случај не би пишувал за ова на форум. ;)
 
Член од
14 март 2015
Мислења
4
Поени од реакции
0
Што не земете медицинско лице да се грижи за него?
Ги разгледуваме сите опции, и тоа доаѓа во предвид....меѓутоа барем од тоа што баравме многу ретко нудат таква нега како што ни треба...повеќето се само за (подвижни) стари лица некој да пере пегла готви по 3-4 часа дневно. А како што рече Vanlok, тие што нудат домашна 24/7 наплаќаат на час и е поскапо отоколку установа, за која и таа е прашање дали ќе имаме средства.

Edit:
Го најдов ова http://www.panada.com.mk/ , 25К месечно (ако уште некој го интересира)
 
Последно уредено:
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.297
Поени од реакции
5.871
Битребало да ви следи опција за лежење на физикално одделение обично сите после мозочен удар што неможат да движат некој дел од телото најчесто рака одат прописно од доктор на физикална терапија во физикално одделение и таму лежат. Има сега и приватни салони за тераписка масажа и рехабилитација таму би му дале на човекот многу подобро нега и загарантирано закрепнување на раката и ногата. Иначе освен старечки дом нема друга установа каде што ке може да остане колку што сакате али и таму не било евтино... Луѓето што чуваат по дома стари лица обично тоа е околу пола ден и ја вршат општата нега јадење, перење итн. Да не заборавите дека ви требаат ортопедски помагала обавезно за ногата, за скочниот зглоб и обавезно да се договорите физиотерапевт да го масира дома. Поздрав и не е лошо да побарате спас во алтернативната медицина.
 
Ако под физикално одделение мислиш она во Козле, тоа е опција дури откога е колку толку подвижен самиот и генерално таму правеле терапија по 15-20мин дневно и после буквално те фрлаат во соба до наредниот ден. Работата е што човекот е отсечен во десната страна ( рака/нога) и е неподвижен самиот, потребни се стручни/јаки луѓе што ќе го превртуваат/подигаат/спуштаат во кревет и помагаат при физикални потреби/перење/пресоблекување и сл.

Луѓе што чуваат стари лица не се стручни за тоа што ни треба (како што веќе спомнав тие се за општи домаќински работи), меѓутоа најдов обучени медицински техничари што ја прават таа услуга па ќе видиме.

Алтернативна медицина - не фала. Алтернативна медицина што функционира се вика медицина.
 
Незнам што да ти речам на физикални оделенија силум прилика сум видел и многу тешки воопшто неподвижни пациенти... Имам слушнато дека во СК има и специјалистичка болница за физикална терапија распрашај се штом по одделенијава има тешки неподвижни пациенти таму сигурно има и битребало без проблем да примат таков пациент башка со еден месец лежење на физикално одделение пациентот имал право да оди на бања некаде и со попуст. Уште еднаш ти викам распрашај се ова што сум слушнал ти кажувам. Поздрав.
 
Misery

30% off
Член од
3 април 2011
Мислења
1.598
Поени од реакции
2.394
Ако под физикално одделение мислиш она во Козле, тоа е опција дури откога е колку толку подвижен самиот и генерално таму правеле терапија по 15-20мин дневно и после буквално те фрлаат во соба до наредниот ден. Работата е што човекот е отсечен во десната страна ( рака/нога) и е неподвижен самиот, потребни се стручни/јаки луѓе што ќе го превртуваат/подигаат/спуштаат во кревет и помагаат при физикални потреби/перење/пресоблекување и сл.

Луѓе што чуваат стари лица не се стручни за тоа што ни треба (како што веќе спомнав тие се за општи домаќински работи), меѓутоа најдов обучени медицински техничари што ја прават таа услуга па ќе видиме.

Алтернативна медицина - не фала. Алтернативна медицина што функционира се вика медицина.
Не примаат само амублантни (подвижни/сосема функционални) во заводот во козле, туку и стационарни. Стажирам таму па ако имаш некој попрецизни прашања слободно прашај.
Иако не е баш најдобар заводот во Козле, нема друго место кај нас каде би можел освен Катланово, ама тие сепак се бават повеќе со ревматски заболувања отколку мозочни удари.

На твое место јас би барал место во заводот, терапијата таму е најсоодветна и добро обучен кадар го води најважниот дел од терапијата после мозочен удар. Сега, изгледот и хигиената на местото не се на завидно ниво, и би препорачал грижа од домашните за удобноста/хигиената на пациентот доека е таму.

Па , со малку труд, после тие 28 дена би требало да биде бар малку оспособен за да може да ви се сведе терапијата на повикување на терапевт во домашни услови, неколку пати во недела со што и од финансиска гледна точка ќе ви биде малку олеснет целиот немил настан.
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.145
Поени од реакции
18.172
Не сум доволно информиран, ама пробајте со Свети Еразмо во Охрид.Памтам дека порано носеа пациенти од цела Македонија, посебно деца за физикална.На нивната веб страна наведено е и физикална терапија и рехабилитација, само дали постојат разлики или специфики во зависност од типот на повреди и/ли возразна структура не знам.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom