дали пафкање цигари е поопасно отколку нормално пушење?

Член од
1 јуни 2016
Мислења
6
Поени од реакции
0
дечки, почетник пушач сум, никогаш до сеа немав запалено цигара, се до вчера, но не се осмелив да го вдишам димот... туку само она обично пафкање. Другари ми викаат дека тоа е поопасно од нормално пушење па ме интересира дали се во право?

пс/ препорачајте ми некои послаби цигари онака како за почетник.
 
Член од
29 декември 2012
Мислења
275
Поени од реакции
480
Тоа срање не ти треба не се ни заучувај да пушиш ќе ти се загорчи животот буквално еднаш ако ги заучиш мн тешко назад така да пази што правиш ако ти е за чалам најновите изтражувања покажуваат дека тоа беше ин пред 10-15 години не сега поздрав !
 

M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.363
Пуши, пиј, дрогирај се, убо ти викет другарите биди си мангуп.
Налет то и сите момичиња ќе те сакет.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Тоа срање не ти треба не се ни заучувај да пушиш ќе ти се загорчи животот буквално еднаш ако ги заучиш мн тешко назад така да пази што правиш ако ти е за чалам најновите изтражувања покажуваат дека тоа беше ин пред 10-15 години не сега поздрав !
Бре бре, за цигари праи муабет дечкото а не за хорс ебате.
 
Член од
21 септември 2016
Мислења
831
Поени од реакции
1.135
И двете се опасни али овака забите лом ќе ти бидат и имаш големи шанси за развивање на парадентоза а и рак на јазик и рак на грлото исто така се потенцијални ризици, уствари факт е дека имаш многу ризици и негативности од цигарите, не те прави покул ако пушиш или као демек поценет ќе бидеш, ако некој те поштуе ќе те поштуе и без тоа а кај тебе глеам не се работи за зависност него за некаков си имиџ и слика која сакаш да ја претставиш пред друштвото.
И + ќе смрдиш :sick: и забите жолти и ноктите и врвовите на прстите и косата ќе ти смрди и кожата постаро ќе ти изгледа и белите дробови катран црни ќе ти станат и ќе кашлаш и гадно е веруј :D јес да 90% од популацијата пуши али тоа не го оправдува самото пушење и не ги побива набројаните факти.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.271
Ако сакаш да си фаца, пуши луле или томпус или наргиле.
Замисли в кафиќ и ќе речат другарчињата “Ај на по една цигара“, излегвате вадат пакетите, а ти од куферче вадиш наргиле, клаваш вода, тутун, јагленче, палиш, клокоти водата, ти издишуваш густи облаци чад а женските те гледаат восхитено и ти велат “ОПЛОДИ МЕ“

 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
И едното и другото е штетно. Ем си ги уништуваш белите дробови, ем си ги уништуваш забите и состојбата во усната празнина, ем ќе смрдиш на цигари. Тие пари што ќе ги даваш месечно за цигари подобро дај ги за некој спорт. Цигарите ни ќе те доведат до подобра положба во општеството (читај помеѓу другарите), ни ќе ти променат нешто на подобро. Што подалеку од нив, тоа подобро. Воопшто не ги ни почнувај.
 
Последно уредено:
J

joe.b

Гостин
дечки, почетник пушач сум, никогаш до сеа немав запалено цигара, се до вчера, но не се осмелив да го вдишам димот... туку само она обично пафкање. Другари ми викаат дека тоа е поопасно од нормално пушење па ме интересира дали се во право?

пс/ препорачајте ми некои послаби цигари онака како за почетник.
Не почнувај воопшто, и како што кажа @smihajlo thank us later.[DOUBLEPOST=1477577635][/DOUBLEPOST]
за некаков си имиџ и слика која сакаш да ја претставиш пред друштвото.
.
А се си мислев дека тој имиџ полека умира, и дека сега си покул ако не пушиш. o_O
 
D

Daedalus

Гостин
@davorstoj1
Ризикот за фаќање на многу болести помеѓу кои и рак, е поголем од тој кај непушачите и кај пушачи кои пафкаат, а не само кои вовлекуваат. Со тоа што пафкаш, можеби не внесуваш дим во дишникот и белите дробови, со што ја намалуваш до некаде шансата за канцер на тие делови (иако и кога пафкаш, дел од честичките кои се во димот ти вдишуваш, во најмала рака на ниво на пасивен пушач), но истовремено, подолго ги изложуваш усната шуплина и грлото на дим пошто ти стои во уста, а со тоа ја зголемуваш шансата за фаќање канцер на тие делови. Исто така, пушењето го зголемува ризикот за канцер на џигер, панкреас, црева, простата, хранопровод и бубрези, без разлика на тоа дали вовлекуваш или пафкаш.

Освен канцер, постои ризик да заболиш од разно разни други болести и со пуфкање и со увлекување, како кардиоваскуларни болести, оштетување на забите и непцата, астма, па дури и според некои нови истражувања, се зголемува шансата за фаќање на дијабетес 2 кај долгогодишни пушачи со што не знам колкави се шансите кај пушачи кои увлекуваат наспроти тие кои пафкаат.

Сите овие ризици, ги добиваш за само 60-100 денари дневно потрошени пари, со 100-150 денари дневно за викенди кога си излезен ако пиеш и ги швајцаш цигара за цигара, а тоа се околу 2000-3000 денари од твојот џепарац месечно!

Евтино е, посебно за наши стандарди.
 
Член од
9 август 2014
Мислења
425
Поени од реакции
996
Ако ти е страв да пафкаш, тогаш пуши, но пробај да биде со кондом.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom