Штрковите не сакаат да си одат од Македонија

Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.542
Ексклузивно! Штрковите одбиваат да ја напуштат Македонија и да сe преселат на југ!


Скопје, 7 септември 2014 - Македонските граѓани деновиве се сведоци на многу необична и досега невидена појава. Имено, дури и на децата им е познато дека штрковите секоја година, при крајот на летото, со завршувањето на топлите летни денови и опаѓањето на температурите ја започнуваат миграцијата кон Африка каде што ја поминуваат зимата, а потоа со првите пролетни денови се враќаат во Европа. Но годинава, овој настан кој се случува традиционално стотици години наназад, изостанува.
Македонските штркови ниту ја започнале преселбата, ниту пак имаат таква намера.

Со цел да дознаеме нешто повеќе се обративме до Петко Петковски, професор на Ветеринарниот факултет во Скопје. Еве ја неговата изјава: "Дефинитивно се работи за своевиден феномен, досега незабележан во животинскиот свет. Прво мислевме дека можеби тоа има врска со климатските промени и глобалното затоплување, но по опсежните истражувања и анализи дојдовме до запрепастувачки сознанија. Главен виновник за одбивањето на штрковите да го напуштат македонското тло се постовите на @dzonyb на Кајгана форум. Сеуште не знаеме како, но информациите на dzonyb за даночниот рај, растот на БДП, инвестицискиот бум, за грижливите работодавци од Дрекслмаер кои покрај огромните плати од 200 евра нудат и, замислете си, исхрана во менза, сето тоа стигнало до штрковите и сега тие не сакаат ни да мрднат од Македонија, иако тоа би можело да значи смрт за нив, со оглед на тоа што не се во можност да ги преживеат македонските зими."
Господинот Петковски воедно не информираше дека редовно комуницира со своите колеги ширум светот и дека во другите делови од Европа преселбата се одвива вообичаено, без никакви пречки. Исклучок се штрковите од Германија, кои разочарани од тамошната економска состојба, преселбата ја започнале уште во јули, а дел од нив, наместо кон африканскиот континент, се упатиле во Македонија.

Го контактиравме и господинот Силјан Штркот, кој поради извесни настани во минатото, за кои не сака многу да разговара, сега поседува способност да комуницира со штрковите. Тој ги потврди нашите сознанија.
"Точно е, се` што наведовте е точно. Штрковите го читаа dzonyb и сега по никоја цена не сакаат да го напуштат овој рај на земјата, макар и привремено. Капак на се` беше последната тема на dzony, во која се тврди дека македонските деца се најсреќни на светот. Штрковите се пожртвувани родители кои го сакаат само најдоброто за своите штркчиња и оваа тема само го зацементира нивниот став да останат тука."

Во меѓувреме, во нашата редакција почнаа да се јавуваат загрижени граѓани од кои можеа да се слушнат најразлични информации. Бранко од скопски Карпош ни изјави дека нешто слично се случувало и пред четириесетина години во Романија, за време на владеењето на Чаушеску, кога поради благосостојбата во која се наоѓала државата штрковите не сакале ни да слушнат за преселба.
Менде од Цапари тврдеше дека додека бил на лов забележал група од десетина кенгури дојдени од Австралија. Климе од Пештани се колне дека на брегот на Охридското Езеро забележал пингвини, кои разочарани од состојбата на Антарктикот спасот го нашле токму тука, во Македонија.
Како овие животни стигнале тука и колку имаат намера да останат, засега не е познато, но нашите екипи се на терен и во најбрзо време ќе се јавиме со најнови информации.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Дури и тие што си отишле сакат да се вратат
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.152
Поени од реакции
4.950
Пред 2 години Владата им понуди на штрковите легализација на гнездата за само 1евро.

Договор беше потпишан и со ЕВН , штрковите социјалци кои поставиле гнезда во бандерите нема да плаќаат легализација.
 
D

Daedalus

Гостин
Пред 2 години Владата им понуди на штрковите легализација на гнездата за само 1евро.

Договор беше потпишан и со ЕВН , штрковите социјалци кои поставиле гнезда во бандерите нема да плаќаат легализација.
А потоа се постави барање до ИСШ (Islamic State of Штрковија)
да се остават на раат необрезаните штркови и да не бидат ловени и убивани од страна на припадниците на истата. За жал барањето беше одбиено, а штрковите мораа да се преселат накај Карпош и тој дел од Скопје бидејќи тие во Топанско, Гази Баба и Радишани беа убивани за време на Велики Штрковток.
 
Последно уредено од модератор:

SinisteR.

Is this your homework Larry?
Член од
10 јуни 2011
Мислења
2.823
Поени од реакции
7.032
Се' повеќе странски штркови се заинтересирани за отворање свои гнезда во слободните економски зони во РМ, при што ќе се отворат нови работни места за Македонските штркови кои ќе им ги градат гнездата и ќе им ловат црви и мушички
 

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.115
Поени од реакции
20.189
Па то управо викам ја... и ни ова ни треба ова расдјјсдф да ти ебем и влада и ова све... Ни цвече, лани ова све беше разцветано, и пчели и ова... нити птица се врача ни ни ништо.. Они и америка че ова... шетат само и овакво... ти ебем ја, и оваквото бе... мммме разбираш!? А осим то и со грциве ништо не направија ме разбираш.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.136
Поени од реакции
18.135
  • Во последно време и се поголем број штркови семејства купуваат гнезда во Македонија.Во прв план околината на Охридско Езеро, Маврово, кањонот Матка и Берово, меѓутоа и места со силен економски раст како Кавадарци и Бунарџик.Сите странски штркови добија повластена даночна стапка за данок на недвижности, како и бесплатно регистрирање фирми

  • Поради навалата од штркови, ЕВН, Телеком и сите поголеми телекомуникациски фирми на вонреден состанок одлучија да стават пет годишен мораториум на преместувањето кабли подземно, како и да ја разгранат мрежата со цел повеќе место за новите жители

  • МПЦ ги намали за 3% давачките за крштевки на штркови, а бездомните штркови добија сместување во црковните камбанарии
  • Агенцијата за цивилно воздухопловство објави дека ќе ги плати долговите на штрковите за прелет над други држави во последните 2 години, а прелетите над Македонија ќе бидат бесплатни.

  • Птичјиот резерват Езерани на брегот на Преспанско Езеро доби споменик на штрк кој беше изграден во рекордно време.Незадоволство од новиот споменик искажаа орлите.

  • Општина Прилеп пак, изгради споменик бандера во селото Мало Коњари како место со најголема традиција и популација на штркови

  • Општините Боговиње, Сарај и Липково организираа бесплатни водичи - орли за новодојдените штркови.Сепак, тука настанаа и првите проблеми со новите жители.
    Имено, водичите се жалат на однесувањето на штрковите, а тие пак тврдат дека нивниот подмладок е напаѓан.
    Истовремено, штрковите од Битолско потпишаа петиција за изградба на штркодром.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom