Што според Библијата кажува Бог за оние кои за време на брак се заљубиле во друга личност?

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
[DOUBLEPOST=1398714634][/DOUBLEPOST]
Венчаните христијани кои му посветуваат премногу внимание на некој од спротивниот пол неразумно си ставаат трн во здрава нога. За жал, се случува некои да се вљубат во оние со кои станале премногу блиски (Матеј 5:28). Ваквата емоционална блискост ги навела да направат работи со кои уште повеќе го обесчестуваат бракот,откако го дал советот „бракот нека биде чесен“, Павле го дал следново предупредување: „Брачната постела нека биде чиста, зашто Бог ќе им суди на блудниците и на прељубниците“ (Евреите 13:4). Со изразот „брачната постела“ Павле укажува на половите односи. Половите односи се ‚чисти‘ само во бракот. Затоа христијаните се послушни на вдахновените зборови: „Радувај се со жената на својата младост“ (Изреки 5:18). Оние што имаат полови односи со некој со кого не се во брак покажуваат големо непочитување за Божјите морални закони. Точно, денес мнозина ја сметаат прељубата како нешто сосема нормално. Но, што и да мислат луѓетоза прељубата, тоа не смее да влијае врз мислењето на христијаните. Ним им е јасно дека на крајот „Бог ќе им суди на блудниците и на прељубниците“, а не луѓето.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom