Што според Библијата кажува Бог за оние кои во време на Брак се заљубиле во друга личност?
Дали некој има одговор на ова ?
Благодарам Однапред...
„Не прељубодејствувај!“ (
Излез 20:14, Библијата)
„Зашто Јас го мразам напуштањето на жената - зборува Господ, Израелевиот Бог - и оној, кој со неверство ги валка своите облеки “ (
Малахија 2:16, Библијата)
„А Јас ви велам дека секој, кој гледа на жена со желба, веќе извршил прељуба со неа во своето срце.“ (
Исус, ев. Матеј 5:28, Библијата)
„Секој кој ја остава својата жена и се жени со друга, прави прељуба; “ (
Исус, ев. Марко 16:18, Библијата)
„Зашто, ова е Божјата волја, вашето осветување, да се воздржувате од блудство, секој од вас да знае да го држи својот сад во светост и чест, не во похотна страст, како народите кои не Го познаваат Бога; да не престапува и го измамува својот брат во тоа, зашто за сè тоа Господ е Одмаздувач, како што ви рековме и сведочевме порано. Имено, Бог не нè призва на нечистота, туку на осветување. Затоа, кој го отфрла тоа, не го отфрла човекот, туку Бога, Кој ви Го дава и Својот Свети Дух.“ (
Апостол Павле, 1 Солунјаните 4:3-8, Библијата)
Итн. Би требало овие да се доволно. Позз
--- надополнето: Jun 22, 2011 9:25 AM ---
Јас мислам дека библијата кој и да ја прочита различно ќе ја сване.
Од каде ти е тоа мислење?
Можеш ли да наведеш две различни интерпретации на заповедта „Не прељубодејствувај!“ ?