Што недостасува во македонските филмови?

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Пари , актери , секс , акција и комедија
Секс и не верувам баш дека недостасува, па во секој македонски филм неизбежно има секс сцени кои ретко се направени од уметнички аспект, туку го вулгаризираат сексот на некој начин. А многу често секс сцената, не соодветствува воопшто со претходната сцена или приказната како целина.
 
Член од
14 април 2010
Мислења
628
Поени од реакции
219
Не знам колку имате забележано,ама дефинитивно има недостаток од зборови :) 90 минути филм,79 минути се ќути :eek: Секс сцените се тотално непотребно уфрлени-во македонски секој филм или како што кажа Crazy in Love погоре,коо да немаат поента.И аман веќе од - депресија,смрт,мачење,и сите срања шо одат заедно.Дефинитивно фали креативност и ПОВИШЕ ЗБОРУВАЊЕ !
 
Член од
26 април 2011
Мислења
23
Поени од реакции
4
Во Македонија во моментот нема никакви шанси да се направи филм од Холивудски или било каков друг калибар. Ги немаме тие финансиски средства! Филмови од следниве жанрови, секако од поголем калибар: акционен, научно - фантастичен, тинејџерски, трилер (добро за трилер баш и не сум многу сигурен) или сл. нема уште многу години да видиме на нашите "испокинати" филмски платна. (под калибар се подразбира: кршење на коли, бркање со полиција, правење на невидени анимации, пишување на добри сценарија итн... што во суштина се -> ПАРИТЕ).

Иако имаме мнооогу позната фирма за анимирање на сцени од такви некои научно - фантастични/акциони филмови FX3X http://www.fx3x.com/, сепак ПАРИТЕ се тие што кажуваат што ќе се снима. За талентот на нашите актери нема да дискутирам (има мноогу добри, но малку се). Од мала држава што се' уште не може да се опорави од војните, окупаторите и секојдневните пропаганди (од истите окупатори), не може да се очекува да направи ЧУДА. Го имаме скоро секој потенцијал за добар филм: место за снимање, талентирани актери, техничка поддршка, сценаристи, режисери и се' што е потребно за добар филм..... освен ПАРИ.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.617
Поени од реакции
18.089
Во Македонија во моментот нема никакви шанси да се направи филм од Холивудски или било каков друг калибар. Ги немаме тие финансиски средства! Филмови од следниве жанрови, секако од поголем калибар: акционен, научно - фантастичен, тинејџерски, трилер (добро за трилер баш и не сум многу сигурен) или сл. нема уште многу години да видиме на нашите "испокинати" филмски платна. (под калибар се подразбира: кршење на коли, бркање со полиција, правење на невидени анимации, пишување на добри сценарија итн... што во суштина се -> ПАРИТЕ).

Иако имаме мнооогу позната фирма за анимирање на сцени од такви некои научно - фантастични/акциони филмови FX3X http://www.fx3x.com/, сепак ПАРИТЕ се тие што кажуваат што ќе се снима. За талентот на нашите актери нема да дискутирам (има мноогу добри, но малку се). Од мала држава што се' уште не може да се опорави од војните, окупаторите и секојдневните пропаганди (од истите окупатори), не може да се очекува да направи ЧУДА. Го имаме скоро секој потенцијал за добар филм: место за снимање, талентирани актери, техничка поддршка, сценаристи, режисери и се' што е потребно за добар филм..... освен ПАРИ.
Колку пари се потребни за да некој напише неизвештачени реплики кои нема да го направат филмот да изгледа тенденциозно односно да посакува на сила да ја постигне целта или поентата или атмосферата односно поентата да му се наметнува на гледачот а не да му се дозволи тој самиот да ја открие или доживее (иако и не секој е способен за тоа)? Јебига уметноста е суптилна ствар а нејзината суптилност уште повеќе зависи и од кој тоа ја пренесува до реципиентите.
 

JimmyHoFFa

NAVIGATOR
Член од
8 септември 2010
Мислења
1.196
Поени од реакции
482
Македонци недостасуваат во македонските филмови...
 
Член од
9 јуни 2011
Мислења
14
Поени од реакции
7
Се е некако мрачно,тешко, ` со некакви длабоки идеи` , инсистирање на литературниот говор , кој патем речено никој жив не го користи , `тажни судбини`,`напатени души`,..
Де факто кај нас и не е се розово , аме не е никаде во свет , пе не се дотолку опседнати со црнилото.
 

Mila Mina

❤ ❤ ❤ ❤ ❤ ❤ ❤ ❤
Член од
12 ноември 2011
Мислења
649
Поени од реакции
712
Нашите филмови генерално се депресивни и мрачни тешки за глеање.Или факаат самоубиствени теми расочарувачки и многу се мрачни брее психопатски ликови некои самубиства наркоманија дното на општеството им е тема број 1!! ужас:rolleyes:
Режисериве и сценаристи или се у тежок даун и на тешки дроги пошто тие срања што ги прават незнам кој ги разбира осим нив самите...другар ми кажа баш ко да се натпреваруваат у ФДУ кој подепримирачки и помрачен филм ке направи :D така да.....осим Милчо кој и не е баш наша школа само е роден тука;) нема никој по мене саглам.
А пари ке се најдат за добар филм..како србиве вака така вадат некое добро филче и сите овде ги гледаме..кој од нив гледа наш филм?
Ке го чекаат Милчо у бифе у ФДУ пак да дојде да ги викне за улуги и работа у негов филм.....утопија..
 

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.812
Па како сакате да имаме филмови,кога ние немаме режисери кои сакаат да снимаат и да биде што е можно по гледано и да добијат огромна заработка.

Ние овде имаме само исфрустрирани уметници....кои кога ќе го направат филмот,ти тупат по интервјуа дека тоа е од огромна уметничка вредност,пренесена длабочина на чуства...бла бла....

А од друга страна филмовите ги снимаат од буџетот од владата.....и нема потреба они после тоа да се замараат дал ќе им биде гледан филмот,и колку ќе им биде заработката....нали :icon_lol:
 
Член од
31 јануари 2011
Мислења
779
Поени од реакции
382
Добро сценарио. Преку такво од досадни драми и црни комедии.
 
V

Vollstandig

Гостин
Македонската филмска индустрија, дефинитивно треба да се однеси на ремонт.
Освен Солунски Патрдии, Викенд на мртовци, и оној со баба зумбула кој почнува интересно а колку го гледаш сфаќаш дека е срање, други филмови незнам дали вреди и да се спомнат.
На што личи оној : “Јас сум од титов велес“? И сите останати филмови последно извадени?
Главен акцент се става на руралните и сиромашните средини кои се прикажуваат како да се дел од животот во македонија, се става акцент на секс, на наркоманија, депресии, и ништо, ама апсолутно ништо интересно. И како што кажаа членовите погоре, зборење човеку...збори...на филм си, од 1 саат филмот што трае зборењето им е околу 20 минути а останатото е во гледање...гледање....гледање...и мислење.

Пред некој ден случајно се загледав во тв-то, додека домашните мои гледаа некоја серија. Не гледам сапуници,но вниманието ми го сврти една турска серија на која не и го знам името, каде разговараат 2 девојки, една со друга, е сеа сценава трае можеби околу 20 секунди, но се застанати на многу интересен и убав мост и камерата фактички на почетокот ги снима нив, а од тука цело време врти и го прикажува градот и природните убавини наоколу.
Кај нас што се прикажува од македонија бре, она што не е ни вистина! Срам за режисерите и глупавите идеи кои ги имаат, ете како турција стана позната, со нивните добро смислени серии, значи разговорот за кој го спонав погоре помеѓу двете актерки можеше да се одигра и во соба, но сепак да се прикажи турција се снима на поегзотично место. Исто како што турстичките агенции направија дебели пари носејќи луѓе кај куќата од шехерзад за сликање...

А што кога некој странец ќе го изгледа некој македонски филм? Што ќе речи, ќе одам во македонија и ќе се сликам со козата од трпана...?

Србите на ова поле, за чудо,многу се истакнаа имам изгледано еден тон српски филмови и навистина знаат што сака народот да гледа.

Значи најпрво да земиме во предвид- СЕРИИТЕ, уште како мал кога бев се прикажуваше “болји живот“ уназад ако вратиме жикина династија, и уште други серии кои постарите ги помнат, е сега во поново време значи има еден тон серии, филмови што излегуваат од српската филмска продукција и навистина се на завидно ниво.Едни од подобрите што ги изгледав се: “Ќе се вратат штрковите, шејтанов ратник, како је пропао рок`ен`ролл, Ми нисмо анџели,ко то тамо пева (филмов е пред 100 год ама итнересен е) итн...
 
Член од
29 јули 2010
Мислења
68
Поени од реакции
4
Во македонските филмови се фали, а најмногу фалат актерите. Во секој филм глумат истите актери и 90% од нив немаат ни Г од глумење. Со еден збор :гомце:. И да какошто спомнаа некои од вас, преку глава му е на народот од магариња, распаднати куќи и стари баби со по 2-3 заба. :cool:
 
Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.113
Поени од реакции
824
Тоа е тоа, се е кажано во претходните постови.
Кажи-речи сите филмови третираат исти работи: сивило, сиромаштија, безработица, живеење на работ, наркоманија, проституција.
Изобилуваат со вулгарност и експлицитни секс сцени на кои и не им е местото во приказната која тече во филмот.

Ни фали ведрина, колоритет, урбана димензија, нешто интересно, возбудливо, позитивно.
Снимено на атрактивни и интересни локации (не по гробишта, затвори, куќарки од картони и тоалети).
Актерите цело време тераат исфорсирана и вештачка глума и цел живот едни те исти ги гледаш и во филмови, и во серии, и како водители, и како гласови кои синхронизираат турски серии. Толку ли немаме млади актери, нели ФДУ секоја година редовно вади дипломци?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom