За жал, последните неколку години на форумов се случува на најнормално прашање како твоето да наидеш на коментари од ваков вид.
Имено, се случува некој натпревар околу тоа кој ќе напише најдосетлив, сакрастичен, англиско-хуморен-паметен, мудро-хумористичен-со-доза-на-сарказам-ебам-ли-го или трол коментар, што ја побива целата поента зошто служи форум како овој. Али небитно. Деца се деца.
Сајтот е аматерски направен, што веднаш побудува сомнеж.
Има таканаречена affiliate програма од сајтови (оние демек да "заработуваш" со кликање). Имено, ти дават линк, и ти како affiliate на тој линк ќе земаш процент од нивната заработка.
Од тука и ваквите сајтови, најчесто аматерско направени. Пред да помислиш и ти да се кандисаш по affiliate, би ти препорачал подобро да се пронајдеш во нешто што си добар, услуга што можеш да ја продаваш, и да се пробаш на freelance сајтови. Нормално, потребен ти е англиски јазик за било која работа online.
Без работа нема пари, и кога сме веќе на темата бегај како од ѓавол од Лајонес, Хербалајф и слични зла.
Со среќа.