Што мислат религиозни луѓе за еволуција?

Ne-misli

Жив ѓавол
Член од
2 август 2016
Мислења
351
Поени од реакции
639
Дека се е во константна промена, дека се еволуира, се менува и се адаптира.
Алоооо....нема никакви промени во душата на човекот. Од самото постоење до ден денес нема ама баш никаква промена. Љубовта е љубов од самото постоење на човекот. Нервозата е иста, чуствата се исти.....итн итн...Кога се зборува за креационизам во религијата се зборува за внатрешноста кај човекот, а внатрешната еволуција се постигнува само со помош на религиите.
Зошто мешате баби и жаби?
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950

Под душа, различни луѓе подразбираат различни нешта, слично е и со емоциите и со останатите субјективни категории. Објективната реалност, живиот свет и универзумот се во постојана промена и константно се менуваат и еволуираат. Креационизмот најчесто се однесува на живиот свет и на земјата, креационистите тврдат дека човекот одсекогаш бил таков каков што е денес, дека животните одсекогаш биле такви какви што се денес, дека земјата била одсекогаш таква каква што е денес. Тоа е погрешно и има безброј докази што го потврдуваат тоа.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Има тема, еволуција наспроти креационизам, таму имаш аргументи со тони. Еволуцијата е факт, не е мислење не е верување. Има организми што се еволуирани во точно познат период, прилагодени на услови што се создадени од човекот. Фармацефтската индустрија не би постоела доколку еволуцијата не е факт.
 
Член од
17 јануари 2014
Мислења
95
Поени од реакции
10

Толку многу логички заблуди на едно место и како за крај "Фармацефтската индустрија не би постоела доколку еволуцијата не е факт" , мислам генијалец си нема што ...
Да беше еволуцијата факт немаше да постојат волку свесни луѓе што се уште останале скептични на темава.
https://www.youtube.com/watch?v=31MI5c7LYSU

Изгледај го документарецот без игнорантност и ќе ти стане јасно
https://www.youtube.com/watch?v=V5EPymcWp-g

Повеке од јасно е дека еволуцијата се базира на обична пропаганда и ги труе наивните луѓе како тебе
 
Ај информирај се како се добива инсулинот што го користат дијабетичарите, информирај се како опстојува и од што се храни бактеријата Flavobacterium, информирај се што сведочат фосилните остатоци.
Еволуцијата е факт, реалност, потврдена, докажана и присутна.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.273
Алоооо....нема никакви промени во душата на човекот. Од самото постоење до ден денес нема ама баш никаква промена. Љубовта е љубов од самото постоење на човекот. Нервозата е иста, чуствата се исти.....итн итн...Кога се зборува за креационизам во религијата се зборува за внатрешноста кај човекот, а внатрешната еволуција се постигнува само со помош на религиите.
Зошто мешате баби и жаби?
A oва за љубови и нервози шо го тврдиш, имаш некои посебни познавања за љубови и нервози каи пештерски луѓе па наваму?
Сигурен си дека неандарталецот романтично грофкал и осеќал жешки бранови кога ј гледал својата сакана неандарталка како раскинува и џвака пресна и се уште топла сплина од некој елен?
 
Член од
17 јануари 2014
Мислења
95
Поени од реакции
10
Ај информирај се како се добива инсулинот што го користат дијабетичарите, информирај се како опстојува и од што се храни бактеријата Flavobacterium, информирај се што сведочат фосилните остатоци.
Еволуцијата е факт, реалност, потврдена, докажана и присутна.
Тоа што инсулинот од животните може да се користи кај човекот не вели ништо за еволуцијата незнам како ги поврзувате тие работи . Фосилните остатоци се само парчиња од изумрени организми, незнам што очекуваш да докажат ? Дека китот некако еволуирал од кравата ?
И ова "Еволуцијата е факт, реалност, потврдена, докажана и присутна" е мн забавна реченица . Пример можеме да напишеме и "Дедо мраз е факт, реалност , докажан и присутен". Ама тоа нема да ги направи докажани.
Доколку еволуцијата е факт ќе ја прифаќаме како што прифаќаме дека гравитацијата постои или како дека 2 + 2 се 4 . Нема да постојат скептици во научното поле како на пример што ти пратив погори за жал не си ги ни отворил изгледа.[DOUBLEPOST=1471953816][/DOUBLEPOST]
Сигурен си дека неандарталецот романтично грофкал и осеќал жешки бранови кога ј гледал својата сакана неандарталка како раскинува и џвака пресна и се уште топла сплина од некој елен?
http://www.livescience.com/41982-neanderthals-buried-dead.html
Па кога веќе имале свест да го погребуваат починатиот , не ме чуди и ова што ти го велиш . На крај можеби ќе испадне дека неандраталецот бил едонставно човек :) .
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.273
Дека китот некако еволуирал од кравата ?
да не бегаше од часови по биологија за да одиш на флипери ќе знаеше дека китовите ватре во скелетот имаат закржлавени коски на нозе, знак дека некогаш нивните претци се движеле по копно[DOUBLEPOST=1471954034][/DOUBLEPOST]
Т

Па кога веќе имале свест да го погребуваат починатиот , не ме чуди и ова што ти го велиш . На крај можеби ќе испадне дека неандраталецот бил едонставно човек :) .
Научно се знае дека крапинскиот човек бил хрват
 
Член од
17 јануари 2014
Мислења
95
Поени од реакции
10
да не бегаше од часови по биологија за да одиш на флипери ќе знаеше дека китовите ватре во скелетот имаат закржлавени коски на нозе, знак дека некогаш нивните претци се движеле по копно
Тоа е кога од часови по биологија не си мрднал подалеку така ќе размислуваш :D
http://www.reasons.org/articles/is-the-whale-pelvis-a-vestige-of-evolution

PS: Требало да одеш на флипери
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Тоа што инсулинот од животните може да се користи кај човекот не вели ништо за еволуцијата незнам како ги поврзувате тие работи . Фосилните остатоци се само парчиња од изумрени организми, незнам што очекуваш да докажат ? Дека китот некако еволуирал од кравата ?
И ова "Еволуцијата е факт, реалност, потврдена, докажана и присутна" е мн забавна реченица . Пример можеме да напишеме и "Дедо мраз е факт, реалност , докажан и присутен". Ама тоа нема да ги направи докажани.
Доколку еволуцијата е факт ќе ја прифаќаме како што прифаќаме дека гравитацијата постои или како дека 2 + 2 се 4 . Нема да постојат скептици во научното поле како на пример што ти пратив погори за жал не си ги ни отворил изгледа.
Очигледно дека немаш поим од ова што си го изнатрескал. Ти мислиш дека можеш да земеш животно и да му го ,,измолзеш" инсулинот за да го користиш на луѓе? Не оди тоа така. Инсулинот што денес се произведува за дијабетичарите го произведува специјално еволуиран квасец, организам што не постоел пред човекот да го адаптира за произведување на инсулин.
Но не е само тоа аргумент за еволуцијата, бактеријата што ја спомнав, еволуирала да се храни со најлон, а најлонот е вештачки материјал што го нема во природата и не постоел се до 30-те години од минатиот век. Е сега ако сите живи битија се создадени одеднаш и онакви какви што се, тогаш тоа би значело дека бактеријава била на 8000 годишно гладување (бидејќи според православците универзумот е стар 8000 години).
Примери има уште илјадници.....ама доволно е дискутирано на темата еволуција наспроти креационизам. Секој при здрав разум, лесно ќе свати дека еволуцијата е факт, реалност. Единствено оние што не сакаат да си ги рушат сопствените илузии ќе ги затвораат очите пред фактите.
 
Член од
17 јануари 2014
Мислења
95
Поени од реакции
10
Очигледно дека немаш поим од ова што си го изнатрескал. Ти мислиш дека можеш да земеш животно и да му го ,,измолзеш" инсулинот за да го користиш на луѓе? Не оди тоа така. Инсулинот што денес сенпроизведува за дијабетичарите го произведува специјално еволуиран квасец, организам што не постоел пред човекот да го адаптира за произведување на инсулин.
Но не е само тоа аргумент за еволуцијата, бактеријата што ја спомнав, еволуирала да се храни со најлон, а најлонот е вештачки материјал што го нема во природата и не постоел се до 30-те години од минатиот век. Е сега ако сите живи битија се создадени одеднаш и онакви какви што се, тогаш тоа би значело дека бактеријава била на 8000 годишно гладување (бидејќи според православците универзумот е стар 8000 години).
Примери има уште илјадници.....ама доволно е дискутирано на темата еволуција наспроти креационизам. Секој при здрав разум, лесно ќе свати дека еволуцијата е факт, реалност. Единствено оние што не сакаат да си ги рушат сопствените илузии ќе ги затвораат очите пред фактите.

Никој не ги затвара очите пред фактите , фактите се далеку од еволуцијата .
Бактеријата што се хранела со најлон и со ништо друго е најсмешната глупост што некогаш сум ја слушнал.Кога читаш постови од луѓе што се когнитивно пристрасни кон еволуцијата се разбира дека со такви глупи аргументи ќе се служат .
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.273
Никој не ги затвара очите пред фактите , фактите се далеку од еволуцијата .
Ко ќе клиниш на ABOUT, на сајтови кои ги нудиш како доказ и поткрепа за твои тврдења ќе видиш:

RTB's mission is to spread the Christian Gospel .....

Велиш немало еволуција, жими госпот, Амин
хахаха
 
Член од
17 јануари 2014
Мислења
95
Поени од реакции
10
Ко ќе клиниш на ABOUT, на сајтови кои ги нудиш како доказ и поткрепа за твои тврдења ќе видиш:

RTB's mission is to spread the Christian Gospel .....

Велиш немало еволуција, жими госпот, Амин
хахаха
Било кој пост што си го прочитал за еволуцијата е напишан од луѓе кои се когнитивно пристрасни кон неа. Само се трудат како да го оправдаат тоа што сакаат да веруваат дека е точно. Истото тоа што ти го правиш. Инаку доколку си навистина објективен ќе ги изгледаше видеата што ти ги пратив и доколку размислуваш свесно ќе ти станеше јасно колку си бил во заблуда цело време.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.273
Било кој пост што си го прочитал за еволуцијата е напишан од луѓе кои се когнитивно пристрасни кон неа. Само се трудат како да го оправдаат тоа што сакаат да веруваат дека е точно. Истото тоа што ти го правиш. Инаку доколку си навистина објективен ќе ги изгледаше видеата што ти ги пратив и доколку размислуваш свесно ќе ти станеше јасно колку си бил во заблуда цело време.
Науката е подложна и слободна и отворена за секакви тестови, испитувања, експерименти опити....
Научните факти се слободни секој да ги доведе во сомнеж и повторно провери нивна точност, многу научни факти се низ времето заменети поправени доусовршени, тоа го движи светот напред
Религијата не е.
Религијата е затворена во догми кои не смеат да се чепнат.
 
Член од
17 јануари 2014
Мислења
95
Поени од реакции
10
Науката е подложна и слободна и отворена за секакви тестови, испитувања, експерименти опити....
Научните факти се слободни секој да ги доведе во сомнеж и повторно провери нивна точност, многу научни факти се низ времето заменети поправени доусовршени, тоа го движи светот напред
Религијата не е.
Религијата е затворена во догми кои не смеат да се чепнат.
Незнам зошто вооошто ја мешаш религијата во ова .
Точно е тоа дека на папир науката се смета за отворена за тестови и испитувања итн .
Во пракса се се сведува на пропаганда и еднаш кога се рашири тешко е да се контраш против нешто.Уште полошо е кога мнозинството од научната заедница е пристрасно кон некоја догма како еволуцијата . Тогаш тоа прераснува во монопол и нема кој да направи Peer - Review .
Истото се случува во медицинската организација. Размисли хипотетички , што би се случило кога некој ќе излезе на пазарот со евтин лек за ракот ?
Ова ќе претставува закана за целата мултимилијардерска фармацефтска индустрија .
Дали тогаш "науката ќе биде слободна за отворени тестови и испитувања" или ќе го убијат ?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom