Што ве иритира кај луѓето?

Ceci0

Captain
Член од
20 јануари 2011
Мислења
334
Поени од реакции
208
Лицемерие (нормално)
Дудлачи односно исто познати како лижипички во некои краишта на Македонија
Луѓе што не гледаат подалеку од својот нос, луѓе кои живеат по шаблон, што мислат дека само нормата која е наметната од општеството е нормална и се останато е не нормално. Не знам еден збор за овие... (narrow minded???)
Лажговци
 

InSuLaNeR

A man who never was a boy.
Член од
13 јули 2009
Мислења
878
Поени од реакции
107
Лицемери, лажговци, "сезнајковци", потрчковци, лижигаз ........
 

VaneStoilov

Jaeger
Член од
6 јуни 2015
Мислења
98
Поени од реакции
13
Лицемери, вртикапи, луѓе со двојни лица, луѓе кои се со тебе додека имаат корист, а потоа не те ни познаваат, сезнајковци, тепачи, луѓе кои што мислат дека светот се врти околу нив.....
 

Mr.Bear

"The prince of darkness is a gentleman!"
Член од
14 декември 2010
Мислења
128
Поени од реакции
118
Апсолутни моралисти вечно закотвени у црно и бело, оние што неосновано бараат посебен третман, крајни левичари, крајни десничари, луѓе што незнаат да изградат свој стил па позајмуваат а после парадираат уникатност, индиректни карактери, плачипички, лажговци со лоши намери, мешачи во туѓи манџи, највеќе од се - луѓе без почит. Не им се нервирам како порано, ги етикетирам и си продолжувам.
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Луѓе што не учат. И повторно и повторно, докажано илјада пати и тие пак во истата заблуда. И пред победа, победата е в раце, а тие ќе се повлечат.
Со најразовидни карактери излегувам на крај, но со луѓето кои не учат, не сакаат да извлечат поука од искуството, не може ништо со нив.
Баш губитници од кои ни Господ не може нешто да направи.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom