Што ако ...не изгрее сонцето.

[zEUs]

Go England!! GO!!
Член од
1 јули 2008
Мислења
4.398
Поени од реакции
535
Што ако ...хипотетички некое утро не изгрее сонцето. Остане само темнината.

Што ќе се случи ? Како ќе влијае тоа на луѓето, живите растенија. Планетата.

Инспирација добив од тоа што е 4 и 30 минути, а сеуште го нема траг од сонцето. Навикнат сум некако сеа до го гледам сонцето.







Не е некоја дебилна тема кога подлабоко ќе помислите.
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.777
Поени од реакции
8.214
Како да не изгрее?
Да згасне комплетно или да биде покриено од друг објект,па да има соларна еклипса?

Во првиот случај,мислам дека нема филозофија.Кога ќе згасне сонцето,сите ќе умреме.Пред да се случи тоа,сонцето ќе се претвори во нова,и живи ќе не изгори нас,а планетата ќе стане пустина.

Во вториот случај(еве да земеме хипотетички дека таков објект кој би го покривал перманентно сонцето би постоел),тогаш не е толку страшно,ќе се адаптираат луѓето.Но,пред да се адаптираат,можно е да има општа паника и хаос,и поредокот како таков да се сруши.
Секој човек во себе носи чувство на клаустрофобија.Клаустрофобијата,како таква,најинтензивна е кога просторот не е само тесен,туку е и мрачен.Мракот е еден од најголемите стравови на луѓето.
Сепак,сите не страдаат од тоа.Кај нас темнината е факт во секој 24 часовен циклус.Навикнати сме на неа.Се додека има доволно топлина и услови за живеење,ќе се адаптираме.Она кое веќе го имаш видено и преживеано како секојдневие,нема да го уништи твојот живот,само ќе го промени твојот биоритам.
Друго ќе беше да бевме планета со две или повеќе сонца во која никогаш немало ноќ,па да ни се случеше такво нешто.Тогаш глобално целиот свет ќе страдаше од дементија и клаустрофобија,па најверојатно и ќе имаше помор на целото човештво.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.326
Поени од реакции
7.788
Нема ни да зајди :toe:.
 
Х

Ханзо

Гостин
Хипотетички, ако нешто го покрие сонцето и неговата енергија не стигнува до земјата, ќе поцрка сè за неколку дена. Температурата ќе падне, нема да има фотосинтеза, животните ќе полудат пред да умрат од глад/студ сè едно, исто како и луѓето кои повторно хипотетички би можеле да се изолираат од новата средина непогодна за живот во некој човечки објект со вештачка светлина и греење, но како и да е храна ќе нема. Така што, мистериозно исчезнување на сонцето = endworld.
А ако не зборуваме сај фај и претпоставиме дека сонцето умира, тогаш новата ќе голтне сè до Марс и понатаму.
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Ми се допаѓа нешто кое го има кажано Ајнштајн, а јас го видов тоа преку реклама. Темнината не постои. Тоа е само недостаток на светлина.
Доколку луѓето би останеле во тотален мрак и сонцето не се појави, мислам дека најверојатно би се јавиле некои движења кои би се осврнале кон тоа размислување. Со тоа би се јавил некаков раздор помеѓу оние кои ќе го бараат спасот во таа теорија и оние кои би се обидувале да сменат нешто.
За влијаниетио врз живите растенија е многу јасно. Процесот на фотосинтеза би прекинал, со тоа кислородот би почнал количински да се намалува, а со тоа би почнала и редукција на човековиот вид.
Сепак, хипотетичкото размислување ме наведува да се присетам на еден дел од ’Времеплов’ на Жил Верн. Поради некои слични проблеми, еден вид на луѓе се имаше навикнато да живее во тотална темница, без никаков зрак светлина. Но дефинитивно, тој вид на луѓе беше далеку од она кое може да се нарече човек. Тие беа модифицирани и мутирани.
Токму ова би се случило дури и ако проблемов се постави хипотетички.
 
V

[vladimir]

Гостин
Науката вели дека сонцето после неколку милиони години ке се зголеми и ќе стане црвен џин, толку силно ќе грее што на земјата дури и морињата ќе испарат, а потоа нуклеарните реакции кои се одвибаат на сонцето( кои прават тоа да грее и свети) ќе го истрошат своето гориво, а тоа ќе почне да се смалува за на крај да стане бело џуџе. Следната фаза би била претворање во неутронска ѕвезда а потоа во црна дупка.
Интересно прашање, но практично и теоретски е невозможно сонцето да не изгрее и со оглед на тоа што Земјата е оддалечена 150 милиони километри од Сонцето, можеме да заклучиме дека сме доста безбедни. Само ќе треба да смислиме ефикасен систем за глобално затоплување и осветлување на нашата планета. Се разбира, само хипотетично.
 
Х

Ханзо

Гостин
[vladimir], пропушташ важен момент од сончевата смрт - експлозијата. И иако 150 милиони километри ни изгледа многу на нас ништожните, смртта на Сонцето ќе испржи сè на Земјата. Од научна гледна точка целиов муабет е смешен, а од филозофско-психолошка не го гледам баш, освен муабетот за клаустрофобијата на Raziel во кој целово снемување на сонцето може да се земе само како вовед.
 

Mlad_man

Sine Qua Non
Член од
20 април 2007
Мислења
3.475
Поени од реакции
207
Стварно темава повеќе забегува кон науката отколку психологии и слично. Еве и хипотетички да кажеме сонцето одеднаш да го снема без никакви експлозии кои би не спржиле и би направиле лоши нешта можеш само со познатите ствари до науката да кажеш што ќе се случи. Прилично истото како на Матрикс филмот(За тие што го гледале) само без роботите. Без сонце ќе нема да има фотосинтеза и ќе нема растенија, а со тоа нема да ни се прочистува воздухот, а и нема да има храна за нас. Некои животни би изумреле температурата би се сменила и се ќе иде на лошо. А од психолошка страна некоја не знам како да се обратам на темава.
 

The Mad Doc

Алхемичар
Член од
16 март 2009
Мислења
653
Поени од реакции
46
Ако сонцето не изгрее научниците ќе измислат ново сонце (вештачко).Сепак,со вештачко сонце не може вечно да се живее.
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Ќе гледаме како мачки. Тие што нема да полудат и се рокнат.
 
R

RAYTHEON23

Гостин
абе да е е ден ден..не е проблем...ама подолго цел екосистем ке се поремети...еве на пример канабис сатива нема да прави фотосинтеза оти нема да има сонце и џанките ке маваат глава од цид:vozbud:
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.777
Поени од реакции
8.214
Дајте и шанса на темата(иако и мене ми е необјаснета па би требало авторот малце подобро да елаборира).

Со тоа,да фрлиме наука настрана и да замислиме состојба на перманентна соларна еклипса.Како во такви услови би се носел индивидуалецот со новонастанатата ситуација?Како ќе се одржи биоритамот и часовникот,како систем преку кој луѓето одредуваат временски распон на обврски,релаксација и сон.Дали еволуцијата ќе реагира доволно брзо за да ние се адаптираме и не го уништиме создаденото?
Се на се,колку и да е фантазирање и научна апстракција,од филозофска гледна точка основното прашање е како x(вие)-ако y(светлината) отиде во z(пм) :)
 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
596
Поени од реакции
99
[zEUs];2645444 напиша:
Што ако ...хипотетички некое утро не изгрее сонцето. Остане само темнината.

Што ќе се случи ? Како ќе влијае тоа на луѓето, живите растенија. Планетата.

Инспирација добив од тоа што е 4 и 30 минути, а сеуште го нема траг од сонцето. Навикнат сум некако сеа до го гледам сонцето.







Не е некоја дебилна тема кога подлабоко ќе помислите.
не е дебилна но малку е песимистичка :). јАс сепак сум за тоа да не го трошиме времето размислувајќи за вакви работи, туку истото да го искористиме до максимум, како не би ни осетиле кога ќе дојде тој ден. :smir:
 
R

RAYTHEON23

Гостин
Дајте и шанса на темата(иако и мене ми е необјаснета па би требало авторот малце подобро да елаборира).

Со тоа,да фрлиме наука настрана и да замислиме состојба на перманентна соларна еклипса.Како во такви услови би се носел индивидуалецот со новонастанатата ситуација?Како ќе се одржи биоритамот и часовникот,како систем преку кој луѓето одредуваат временски распон на обврски,релаксација и сон.Дали еволуцијата ќе реагира доволно брзо за да ние се адаптираме и не го уништиме создаденото?
Се на се,колку и да е фантазирање и научна апстракција,од филозофска гледна точка основното прашање е како x(вие)-ако y(светлината) отиде во z(пм) :)
лично за мене исто ке ми биде...ама еволуцијата не може нагло да се сврти 180 степени.

а за мнозината па ке има хистерија сепак некои нема да можат да го прифатат тоа....и ке речат пеколот дојде...ама не е жежок...туку ладен:toe:
 

Paranoik

내 ♡, ∞.
Член од
10 август 2008
Мислења
1.873
Поени од реакции
451
не е дебилна но малку е песимистичка :). јАс сепак сум за тоа да не го трошиме времето размислувајќи за вакви работи, туку истото да го искористиме до максимум, како не би ни осетиле кога ќе дојде тој ден. :smir:
И кога ќе дојде, да не знаеме што попрво да направиме, и да си останеме така неедуцирани, гледајќи како студот и темнината полека не обземаат.
Кажи ми, какви мисли ќе ти поминат тогаш низ глава?
Ееееј, супер беше изминатово време што си го поминав?
Ова е само хипотетички кажано, не се однесува на тебе лично.

Ако го снема сонцето, сите ќе изумреме.
Нема сонце, нема фотосинтеза, нема воздух.
Тоа е.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom