Штипскиот Медицински факултет незаконски избира професори?

MK_Devojce

I simply don't care...
Член од
2 август 2009
Мислења
468
Поени од реакции
162
Испитите пред поништување, затоа што се положени пред професори и асистенти избрани од некомпетентна комисија


На Медицинскиот факултет на Штипскиот универзитет се примени над петнаесетина асистенти и предавачи, избрани од некомпетентна комисија, со што положените испити кај нив се неважечки. Со тоа е прекршен Законот за високо образование и под сериозен прашалник е ставена стручноста на примениот кадар, бидејќи изборот го вршела тричлена комисија, секогаш во ист состав. Поради сето ова, Просветниот инспекторат ќе има полни раце работа на Медицинскиот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Зачудува како и досега била толерирана ваквата состојба на новиот државен универзитет, така што ова ќе треба да се позанимава и министерот за образование, Никола Тодоров. Зашто, факт е дека мора да биде поништен целиот избор на повеќе од 15 асистенти и професори.

За што станува збор? Проблемот е во составот на рецензентската комисија, која треба да прави анализи на трудовите на образовната дејност на кандидатот, да ги оценува и да му ги предлага за прием на Наставно-научниот совет на Медицинскиот факултет, кој ги избира во одредени научни звања. Но, во фамозната комисија како членови во континуитет се јавуваат едни исти тројца професори - Никола Камчев и Никола Силјановски (пензионирани на скопскиот Медицински факултет) и Ѓорѓи Шуманов, кои ја вреднувале стручноста за медицински области за кои не се ни малку компетентни. Така, оваа тројка позитивно ја оценила стручноста на новопримениот професорски кадар за анестезиологија, оториноларингологија, инфектологија, урологија, епидемиологија, инфектологија, трансфузиологија, дерматовенерологија, хирургија, протетика, ортопедија, радиологија, офталмологија, микробиологија, патологија, педијатрија...

Како воопшто можеле да се нафатат на ваква работа тројца професори, може само да се претпостави. Апсурдот да биде уште поголем, Никола Камчев, без пардон, членувал во комисијата дури и кога била проценувана стручноста на Милка Камчева, негова блиска роднина, кога се јавува во улога на рецензент. Но, дека сестраната „тројка“ го избрала професорскиот кадар на штипскиот Медицински, не е никаква тајна и тоа најдобро и најдетално може да се прочита и во Билтенот бр. 3 од ноември 2009 година, издаден од овој Универзитет.

Законската обврска, од тројца, двајца членови да бидат од областа од која е кандидатот кој се избира, ниту била почитувана ниту, пак, некому му пречела, иако ваков избор не е забележан во изминатите шест децении на високообразовната дејност во Македонија.

Пред ова незаконие замижал и ректорот Саше Митрев, кој на прашањето на „Утрински весник“ - дали при изборот на наставниците на Медицинскиот факултет бил почитуван Законот за високо образование, ни одговори: „Како да не, се' е во согласност со Законот. Тоа беше една комисија, бидејќи никаде не пишува дали таа избира еден или двајца професори. Важно е комисијата да е компетентна“.

Но, доброупатените тврдат дека на Штипскиот има и многу други „бисери“ и во тој контекст го посочуваат примерот на проф. Елизабета Зисоска, која на скопскиот Медицински факултет е избрана како професор по педијатрија, а во Штип предава анатомија!

Прикаската со Медицинскиот факултет од Штип не завршува тука. Иако зад себе има само едногодишно постоење и далеку е од првата генерација дипломирани медицинари, сепак, амбициите на Универзитетот не запираат тука. Деновиве, проректорката Емилија Јаневиќ - Ивановска им се обрати со писмо на професорите од скопскиот Медицински факултет од кои бара писмена согласност за отворање докторски студии во Штип, на кои и тие би биле ангажирани. Нивните асистенти ги собираат ваквите изјави кај колегите во Скопје, неколкумина веќе се изјасниле позитивно, но преписката, дознаваме, ја прекинал ректорот на Скопскиот универзитет, Велимир Стојковски.

Иако од ректорот не успеавме да добиеме изјава, ангажманот на професорите од скопскиот Медицински бил спорен, бидејќи согласноста за предавања на друг универзитет не се бара на ваков начин, туку Наставно-научниот совет и' испраќа писмена согласност на Ректорската управа, која го има последниот збор. Ваквиот начин на комуницирање и врбување професори, велат, е недозволив, особено кога се работи за факултет кој буквално профункционира благодарение на наставниот кадар од Скопје. Сепак, најразличните притисоци од Штип за стартување на докторските студии ја прелеаја чашата и Ректоратот на Скопскиот универзитет веќе не сака да го толерира ваквото однесување на најмладиот државен универзитет.
извор:http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=4B4DFA2DBA54EA4A90D95A650DDB4072

Па да... многу јасно... се ближи 27 март - денот на основањето на Универзитетот “Гоце Делчев„ , ќе доаѓа Груевски, ќе се зборува за напредокот и развивањето на најмладиот Универзитет кој само за две години стана втор универзитет во државата по број на запишани студенти .. па мора да се каже нешто што би го засенило тоа... мора да се критикува, да се плука како да во другите универзитети се е сјајно како таму да нема непотизам, како таму да не се повторуваат исти презимиња со децении.. Посебно за Медицинскиот факултет при УКИМ. Ги боли тоа што им се сруши долгогодишниот монопол, им се намали напливот на студенти кои секоја година беа одбивани за да се примаат оние кои имаат врски. И се нашле сега да зборуваат за морал и прописи. Медицинскиот факултет во Штип е млад, да, но не можете да кажете дека таму нема добри студенти и дека во Скопје нема студенти кои само онака колку да поминат се влечат со шестки и дека од таму ќе излезат само врвни лекари.

Крајно време беше и во Источна Македонија да се отвори Универзитет да добијат можност и тамошните студенти да студираат поблиску до својот град а да не бидат условувани како “провинцијалци„ кои толку многу и сметаат на скопјани.
Можеби денес со ова наше квази новинарство најлесно е да се порача статија со цел да се оцрни името на конкуренцијата..
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.715
Поени од реакции
12.137
Крајно време беше и во Источна Македонија да се отвори Универзитет да добијат можност и тамошните студенти да студираат поблиску до својот град а да не бидат условувани како “провинцијалци„ кои толку многу и сметаат на скопјани.
Не е ради провинцијализмот или метрополизмот туку нема више каде игла да се фрли во Скопје. Град створен за многу помалку население лете кубури со вода, зиме со струја, цела година со сообраќај, гужви, високи цени на недвижнини па и други продукти и немање место за самите жители на Скопје да се вработат и најдат стан со соодветна пониска цена.
Е тоа е по тоа прашање.

Друга работа е што џабе се отворени другите факултети, знам луѓе што нивните деца ги имаат од Струмица тука дадено на студирање (и двете топтан). Па ќе им се засвиѓа и ќе останат овде...а скопјаните треба да се пукаат у вена за парче место.
Слободна волја е да се учи каде сакаш ама овде нема место више ни за прдеж, јбг.
 

506

Член од
24 март 2010
Мислења
9
Поени од реакции
0
ТОЈ УНИВЕРЗИТЕТ Е ПОД ЗАШТИТА НА ВЛАДАТА - МИТРЕВ
 

Kajgana Shop

На врв Bottom