Чиста Околина

Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.569
Поени од реакции
610
Првата позначајна Хип Хоп појава во Македонија е поврзана со основањето на групата Чиста Околина која е оформена уште во 1989 година како унија од два бенда (групи) - Serious Bass (Рифат Емин и Ристо Солунчев) и Кељав Дабар (Веле Солучев, Аце Змејковски - Денвер, Александар Таковски и Александар Стаматов).
Подоцна во 1991 година кон оваа унија се приклучуваат уште две групи Лош Вкус (Владо Трајчевски, Миро Попов, Самоил Петревски, Брцко) и (Б)Анален Отпор (Виктор Георгиев, Љубиша Петровски, Христијан Санев).
Всушност токму во 1991 година се структуира бендот, како формално така и на идеолошки план (стил, имиџ, насока на дејствување и т.н.) Првите три години групата концертира само на свои приватни рап забави, а во 1992 година се случуваат првите позначајни настапи: " Rap'n'Roll фестивалот" во Младинскиот Културен центар и неколкуте клубски свирки.

По овие настапи кон Чиста Околина се придружуваат: Џоге, Митко Гаштаровски и Ванчо Дамјански. Сепак се до 1994 година поради несериозниот пристап и однос на тогашните медиуми кон Рапот и Хип Хоп културата, Чиста Околина остана во маргините на анонимноста. Но со активно работење, а посебно со соработката остварена со групата Last Expedition чиј заеднички производ е песната "Кељав Дабар", која според музичката емисија "Досие" е прогласена за Песна на 94 година, пошироката музичка јавност беше запознаена со квалитетите и капацитетите на групата.
Во 1995 година следуваат учества и настапи на неколку фестивали:
- 2 Септември - Strip & Sound фестивалот ;
- 15 Септември - Трот Фест;
- Годеа Лаут фестивалот ;
- Учество во компилацијата "Македонски Документ - чекор втор.

Во почетокот на 1996 година групата соработува со Игор Иванов во проектот во склоп на ТВБордозбање,толкувајки ја главната ролја во филмот "Кебето на Ацо Шопов", играјки се самата себеси. На 14 мај 1996, со промоција во Масива го издава својот деби албум - касета "Новиот Аспект на Старата Школа" снимен во 1995 година во сопственото студио П.Н.Г.Т. (Палавштините на Гроздан Темелковски).

До издавањето на албумот Чиста Околина имаше снимено преку 70 демо-снимки. Од создавањето до издавањето на албумот, многу луѓе беа членови на групата, на деби албумот се потпишани: Улав, Ицко, Скелеку Скас, V.G., Стамче Фолк, Деликвент, Самоил Царот, Миро, Скарфејс, Митко Пики Сипи, Кики, Спикер Тако, Ване најдолгиот, Јане баш буц и Џоге. Албумот е прво "ортодоксно" издание во Македонија, во "Old School" стил тенденциозно снимен без семплер, произведен само на ритам машина и грамафон. На 17 мај 1997 година во магацинот на нова железничка станица Чиста Околина одржува самостоен концерт.

Извор е групата на фејсбук направена од TpH_Bo_OkO
 

Miss Right

happiness machine
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.308
Поени од реакции
142
Сега во последно нешто позната стана "јас сум шеф". Само таа ја знам. Не сум по рапот.
 
А

Ајсшутер

Гостин
Еве уште некои добри иако се од времето на Тито :pos:


 
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.569
Поени од реакции
610

Песнава многу ми се свиѓа. Некој ако ја слуша внимателно ќе разбере за што е зборот ^__^
 
?

..........

Гостин
Слушав во 1993-94 кога бев мал бунтовник исто и продоџи тогаш почнав да ги слушам ....ах времиња беа тоа:vozbud:
 
Член од
30 јули 2009
Мислења
1.770
Поени од реакции
1.058
Ааа батковците од маало... Е на времето беа најдобри... сеуште се познати но од дамна распаднати... :kesa:
 

stormspeaker

Бекрија
Член од
4 октомври 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.343
лигава материја е песната :cuc:....би било добро да се соберат пак, баш ме интересира како ќе звучат денес :helou:
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
РЕСПЕКТ за сите нивни песни ... едноставно се ЗАКОН :)
 
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.569
Поени од реакции
610
Ааа батковците од маало... Е на времето беа најдобри... сеуште се познати но од дамна распаднати... :kesa:
Сеуште се најдобри, само што за жал се распаднати.
Веќе ваков рап никој не прави... за жал :(
 

#LakersMK

iChangeWorlds
Член од
31 јули 2008
Мислења
1.325
Поени од реакции
250
Пуздер Кине! каков ритам...Се ебава :vozbud:
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
163
Поени од реакции
23
Ијаа тема за Чиста закон... иако слушам метал ова не може да не ми се проврти барем еднаш неделно. Дечкиве се лудница штета шо се распаднати, ако се соберат пак по некоја случајност ке прават партали ма да тешко тоа пошо пола имаат деца итн итн... иначе Келјав Дабар со Last Expedition и Одамна на веков се врв.
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.618
Поени од реакции
10.876
Ги слушав активно пред 6-7 години...мајстори се дефинитивно!
Големо ДА за reunite, штета што испозабегаа сите по различни патишта, па тешко тоа да се оствари од друга страна :/
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
Јас сум гатанкааа...
Ти не си гатанкаа...
!палец
 

Kajgana Shop

На врв Bottom