Чикаго помина, што понатаму?

Член од
10 јануари 2011
Мислења
1.658
Поени од реакции
3.322
Чудатa се ретки и Чикаго ги потврди очекувањата. Се покажа дека политиката која се спроведува према Македонија, веќе 20 години, не е случајна, туку е резултат на интересите на главните меѓународни фактори, кои не кореспондираат со нашите. Се виде и дека улогата на Атина е маргинална.

Ристо Никовски
Крајната неизвесност околу нашето членство, останува и понатака. Таа е најлошиот пријател. Бидејки нема никакви шанси за брзо решение, така може да остане до недоглед. Затоа, мора да се преземат сериозни мерки за надминување на статус квото. Оценката дека сме практично членка, а само формално не, не вреди пет пари. Тоа е класично самозамајување. Во 1999 година, НАТО немаше да успее на Косово без користење на македонската територија. И тогаш се однесувавме како членка на алијансата. И што добивме? Ништо. Истото се повторува и со нашето учество во мисиите. Пофалбите за тоа, немаат никаква употребна вредност.

Ако сме одговорни за судбината на државата, мораме да покажеме незадоволство од третманот што го имаме. Изборот е тежок и поради притисокот кој ќе следи од Вашингтон и Брисел, и поради отпорот кој ќе се манифестира дома. Не е сериозно некој да те блокира и уценува, а ти да му помагаш! Не е нормално да се правиш дека не забележуваш кога некој ти го попречува патот. Нема логика за таков однос се додеке не постои цврсто ветување дека ќе се реализираат и твоите интереси. A тоa не е на повидок.
Во меѓувреме, нелегалните блокади и уцени го продолжуваат процесот на повеќестрано поткопување на државата. Сценариото за наша капитулација немилосрдно се реализира. Преку разни модалитети се заострува ситуацијата во земјата и така ќе продолжи се додека не ги прифатиме нивните уцени. Дека е така, има доста потврди. Поздравот на Мендух Тачи, на Топи – “добродојдовте наш претседателе, дома”, звучи како дел од истото. Пред две, три години, Тачи немаше да се осмели да оди со таква провокација. Дали некој му дал ишарет или самиот е лисец, и не е многу важно. Тој ги отвори картите. И петкратното убиство лесно може да биде дел од истата игра. Ако не се тропне на маса и каже – доста беше, ескалацијата ќе продолжи.
Ножот дојде до коска. Понатамошната толеранција на ваквите состојби може да биде историска грешка. Може да се стигне до момент на неповрат. Земјата лесно може да навлезе во безизлезна политичка криза бидејќи на тоа упорно работаат некои меѓународни фактори. Нивна цел е еднаш за секогаш да го затворат македонското прашање. Финалната разрешница на пост-југословенската криза се ближи. Македонија е најранливиот сегмент, намерно оставен долго време на работ од бездна, за полесно да се манипулира.
Затоа, логично е прашањето – што после Чикаго?
Бидејќи главните фактори не покажуваат усет за нашите универзални аспирации, да останеме тоа што сме, имаме силни аргументи за макар привремено прилагодување на нашата надворешна политика. Да прекинеме со веднење глава и толерирање на непринципиелни политики, чија жртва сме 20 години.
За почеток, рационално, без емоции и без никакво прејудицирање, заради најширока и најдлабока анализа и преиспитување, на маса треба да се стават сите аргументи кои се на наша страна.
Тоа значи:
Оценување на опортунитетот на наше понатамошно учество во мисиите на НАТО.
Согледување на потребата од Привремената спогодба.
Барање до Советот за безбедност на ООН за казнување на Грција за непочитување и на Привремената спогодба (која е склучено токму под патронат на светската организација), и за игнорирање на пресудата на Судот од Хаг.
Покренување на процедура во ООН за враќање на нашето уставно име во редовна употреба, бидејки проблемот се покажа како нерешив.
Покренување на постапка за оценување на легалноста на нашиот прием во ООН.
Утврдување на релевантноста од покренување на нова апликација пред судот во Хаг…
Ова се само набројани теми кои можат да бидат значајни делови на новата стратегија која треба да се формулира. Секоја од нив треба детално да се скенира, со максимална објективност, за да се оцени што е опортуно да се преземе, а што не. Каде имаме изгледи за успех, а каде не. Каде можеме да поентираме, каде не. Што можеме да ќариме, а што да загубиме. Без никакви предрасуди.
Покрај тоа, треба да се преземат следните активности:
Јавно, на највисоко официјално ниво да се прашаат НАТО и ЕУ дали меѓународното право за нив важи генерално или само селективно? Според потребите?
Да им се стави до знаење дека без никаква основа, без било каков мандат се мешаат во спорот околу името кое се води во рамките на ООН. На крајно едностран и нелегитимен начин, ја поткопуваат позицијата на Македонија.
Да ги потсетиме дека НАТО го прифати советодавното мислење за Косово на Судот во Хаг, а ја негира пресудата против Грција.
Исклучително е важно, на Вашингтон, Брисел и сличните да им се нагласи дека проблемот е интернационализиран од самиот почеток и после се што се случи (со наметнување на референцата, блокадите и уцените за членство), не може Македонија да се присилува да бара билатерално решение. Тоа не соодветствува на меѓународните норми.
Повеќе од било кога, сега ни се потребни странски експерти. И во Хаг немаше да успееме без нив. Заедно со нив, треба да се донесат клучните одлуки – што понатаму. Тие подобро од нас ги знаат меѓународните механизми, пракси и принципи, сцили и харидби, низ кои треба успешно да поминеме. Парите за тоа, колку и да се, не смеат да бидат проблем. Во прашање е иднината на државата.
Силата само сила признава. Веднењето глава или, не дај Боже, виткањето ‘рбет, не водат никаде освен во пораз. Покажувањето заби нe е привилегија само на моќните. Иако само привремено, тенковите на Тиен ан мен, во 1986 година, ги запре еден ненаоружан поединец. Кога одлучно ќе се истопориш и тоа со аргументи кои се неспорни, секој ќе се замисли. И најсилниот. Дојде моментот кога мораме да играме на таа карта. Друга и немаме. Времето веќе не работи за нас.
Дојде и моментот кога мораме максимално да поработиме на внатрешното единство. Длабоката поделеност е нашиот најголем хендикеп. Поради неа и вака не третираат.
Толеранцијата, која упорно је демонстрираме, се претвора во наша голема слабост. Приказната за истепаното дете е многу поучна. Кога, плачејќи и објаснило на мајка си кој го истепал, таа му рекла дека, според христијанството, треба да му врати со добро. Да му однесе – колаче. Детето одбивало ама немало избор. Брзо се вратило со уште покрупни солзи. Колачето му се бендисало на тепачот и сакал уште.
Дали случајов има врска со стапот што ние го јадеме две децении, проценете сами.
 
Член од
10 јуни 2012
Мислења
82
Поени од реакции
57
Значи ние треба да разбереме дека САД не се нашите пријатели, дека тие се едноставно големи подржувачи на нашиот јужен сосед, по испраќањето на повеќе од 2500 платени војници во Авганистан да се борат од страната на НАТО алијансата, коишто во моментот во Авганистан мислам дека се наоѓаат околу 168 војници, па и преку добиениот спор со Грција во Шевенинген, ние никако не можеме да бидеме подобри од Грците. Тоа затоа што нас САД не гледаат како цел каде што би можеле на наједноставен начин да ги постават своието одбранбени и против-ракетни штитови, и доколку се војува да не се војува на нивна територија, едноставно кажано Балканот да им биде нивен фронт. Одникогаш не сум ги сакал американците и НАТО бидејќи тие секогаш кога напаѓаат за некој свои цели тие секогаш тоа го нарекуваат мировна мисија, но доколку некој ги нападне нив тоа е загрозување на мирот, или дека тое е вид на тероризам, како што тоа го направија со СР Југославија во 1999 со почеток на воздушните напади на Београд на 24 Март 1999 година без да има било какво одобрение од Советот за безбедност, а притоа и една од најголемите лицемерки, пријателка што му глумеше на Тито, Маргарет Тачер, лично потпишала и изјавила Југославија да биде нападната со атомско и нуклеарно оружје.
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.183
Што понатаму? Крај на преговорите за името и точка на ова прашање еднаш засекогаш! Не ми требаат НАТО и ЕУ да ме натераат да си го сменам идентитетот и целокупното значење на се она што се подразбира под зборот Македонија и Македонец за да бидам член на некоја организација која може да пропадне во скоро време, сега повеќе од никогаш предходно.

ЕУ е до гуша во криза поради Грција, Шпанија и Италија. Нека се радуваат сите што Германија и Франција се обврзани поради оваа организација да ги спасуваат своите "партнери" инаку ЕУ ќе престанеше да постои уште во 2008 година кога се појави кризата.

НАТО ти е окупаторско - дилерска - нарко банда под чадорот на САД и тие војни што ги води низ светот ќе и се одразат на организацијата еден ден. Ниту една империја и окупаторска војска досега не останала вечна, на сите кога тогаш им доаѓа крајот, на овој или на оној начин.

Не гледам јас каква корист има Македонија од тоа што ќе се приклучи кон овие две организации, освен тоа што ќе им се отвори патот на 1.5 милиони Македонци во државава да му ја киднат надвор во неповрат.

Сржта на проблемот е уствари дома. 20 години политичарите не лажат и не убедуваат дека утре ќе подобро, но тоа утре изгледа многу далечно, всушност изгледа недостижно...Прво треба ние домашните, внатрешните проблеми да си ги решиме и да ставиме крај пред се на мизеријата што ја здроби државава како карпа падната врз мравка. Некои можеби мислат дека ако влеземе во НАТО и ЕУ преку ноќ Македонија ќе стане богата земја без корупција и криминал, ќе ни се покачат платите и стандардот на живеење и ќе уживаме сите на "Европско ниво". СЕ ЛАЖЕТЕ!

Погледнете ги Бугарија и Романија, не се толку далеку. Влегоа во 2007 година а сеуште се најсиромашните земји во ЕУ. Главни извозници се на проститутки во Европа и Црвените Области во Амстердам. Платите и не им се така далеку повисоки од нашите, а нели, членки се на ЕУ...
 
Член од
10 јуни 2012
Мислења
82
Поени од реакции
57
Што понатаму? Крај на преговорите за името и точка на ова прашање еднаш засекогаш! Не ми требаат НАТО и ЕУ да ме натераат да си го сменам идентитетот и целокупното значење на се она што се подразбира под зборот Македонија и Македонец за да бидам член на некоја организација која може да пропадне во скоро време, сега повеќе од никогаш предходно.

ЕУ е до гуша во криза поради Грција, Шпанија и Италија. Нека се радуваат сите што Германија и Франција се обврзани поради оваа организација да ги спасуваат своите "партнери" инаку ЕУ ќе престанеше да постои уште во 2008 година кога се појави кризата.

НАТО ти е окупаторско - дилерска - нарко банда под чадорот на САД и тие војни што ги води низ светот ќе и се одразат на организацијата еден ден. Ниту една империја и окупаторска војска досега не останала вечна, на сите кога тогаш им доаѓа крајот, на овој или на оној начин.

Не гледам јас каква корист има Македонија од тоа што ќе се приклучи кон овие две организации, освен тоа што ќе им се отвори патот на 1.5 милиони Македонци во државава да му ја киднат надвор во неповрат.

Сржта на проблемот е уствари дома. 20 години политичарите не лажат и не убедуваат дека утре ќе подобро, но тоа утре изгледа многу далечно, всушност изгледа недостижно...Прво треба ние домашните, внатрешните проблеми да си ги решиме и да ставиме крај пред се на мизеријата што ја здроби државава како карпа падната врз мравка. Некои можеби мислат дека ако влеземе во НАТО и ЕУ преку ноќ Македонија ќе стане богата земја без корупција и криминал, ќе ни се покачат платите и стандардот на живеење и ќе уживаме сите на "Европско ниво". СЕ ЛАЖЕТЕ!

Погледнете ги Бугарија и Романија, не се толку далеку. Влегоа во 2007 година а сеуште се најсиромашните земји во ЕУ. Главни извозници се на проститутки во Европа и Црвените Области во Амстердам. Платите и не им се така далеку повисоки од нашите, а нели, членки се на ЕУ...
Конечно некој што има исто мислење како мене, и морам да кажам дека потполно те подржувам. Па брат тоа го лафам ја цел живот, нас не ни треба нити Европа ниту НАТО, па доколку тие беа добри зошто и помагаа на Албанија и ОНА во периодот за време на конфликтот 2001 година. Јас лично се надевам исто како тебе дека една ден на НАТО лично ќе им се вратат сите злодела што ги сторија со светот од Студената војна па се до денес, па срамота е тоа што го направија со Ирак, Иран, Египет, Тунис, Киргистан, па сега и Либија, јас не гледав во ниедна земја некаква диктатура, туку тие едноставно сакаат да завладеат на било која сфера и било кој дел во светот. И сите тие што им застанаа на патот ги нарекоа диктатори. Јас лично не верувам во иднина на ЕУ и мислам дека тоа е систем на големите земји дека ние немаме потреба што таму да бараме, треба да донесеме некоја одлука како ФНРЈ подоцна СФРЈ кога во 1961 година го формираа сојузот на неврзаните кој денеска содржи 118 земји членки, па на крајот излезе дека тоа било добра идеја, мислам избегнувањето на НАТО пактот и Варшавскиот пакт. Нити ЕУ ниту НАТО не се толку добри или моќни за ние да можеме да си го смениме името и идентитетот, па така да нема ништо да ме чуде доколку некој од нашите политичари без разлика од која партија, го направи спротивното од тоа што јас го мислам.
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Треба една масовна анкета да се направи, дали да се прекинат преговорите со Грција. Доста убеден сум дека граѓаните ќе кажат да. Мислам редно време е да ги отераме грците у пичку матер и да си ја крпиме државата од внатре пред да шиеме дополнителни ракави.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.281
Не постојат пријателства постојат интереси во меѓународната политика или меѓународните односи како повеќе ви одговара.
Преговорите може да се прекинат по брза постапка. Времената спогодба со пресудата од Хаг е мртва не постои веќе, таа веќе не е ни основа за преговори. Македонија и Грција само тактизираат со неа непотребно. Сите сме сведоци дека преговорите се мртви. Грција има криза и избори, ние правиме проблем внатре во државата немајќи консензус помеѓу позицијата и опозицијата. Тоа е најголемата наша грешка и нерационално однесување, самите правиме проблем за ситни политички поени.
Нема правда, Меѓународниот суд на правдата нема механизам да ја спроведе донесената пресуда.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Лобирање му е мајката. Мора да се лобира. Ние не лобираме, ние само одиме и се жалиме, а не пуштаме малце парички да им заплакнеме очи. Нема во политиката пријатели, ако не ги намамиш и убедиш силите дека имаат интерес од тебе, нема да ти се замараат. И Македонија да беше сила, ист ќе беше исходот, само ние ќе биравме, а немаше да чекаме да не одберат за да си играме.
Инаку се останато е јасно: Додека не се смени името, нема никаде влез. Повремените тапшања по рамо, ништо не значат.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.281
Лобирање му е мајката. Мора да се лобира. Ние не лобираме, ние само одиме и се жалиме, а не пуштаме малце парички да им заплакнеме очи. .
Џабе е и лобирање зашто некој го крши правото на самоопределување (Грција) која си зема за право да биде кум како една држава, нација, народ ќе се нарекува. Се знае зашто на нив им смета името. Се додека има страна која не е конструктивна, страна со исцртани црвени линии, страна која ги крши сите права, нема да има ни решение како резултат на тоа лобирање.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Џабе е и лобирање зашто некој го крши правото на самоопределување (Грција) која си зема за право да биде кум како една држава, нација, народ ќе се нарекува. Се знае зашто на нив им смета името. Се додека има страна која не е конструктивна, страна со ицртани црвени линии, страна која ги крши сите права, нема да има ни решение како резултат на тоа лобирање.
Давај ти по X милиони на организацииве, да видиш како одма ќе се смени ситуацијата.
Проблемот е што не сме економски толку јаки за да даваме толку пари, иначе според мене тука лежи зајакот. Вака немаат интерес да се замараат за нас.
А позицијата на Грција сите знаат дека е апсурдна, ама знаат како добро да се упикуваат, јака дипломатија имаат, врски насекаде имаат направено, затоа и сите толку ги тинтраат. Е сега им се доста паднати позициите, па можеме да искористиме нешто од тоа. Кога веќе немаме пари, треба сите дупки на Грција да ги искористиме.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.281
Давај ти по X милиони на организацииве, да видиш како одма ќе се смени ситуацијата.
Проблемот е што не сме економски толку јаки за да даваме толку пари, иначе според мене тука лежи зајакот. Вака немаат интерес да се замараат за нас.
А позицијата на Грција сите знаат дека е апсурдна, ама знаат како добро да се упикуваат, јака дипломатија имаат, врски насекаде имаат направено, затоа и сите толку ги тинтраат. Е сега им се доста паднати позициите, па можеме да искористиме нешто од тоа. Кога веќе немаме пари, треба сите дупки на Грција да ги искористиме.
Се согласувам дека не сме економски јаки. Грците дебели пари даваат на сенатори, конгресмени, професори на престижни универзитети, фондации и невладини организации. Ние тоа никогаш не сме го направиле, тука потфрлиле сите влади во минатото.
Факт е дека имаат моќна дипломатија, како што е факт дека двете фамилии кои владеат со неа се миленичиња на големи сили (држави)
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.740
Поени од реакции
7.555
Сосема се согласувам. Лобирање и негување "пријателски" односи. Ама за тоа треба доста време, пари, конзистентност на ставовите и исполнување на зададените обврски. Да бидеме реални, НАТО нема никаков интерес кај нас. Егејот, Јадранот, Медитеранот и најголем дел од пристапите преку копно се официјално "под капата" на НАТО. Ние сме тие кои би можеле да ќариме со влезот во таа заедница, пред се поради значењето да се биде дел од таа организација за инвеститорите.
Некој овде спомна да се одкажеме од преговорите, а со тоа и од ЕУ и НАТО. Ако се договориме така, нека му е, ама ќе трба да се прифатат одредени последици, кои пред се' ќе удрат на граѓаните и бизнисот.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
И сега крај на светот апокалипса ајде спремно ќе ја дочекам.
 
?

..........

Гостин
Kakво лобирање народе?

Во државава ние сме си највиновни за се што се случува, направете една анализа на состојбите на внатрешна и надворешна политика одкако Македонија е независна, согледајте ги грешките, за секоја акција има реакција. Натовци Бриселци не се на наша страна? а зошто би биле? од сожалување дека сме глупави? Градиме споменици и одбележја кои ги иритират соседните држави, баш во периодот кога треба да се побара гласот на Грција, земја која има проблем со името на државава и која за жал е одлучувачки глас во евроатланските институции, наместо да градиме економија здраво и принципиелно општество....економијата ни е катастрофа, правата на поединецот се загрозени или истите се купуват со пари, на власт имаме организирана мафија и професионална перална за пари и мозоци..(резултати на дело)
Не знаеме кој сме и што сме, усвари кога ке подразмислам подобро има ли жив човек на светов кој што знае кој е и што е?
Затуцани сме со религии, конзервативност, неедуцираност, некадарност, неспособност за да опстоиме, незнаеме како да направиме подобро општество или не сакаме, секогаш виновни ни се другите, секогаш е заговор против нас, секогаш сме калимеро....
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.183
Џабе е и лобирање зашто некој го крши правото на самоопределување (Грција) која си зема за право да биде кум како една држава, нација, народ ќе се нарекува. Се знае зашто на нив им смета името. Се додека има страна која не е конструктивна, страна со исцртани црвени линии, страна која ги крши сите права, нема да има ни решение како резултат на тоа лобирање.
Колку повеќе треба да лобираме од ова? Два - три месеци пред самитот на НАТО во Чикаго политичариве трчаа низ Европа и Америка како кучиња по коска обидувајќи се да ги убедат "пријателите" на Македонија да се направат напори за да влеземе во НАТО. Најголем "пријател" на овој самит ни беше Турција, и тоа не дека им е многу битно за Македонија и Македонскиот проблем туку затоа што си имаат они проблем со Грција и се мразат па застанаа да наша страна, да не беше така ќе размислеа двапати. Турчинот почна да зборува за проблемот со името и на крај дури и самиот се нарече Македонец ама џабе. Грците имаат поголема дијаспора, многу повеќе и побогати луѓе распрснати насекаде низ светот и замешани во сите сфери па затоа секогаш не победуваат на ова поле.
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.740
Поени од реакции
7.555
^ Е браво, два-три месеци, трчање ко мува без глава, ко куче по коска, е тоа е веќе хардкор лобирање. *аплаудира саркастично*
 

Kajgana Shop

На врв Bottom