Чакри

Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
700
Чувствувам и дека ми ја разработува 7мата чакра и кога не сум расположена да и правам спрецијални третмани:)
Од почетокот станав свесна дека groundingot ми e слаба точка, на пример првата чакра откога знам за мене ми беше under-active (тоа го сфатив многу подоцна, јасно:)), па затоа и поработив малку на тоа.

Ама па врска неам од создавање shield :(
Уствари, и не сум пробувала многу пати.
Виолетов треба да го визуелизирам, како зајакната аура?

Сигурно може да се ископаат негде во Скопјето, само уште некој поупатен да ја ѕирне темава и да ме израдува:).
Не се секирај, ја уште имам проблеми со мојата 3-та чакра. За првата и втората, носев у прслук red jasper и стварно ми ги отпуши.

За shield-от, не мора да е виолетов. Виолетовата боја е најзаштитничка, али не мора таа баш да биде. Било која форма и било која боја ти одговара е добра, дури и црна. Само немој бела, затоа што таа нема да дозволи ни добрите енергии да навлезат.
 
Goddess of Chaos

Nixe Nox
Член од
16 август 2005
Мислења
6.250
Поени од реакции
228

Неверојатно ми е тоа со енергијата на кристалите, сигурно оти немам почувствувано:) но сите потврдуваат, значи мора да е така.

Хмм интересно, благодарам на совет, баш ќе пробам со црно оти поудобно ми делува, уште вечерва, ионака не ми се спие а тишина ми е дома.

Ти праќам многу позитивна енергија за третата! :helou:
 
ах, кристалите се нешто посебно. Дури и ти „зборуваат“. Добро де, не буквално. Кога покушавав еден кристал да го програмирам за одредена функција што не му беше во негова експертиза, неговата енергија едноставно згасна.

Уживај у медитацијата. И ја за некој саат, само да заспијат моиве ѕверчиња.

Еј, фала, баш ми треба, превише е отворена, over-active:smir:
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.783
Поени од реакции
4.017
Магде, и да немаш медитирано никогаш, немој да се плашиш, ако те привлекува, слободно пробај, и пробувај колку што ќе биде потребно.
Верувај, вреди :smir:
знам дека вреди и пробувам ама никако да се фокусирам,ми доаѓаат дремки и се откажувам...:(

ау, ти сакаш да научиш за Реики!!! Те прочитав прееска и си викам - шо збори оваа? За тоа ние овде не можеме да ти помогнеме. Треба да најдеш учител.

За балансирање на чакри, во оваа тема има убави примери од медитација.

За почеток у медитација, повели:
http://www.forum.kajgana.com/showthread.php?t=24210

Ти одземале енергија? Како го осети тоа? Кога ќе почнеш да медитираш, почни да вежбаш да си правиш shield околу тебе, препорачливо во виолетова боја, како топка или светлина и кога ќе искачаш надвор, активирај го.
па сеа не знам дали тоа е реики...за да научиш да си ги балансираш...треба сама да го правам тоа или да си најдам учител...кај да најдам учител????
а за одземањето енергија па не знам како да објаснам ама ај ќе се потрудам....значи во присуство на одредени особи почнувам да се осеќам многу слабо..иако пред да дојдат се било ок...по некое време некако ништо не ми се прави освен што ми се спие...немам воља за ништо...кога ќе си замине таа особа малце по малце се враќам во живот....но некако се чувствувам послабо...имам и пробано да соберам енергија од природата и некако тоа ме релаксира се чувствувам поодморено ме смирува...
 
можеш сама да си ги балансираш :smir:

А тие особи се, ко што ја ги викам, енергетски вампири - ти ја црпат енергијата. Научи се како да си поставиш Shield кога ќе бидеш у контакт со нив :wink:
 
Goddess of Chaos

Nixe Nox
Член од
16 август 2005
Мислења
6.250
Поени од реакции
228
Пробав јас со shield-от, али не сум сигурна што понатаму.
Т.е. го поставив како црна светлина околу телото, што можам да ја зголемувам преку медитација, ама ме интересира дали е некако поврзана со чакрите?
 
ништо понатаму, употребувај го и кога ќе искачаш од дома за да си под помало влијание од негативни енергии. Усоврши го. А каква врска има со чакрите - па, кога медитираме, отворени сме и на тој начин сме подложни на било какви негативности од нашата околина. Shield-от ги спречува да пробијат до тебе :smir:
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.297
Поени од реакции
78.968
Западната езотерија повлекува паралела помеѓу Кабалата и Далекуисточните учења за чакрите.
Чакрите се всушност седумте нивоа на Дрвото на Животот, каде што се распоредени десетте Сефироти, на трите столба (по вертикала).
http://www.kheper.net/topics/Kabbalah/Malkhut.htm
...
а за одземањето енергија па не знам како да објаснам ама ај ќе се потрудам....значи во присуство на одредени особи почнувам да се осеќам многу слабо..иако пред да дојдат се било ок...по некое време некако ништо не ми се прави освен што ми се спие...немам воља за ништо...кога ќе си замине таа особа малце по малце се враќам во живот....но некако се чувствувам послабо...имам и пробано да соберам енергија од природата и некако тоа ме релаксира се чувствувам поодморено ме смирува...
Има неколку совети кои можеш да ги испробаш, по ова прашање, без да имаш никаков медитативен тренинг.
Кога имаш средба со такво лице:
-Замисли си дека си одвоена од него со една голема дебела стаклена плоча. Можеш да го гледаш и слушаш, но ништо друго не допира од таа страна на плочата кон тебе.
-Испреплети ги прстите на рацете, стави ги така склопените шаки на стомак (на соларниот плексус), а лактовите нека ти ги допираат/притискаат страничните делови од трупот. Стопалата нека ти бидат споени.
-Ако пак треба да водиш разговор со вакво лице, не го гледај директно в очи, туку во коренот од носот.
-По средбата избањај се/истуширај се, и симни ја од себе сета нечистотија од секаква природа. Додека се бањаш замислувај дека
се' што е нечисто на тебе истекува низ отворот од кадата.

Може и поопстојно да се објаснат советиве и да се каже уште многу нешто на оваа тема, Но ќе забегаме уште повеќе off-topic.
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Западната езотерија повлекува паралела помеѓу Кабалата и Далекуисточните учења за чакрите.
Чакрите се всушност седумте нивоа на Дрвото на Животот, каде што се распоредени десетте Сефироти, на трите столба (по вертикала).

Има неколку совети кои можеш да ги испробаш, по ова прашање, без да имаш никаков медитативен тренинг.
Кога имаш средба со такво лице:
-Замисли си дека си одвоена од него со една голема дебела стаклена плоча. Можеш да го гледаш и слушаш, но ништо друго не допира од таа страна на плочата кон тебе.
-Испреплети ги прстите на рацете, стави ги така склопените шаки на стомак (на соларниот плексус), а лактовите нека ти ги допираат/притискаат страничните делови од трупот. Стопалата нека ти бидат споени.
-Ако пак треба да водиш разговор со вакво лице, не го гледај директно в очи, туку во коренот од носот.
-По средбата избањај се/истуширај се, и симни ја од себе сета нечистотија од секаква природа. Додека се бањаш замислувај дека
се' што е нечисто на тебе истекува низ отворот од кадата.

Може и поопстојно да се објаснат советиве и да се каже уште многу нешто на оваа тема, Но ќе забегаме уште повеќе off-topic.

Ти благодарам за ова затоа што јас имам многу мака со крадењето на енергијата, мислам дека имам спомнато.Не можат сите да допрат до мене, но тие неколку личности што се, две до три максимално можат тотално да ме истоштат и откако станав свесна за тоа се трудам да ги одбегнувам максимално, но многу е тешко тоа кога живееш во мал град така што средбата е неизбежна.

Малку ќе бидам офтопик ама морам да ви кажам за ова. Сега не знам дали и колку е во контекст на темава:
Има една личност што и покрај тоа што не разговараме успева целосно да ми ја одземе енергијата така што не можам да седам во иста просторија со неа. Можам да бидам дури и во најдобро расположение (ова и ми се случи еднаш) а кога дојде таа бев ко штотуку да сум се разбудила од кома и не можев дури ни со сила да се насмевнам од што толку на некој начин се загушив. После извесен период замина личноста и веднаш осетив како ми се враќа и енергијата и да не речам воздухот за дишење.
Е сега чудно ми е тоа што кога разговарам со истата таа личност (иначем не се пријателски разговорите да напоменам), чудно ми е тоа што тогаш некако не дозволувам најверојатно да ми ја одземе енергијата и на крајот на разговорот чувствувам некој вид на баланс т.е. нити дека јас сум победила нити таа во дискусијата.

* За болдираното-> дали тоа што ќе се избањаме при наредната средба со истата личност ќе ни помогне да бидеме поурамнотежени или тоа е само за во тој момент да се вратиме во нормала?

п.с. Се извинувам за офтопик :smir:
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.297
Поени од реакции
78.968
...* За болдираното-> дали тоа што ќе се избањаме при наредната средба со истата личност ќе ни помогне да бидеме поурамнотежени или тоа е само за во тој момент да се вратиме во нормала?...
второто
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
700
ако може да додадам за општа рамнотежа. Како што кажа 1307, кога се бањаш да си замислиш дека сите нечистотии ти се мијат - исто така може додека се бањаш да си ја замислиш водата во боите од чакрите како те мие
 
Член од
7 јануари 2008
Мислења
276
Поени од реакции
13
Во Македонија постои центар за хумана универзална енергија и спиритуалност и секој што го интересира може да ми пише за да му дадам тел број.И не е точно дека порано биле само 5 нивоа,отсекогаш се 20 нивоа само што во нашата земја немаше учители кои можеа да држат предавања,па семинарите се одржуваа по пат на видеоконференција.Методот е базиран на отварање на 6 чакри кои помагаат да ја скротиме и поефикасно да ја трансферираме енергијата во нашето или во телото на друга особа.А за првата чакра за која некои зборуваат,навистина незнам кој им има дозволено да ја употребуваат затоа што таа чакра не смее да се отвара и употребува.
 
BliND

Raptus regaliter...
Член од
16 јануари 2006
Мислења
3.963
Поени од реакции
361
Ани ова што штотуку го кажа според мене нема никаква смисла . Има 7 Чакри и е препорачливо да се отвара првата - Root Chakra најпрвин а потоа другите бидејќи Root Chakra ти дава силна основа - чувство на приземеност .. :)
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
700
Во Македонија постои центар за хумана универзална енергија и спиритуалност и секој што го интересира може да ми пише за да му дадам тел број.И не е точно дека порано биле само 5 нивоа,отсекогаш се 20 нивоа само што во нашата земја немаше учители кои можеа да држат предавања,па семинарите се одржуваа по пат на видеоконференција.Методот е базиран на отварање на 6 чакри кои помагаат да ја скротиме и поефикасно да ја трансферираме енергијата во нашето или во телото на друга особа.А за првата чакра за која некои зборуваат,навистина незнам кој им има дозволено да ја употребуваат затоа што таа чакра не смее да се отвара и употребува.
Ова се екстремни дезинформации. Овој пост е прав пример на луѓе што не знаат за што зборуваат и постојат само да ограбуваат наивни граѓани.

Прво, драго девојче, 20 нивоа на што? Лекувањето со животната енергија, како што е пренесувано од Усуи има само 3 нивоа. Второ, има 7 чакри и пожелно е сите да се отворени. Какви забрани, какви бакрачи? Какви креденции имаат тие у тој центар? Со што можат да покажат дека тренирале и учеле со некој што знае што прави?
 
ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Ова се екстремни дезинформации. Овој пост е прав пример на луѓе што не знаат за што зборуваат и постојат само да ограбуваат наивни граѓани.

Прво, драго девојче, 20 нивоа на што? Лекувањето со животната енергија, како што е пренесувано од Усуи има само 3 нивоа. Второ, има 7 чакри и пожелно е сите да се отворени. Какви забрани, какви бакрачи? Какви креденции имаат тие у тој центар? Со што можат да покажат дека тренирале и учеле со некој што знае што прави?
short1, имаш ли информации околу тоа дали во Македонија има здружение кое се бави со оваа тематика, а кое е верифицирано и достојно за доверба?

Имено, мојата мајка, пред неколку години беше на курс за универзална космичка енергија. Сега не се сеќавам од колку нивоа беше курсот, но знам дека им отворија 8 чакри, од кои им рекоа дека 8-та (лоцирана во точка помеѓу половиот орган и анусот) е нашата врска со земниот свет, и дека било какво самостојно поигрување со нејзината енергија може да резултира дури и со прекинување на животните функции, односно смрт. И да, за тие курсеви требаше да се плати сума од некои 200/300 евра.

Затоа, сметам дека е потребно да се каже кај е најдобро да се упатат нашите граѓани, и дали воопшто постои тука, кај нас, такво место, или, сега за сега е најдобро сами да се едуцираат и/или да одат во странство.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom