Цени на горивата во Македонија (поскапување и поевтинување)

Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.001
Поени од реакции
14.819
Еве една груба анализа....

ноември 2, 2017 9:06 pm
Со повисоки акцизи на нафтата камионџиите и таксистите пред банкрот!? Еве колку повеќе ќе плаќаат по резервоар!!!

Поскапувањето на дизелот по својот џеб силно ќе го почувствуваат граѓаните. Владата на СДСМ за да го наполни Буџетот од 1 јануари планира да ја зголеми акцизата на нафтата за три денари. Со зголемување на акцизата и ДДВ-то цената на дизелот ќе биде повисока за 3,5 денари.



Бројот на возила во Република Македонија во ноември 2016 година изнесувал:

226.513 возила кои возат на бензин

203.643 возила кои користат дизел

11.620 на плин

63 електромобили

Тоа значи дека половината од возилата во Македонија се на дизел. Особено дизел согоруваат оние возила кои повеќе се возат, бидејќи дизелот е гориво кое е поевтино.

Автомобилите најчесто имаат резервоар од 40 до 60 литри. Просекот изнесува 50 литри по резервоар.

Тоа значи дека секое полнење на резервоарот со дизел ќе значи и 200 денари ПОВЕЌЕ трошок.

Ова покачување особено ќе го почувствуваат камионџиите и компаниите за шпедиција.

Камионите во Република Македонија се 99% на дизел и возат речиси секој ден.

Камионот троши околу 40 литри дизел на 100 км. Тоа значи дека со новата акциза камионите ќе трошат 150 денари ПОВЕЌЕ на секои 100 километри.

Ако камионот вози 500 км дневно (низ Македонија), тоа се 750 денари ДНЕВНО, или 15-20.000 денари МЕСЕЧНО.



ТАКСИСТИ

Речиси половина од таксистите во Македонија возат автомобили на плин, а половина на дизел.

Тие ќе бидат изложени можеби на најголем удар.

Треба да се има во предвид дека покачувањето на акцизата ќе удри и врз самата држава. Тука пред се поголеми трошоци ќе добијат Јавните претпријатија за градски превоз, болниците, армијата, полицијата и сите останати буџетари кои поседуваат возила.
http://markukule.mk/Со-повисоки-акцизи-на-нафтата-камионџ/

ПС:се кладам ``у сечење`` дека едниот од двајцата владини функционери под истрага е Рашкоски.
Опклади примам све до обелоденувањето на имињата.:cool:

ПС-2:Ако изгубам опклада....ни на крај памет не ми е да ја исполнам обрврската:eek:
 
Член од
5 август 2009
Мислења
1.295
Поени од реакции
484
Еве една груба анализа....
Чисто за забава, да пробаш истата математика да ја изведеш и споредиш колку плаќале по километар во 2014 колку оваа година? Дали некој слушнал дека цените на превоз паднаа соодветно на падот на цените на дизелот, или дека некој од превозниците вишокот го донирал (секоја чест на исклучоци)? Ако за пораст од 4 денари по камион превозникот месечно губи 300 евра, колку тогаш натрпал во џеб за 20 денари намалена цена на нафтата во споредба со 2014? :)
Зошто секогаш кога некој ресурс ќе поскапи сите паѓаат во несвест, се бараат субвенции, рипаат цени на производи и сл, а кога поевтинува никому ништо - се останува како што било освен нивната зголемена заработка која тпгаш никој не ја коментира?
Не викам дека ми е сеедно или пак убаво дека цената рипнала, не викам дека нема да се осети кај превозници директно а кај сите нас индиректно, не викам дека превозници не треба да полнат џебови, камо на сите да им претекува. Само го коментирам моментот на кукање (проследено со бран на поскапување што ним заработката им ја фиксира или малку намалува), наспроти моментот на ќути и трпај во џеб и спремај се за следна тура кукање.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.695
Поени од реакции
12.109
Еве една груба анализа....

ноември 2, 2017 9:06 pm
не дека е оправдување за поскапување, но ако се сеќавам добро, горивата биле и многу поскапи од 3.5 денари од сегашните. Ова е текст од 2012
Согласно одлуката, литар еуросупер БС-95 од ноќеска на полноќ ќе се продава по 84 денари, додека новата цена на еуросупер- БС-98 ќе изнесува рекордни 85,50 ден/лит, а на еуродизелот изнесува 74,50 ден/лит.
Во 2013 Бс 98 е 80 денари, дизелот е 70 денари. Е сега, кога се качуваа цените на робата до небо, пресметките фирмите веројатно ги правеле и според овие вакви цени. Сега цените се 64, 65.5 и 52 денари. Дизелот би се качил евентуално на 55.5 денари. Проблемот со трошоците можеби превозниците треба да го бараат во застарениот возен парк, а со тоа и поголемата потрошувачка и за гориво и за одржување. Што се однесува до потрошувачката на гориво, тоа е друга тема, но генерално ако се намали потрошувачка, се намалува и загадување. Чисто информативно, полска компанија ги обучува и наградува шоферите кои ја држат потрошувачката под 28 л/100 км (до пред 3-4 години потрошувачката им била 30-32 л/100). Али тоа се Волво тракс еуро 6, а не там од југословенско време.
Да се вратам на импликациите. Цените од 2012 досега разлика е 20 денари. Не сум забележал дека оттогаш цените на превозот и на производите се намалени. За домашниот буџет е ставка за почит, но за производите прашање е колкав % учествува транспортот (посебно горивото) во формирање на цените.
Башка патарините скокнаа тогаш, скокнаа и трошоците за регистрација итн итн.
Патем, таксистите најчесто возат на плин.
 
Последно уредено:

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.357
Поени од реакции
29.830
Чисто за забава, да пробаш истата математика да ја изведеш и споредиш колку плаќале по километар во 2014 колку оваа година?
...го коментирам моментот на кукање
Сеедно колку била скапа нафтата во 2014-та (или други години). Пошто овде зборуваме за АКЦИЗИ, односно поскапување кое ќе се наддава над цената на нафтата и тогаш кога цените би дошле пак на нивото од 2014та. Ова поскапување ќе се наддава НАД цената, дури и ако таа отиде пута 10 од сегашната - и затоа не релативизирајте.

И инаку, треба да бидеш или партиски човек, или глуп, за да поддржуваш зголемување на такси и даноци.
Ти во која категорија спаѓаш? :coffee:




П.С. Цената на нафтата може само да се покачува сега кога Саудијска Арабија, и Арапите генерално, се договорија со Русија.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.543
Поени од реакции
11.631
...

тешко само на обичниот граѓанин кој барем за малку се понадева дека нешто ќе се смени ;)

а се смена! не дека не се смена... замина еден криминалец од власт, за да дојди друг (и тоа аболициран).

...
Како не ти е срам за релативизираш ?

Туку чекај да те прочитаат дежурните тролови, па да почнат да ти реплицираат со реплики од типот на "сендвич армија" и слични.

Ма да дискусијата веќе е отидена оф-топик и прашање на време е кога модераторите ќе ја затворат темава и ќе почнат со банирања на членови од истата.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.357
Поени од реакции
29.830
Јас не видов ниеден пост што не беше поврзан со темата „Цените на горивата во Македонија„.
 
B

Bafra

Гостин
Сеедно колку била скапа нафтата во 2014-та (или други години). Пошто овде зборуваме за АКЦИЗИ, односно поскапување кое ќе се наддава над цената на нафтата и тогаш кога цените би дошле пак на нивото од 2014та. Ова поскапување ќе се наддава НАД цената, дури и ако таа отиде пута 10 од сегашната - и затоа не релативизирајте.

И инаку, треба да бидеш или партиски човек, или глуп, за да поддржуваш зголемување на такси и даноци.
Ти во која категорија спаѓаш? :coffee:




П.С. Цената на нафтата може само да се покачува сега кога Саудијска Арабија, и Арапите генерално, се договорија со Русија.
И шо се договориле ... Зашто би идела нагоре ?
Зашто па падна цената од 120 на 35? Т.е од 20 $ зашто стигна до 120$ и кога сите велеа иде 200$ таа падна.
Русија и С.А. се држави ама изворите не се во нивна целосна сопственост :P
 
Член од
5 август 2009
Мислења
1.295
Поени од реакции
484
И инаку, треба да бидеш или партиски човек, или глуп, за да поддржуваш зголемување на такси и даноци.
Ти во која категорија спаѓаш? :coffee:
Очигледно имплицираш дека сум во првата, што тебе те става во втората? Па човек прочитај што напишав повторно и кажи дали поддржувам покачување. Јас не поддржувам кукање од оние што се чаталеа кога цената паѓаше, и мојот коментар е многу јасен.
 

INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Јас како што прочитав ова поскапување важи за нафта, нафта за домаќинства и мазут. Баш ме интересира дали ќе се покачат сметките на БЕГ пошо тие се на мазут.[DOUBLEPOST=1509692797][/DOUBLEPOST]Коа не сме гасифицирана држава тоа ти е. Штета што за 20 год кога ќе се гасифицираме се ќе биде зелена енергија и солар- пак ќе сме 20 год назад.
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.889
Naftata treba da se poskape a benzinot malce da poeftini, kraen rezultat da bide nafta poskapa za 20% vo odnos na benzinot i taka cenata za pominat kilometar da bide ista na benzin i nafta, a da se stimulira upotrebata na plin i metan vo sobrakajot. Kaj nas sto godini se cepa naopacka cenovna politika, i se tera narodot da kupuva smrdlivi dizeli so stotici iljadi pominati kilometri, nema nikakva logika da se kaznuva nekoj so benzinec vozilo sto mnogu pomalku zagaduva so poskapo gorivo, treba da bide obratno. Bez davacki benzinot e poeftin od naftata, razlikata vo cenata e vestacka-politicka. Kaj patnickite avtomobili naftata treba da se isfrli, i da se upotrebuva samo za tovaren transport, teska mehanizacija i zemjodelieto, i ovie da dobivaat odreden povrat na akcizi i davacki.
Eve gi cenite vo usa kaj so nemaat blesavi akcizi i slicni gluposti, naftata e sekogas 10-20% poskapa i zatoa tamu nikoj ne kupuva dizel vozila, pa duri i kamionite se poveketo benzinci.
https://www.eia.gov/petroleum/gasdiesel/
 
Последно уредено:

Skorp

That guy...
Член од
30 јуни 2010
Мислења
1.173
Поени од реакции
2.112
Сугестија од ЕУ е ова... а за плати сугестија не дадоа некоја? Па уште го продаваат као демек за животна средина било. Има миљон работи што треба да ги напраат за животна средина... тие прво од нафтата почнаа. Не бива ништо од Фиромов, џабе. Иронично е што сите у државава се бунат против права за педери или геј паради а 20 години не ебат у гз и збор неаме кажано.
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.889
Сугестија од ЕУ е ова... а за плати сугестија не дадоа некоја? Па уште го продаваат као демек за животна средина било. Има миљон работи што треба да ги напраат за животна средина... тие прво од нафтата почнаа. Не бива ништо од Фиромов, џабе. Иронично е што сите у државава се бунат против права за педери или геј паради а 20 години не ебат у гз и збор неаме кажано.
Ako sakaat neso da napravat odma ke gi smenat cenite na gorivata, pa taka naftata da bide 65 a benzinot 50, i mnogu brzo patnickite vozila na dizel ke gi snema od ulicite, ova e cisto zakon za novo cicanje bez nikakva druga namena..
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.078
Поени од реакции
11.462
Naftata treba da se poskape a benzinot malce da poeftini
Ако веќе сакаа екологија а не само полнење на буџет, тогаш на сметка на покачувањето на нафтата ќе ја укинеа акцизата за плинот, да избалансираат.
 
Член од
12 март 2015
Мислења
1.569
Поени од реакции
3.215
Како не ти е срам за релативизираш ?

Туку чекај да те прочитаат дежурните тролови, па да почнат да ти реплицираат со реплики од типот на "сендвич армија" и слични.

Ма да дискусијата веќе е отидена оф-топик и прашање на време е кога модераторите ќе ја затворат темава и ќе почнат со банирања на членови од истата.
Кој што сака нека реплицира, мислењето не беше оф-топик, барем не моето...

И да, не ми е во ред да плаќам повисоки акцизи, даноци, било какви други наголемувања на издатоците за мене како обичен граѓаниин. На кој му е тоа во ред можи да оди комотно да се лечи.

Sent from my ALE-L21 using Tapatalk
 

пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
4.934
Поени од реакции
7.888
клошаров од Данска е промаршен случај, елементарна непогода, во Данска вака,така,онака, море марш у пичку матер и ти данска.
 

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.106
Поени од реакции
5.771
клошаров од Данска е промаршен случај, елементарна непогода, во Данска вака,така,онака, море марш у пичку матер и ти данска.
Он е клошар, ти си господин... Да да да... Тој е тој муабет...

И плус, ти повеќе сакаш да се приближуваме кон Данска или кон Џибути? Пошто секако сме една од најлошите држава во Европа, па да не мислиш да треба да почнеме да се споредуваме со Африканскиве...

Скоро никогаш не се согласувам со глупостите што ги пишува valvoline, но овојпат муабетот му е на место. Дизелот треба да е уште поскап, не ебани 3 денари што секако поскапуваат за 2 месеци...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom