Целиот образовен систем беше измислен за да не осакати умствено

KaiTekk

R&B boy
Член од
17 март 2006
Мислења
1.045
Поени од реакции
22
http://www.thememoryhole.org/edu/school-mission.htm (извинете не можев да преведам а и подобро се доловува смислата кога ќе се прочита оригиналот).

И ова: http://www.cantrip.org/againstschool.html

Ова се однесува на US образовниот систем поспецифично, меѓутоа насекаде е исто во смисла на методите (оценки, тестови испрашувања). Така што сметајте дека ова се однесува на јавниот едукационен систем низ скоро целиот свет (училници со над 30 ученици, учење по еден ист метод толку многу години)
 
A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
4.785
Поени од реакции
9.710

Во право си дека целиот "едукационен" систем е направен да ги осакати оние кои се прават дека знаат се. На пример тие како тебе.

Прочитај го текстот што си го напишал. Еден збор од тој текст е измислен. Измислен од дете чија фантазија е убедена дека американскиот образовен систем те осакатува. А не сфаќаш дека после толку години одење нашколо, не си научил како се пишува правилно овој збор "едукационен".

Засрами се. Земи го лексиконот и вечерва спиј со него. Надевај се наставничката по литература да не ја прочита темава.

Тоа се случува кога премногу време посветуваш на читање стории од диг, наместо да разгледаш што има во наставната програма.
 
KaiTekk

R&B boy
Член од
17 март 2006
Мислења
1.045
Поени од реакции
22
зошто ме напаѓаш веднаш?
Неможеш прво да го прочиташ ова и да видиш од кого е па потоа да коментираш?
И да не донесуваш предвремени заклучоци (не го извадив од digg и не се правам дека знам се)

Проклетство поминав цели 3 дена анализирајќи го сево ова за некој да донесе предвремен заклучок базиран на мојата возраст.
 
A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
4.785
Поени од реакции
9.710
Мојот заклучок е базиран на твојата писменост во релација со твојата возраст!

На 16 години употребуваш непостоечки збор во македонскиот јазик чиј поим кој си го прочитал во странски јазик. Океј, добро е што се интересираш за странска литература, но не смееш да дозволиш да користиш непостоечки збор на македонски кој си го извлекол од главата!

Си прочитал educational, и одма си ја разбрал неговата конотација во реченицата. Меѓутоа, не си го побарал во речник или лексикон македонскиот еквивалент на тој поим, и произволно си даваш некој збор кој може да ти остане во употреба утре кога ќе полагаш матура, зборуваш пред народ, даваш анкета на плоштад итн.

Од ваквата злоупотреба на јазикот веднаш ми стана јасно дека најголем дел од времето го поминуваш читајќи стории на интернет. Ајде кажи ми дека не е така. Си го запоставил учењето на македонскиот јазик, бидејќи да се разбереме, не можеш да се надеваш дека вештината кај мајчиниот јазик е дадена и оставена, таа мора да се надградува секојдневно поготово на твоја возраст, за да бидеш соодветно елоквентен. Верувај ми, такви светлосно-откривачки-стар-ворс зборови на македонски не звучат интересно.

Немам намера да те напаѓам тебе како личност, само она што го спомнав погоре.
 
KaiTekk

R&B boy
Член од
17 март 2006
Мислења
1.045
Поени од реакции
22
Во право си дека целиот "едукационен" систем е направен да ги осакати оние кои се прават дека знаат се. На пример тие како тебе.

Прочитај го текстот што си го напишал. Еден збор од тој текст е измислен. Измислен од дете чија фантазија е убедена дека американскиот образовен систем те осакатува. А не сфаќаш дека после толку години одење нашколо, не си научил како се пишува правилно овој збор "едукационен".

Засрами се. Земи го лексиконот и вечерва спиј со него. Надевај се наставничката по литература да не ја прочита темава.

Тоа се случува кога премногу време посветуваш на читање стории од диг, наместо да разгледаш што има во наставната програма.
Фала за сугестијата. Искрено не внимавам како се изразувам на македонски форум, од проста причина што не се наоѓам на час по македонски јазик. Инаку многу е важно како некој се изразува на својот јазик за пред се да биде сватен како "образована" личност. Инаку темава отиде во сосема друг правец. Главна критика ми беше што донесе преран заклучок дека текстов е од digg и од некое дечиште кое немало што друго да прави. За ова воопшто не си во право.
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.344
Хехе, филмови мамата...
Шо се американците глупи, глупи се, тоа им е природно. Тоа што го учат е мизерно во однос на она коешто наше дете го учи, па и јас, и секој тука што пишува, без оглед на времето во кое учел, средина на `80-тите, 90-тите или пак сега...
Она што го пишува таму воопшто неможе да се примени кај нас. Сметам дека имаме поквалитетно образование!!!
Е сега, кој тоа неможе или не сака да го сфати, тоа е веќе друго прашање.
Поинаку ќе размислувате некаде околу 25-30 години.
 
A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
4.785
Поени од реакции
9.710
Па и тоа е поентата, што македонскиот јазик не се употребува само на часот по литература.

Тоа е и главната порака што текстот ја носи. Потполно она истото што го направи ти во твојот текст, секако во поинаква форма. Јас го имам истото мислење како и William Torrey Harris, и во потполност се согласувам со текстот што го приложи.

Внимавај да не потпаднеш под истата категорија, кога не внимаваш на мајчиниот јазик кога не си на часот по литература.
 
KaiTekk

R&B boy
Член од
17 март 2006
Мислења
1.045
Поени од реакции
22
Струмикс, зборувам за СТРУКТУРАТА на образованието, не во однос на обемот на материјалот кој го учиме ние и они.

И кај нив и кај нас има оценки од 1 до 5.
И кај нив и кај нас има оптоварени училници со по 30 деца од клас.

Уште еднаш, ве молам, може ли да ги прочитате горенаведените текстови пред да оставите коментар ?
Бидејќи ми звучите доста некомпетентно со ваквите коментари искрено...во однос на темава.
 
KaiTekk

R&B boy
Член од
17 март 2006
Мислења
1.045
Поени од реакции
22
Па и тоа е поентата, што македонскиот јазик не се употребува само на часот по литература.

Тоа е и главната порака што текстот ја носи. Потполно она истото што го направи ти во твојот текст, секако во поинаква форма. Јас го имам истото мислење како и William Torrey Harris, и во потполност се согласувам со текстот што го приложи.

Внимавај да не потпаднеш под истата категорија, кога не внимаваш на мајчиниот јазик кога не си на часот по литература.
Не планирам НИКОГАШ да користам македонски литературен јазик во секојдневната комуникација. Колку и да ти звучи тоа болно, ова е мое право.
 
A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
4.785
Поени од реакции
9.710
Не планирам НИКОГАШ да користам македонски литературен јазик во секојдневната комуникација. Колку и да ти звучи тоа болно, ова е мое право.
Изјавава ќе ја чуваме и за некоја година ќе ти ја прочитаме. Верувам нема да стоиш зад неа.

Никој не те тера да зборуваш литературен македонски, и на дијалект е сосема доволно. АМА македонски! Не произволни странски меѓу-зборови.
 
SWEDEN

38ca ama nikoj ne verue
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.531
Поени од реакции
34
de be kazi mu sistem na obrazovanie i gotovo aman krste petkov misirkov , kurovi boskovi

U UK na primer e porazlicen sistemot vo javnoto skolstvo ama vo privatnite skoli kaj se placha bogami ako e elitna skola nema zaebancija trte mrte

zapoznav devojka koja sea ja primile na Kembridz

da ti e milina da zboris so nea iako e samo 17 godini , znaci i tamu ima prirodna selekcija... mada nasiot komunisticki sistem poranesen na obrazovanie e mnogu pokvaliteten od bilo koj drug ... oti sme Sloveni i najpametni ne za drugo izgleda
 
deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
941
Изјавава ќе ја чуваме и за некоја година ќе ти ја прочитаме. Верувам нема да стоиш зад неа.

Никој не те тера да зборуваш литературен македонски, и на дијалект е сосема доволно. АМА македонски! Не произволни странски меѓу-зборови.
Некогаш самата професија те тера да користиш странски зборови во изразувањето. Например зборот Tutorial 99% го преведуваат туторијал, а уствари треба упатство, да не навлегувам сега во детали. Барем до сега не сум сретнал компјутерска литература (мислам на тие што се преведени на македонски) која барем во секоја втора реченица не користи странски зборови. Дури некогаш изгледа смешно кога некој сака да преведува компјутерски термини, мислам невозможно е.

BTW KaiTekk едукационен=образовен :wink:
 
Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.488
Поени од реакции
5.965
Ако веќе го прилагодувате (адаптирате :pos:) „едукационен“ на македонски барем наречете го „едукативен“. :)
 
Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Некогаш самата професија те тера да користиш странски зборови во изразувањето. Например зборот Tutorial 99% го преведуваат туторијал, а уствари треба упатство, да не навлегувам сега во детали. Барем до сега не сум сретнал компјутерска литература (мислам на тие што се преведени на македонски) која барем во секоја втора реченица не користи странски зборови. Дури некогаш изгледа смешно кога некој сака да преведува компјутерски термини, мислам невозможно е.

BTW KaiTekk едукационен=образовен :wink:
Всушност
 
vmx

Член од
25 април 2005
Мислења
5.633
Поени од реакции
201
Во речникот и во секојдневниот право-говор на KaiTekk зборовите 'едукативен, образовен' не постојат, кај него постои само 'едукационен'. :wink:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom