1. Се наплаќа исклучиво преку PayPal. На ebay.uk, PayPal мораш да го имаш како метод за плаќање.
Се разбира дека не со МК ПП.
2. За поштарина, има многу опции за бирање. За Eвропа, можиш да избериш Standard. Во Европа, пратките стигаат за 4-14 дена. Зависи од дестинацијата. Најбрзо е за UK. Најбавно за Кипар, Малта. Зошто пратките одат до Турција од таму до Грција и после во Кипар или Малта. Мене ми ја задржаа пратката во Турција скоро 1 месец (племето нивно). За надвор од Европа, можеш да избериш Economy. И така некои пратки се тинкат по 1 месец (Австралија, Јужна Америка. Африка не ти ја препорачувам за праќање, ПОСЕБНО НЕ АЛЖИР И НИГЕРИЈА).
3. Пратките ги пакувам во заштитни пликови (со меури). Ако е кршлива робата, ти препорачувам и во Bubble Wrap (не знам како се вика тука ни каде можиш да најдиш). Ако е вредноста поголема, најдобро е да ги испраќаш како препорачани. Пликот треба да содржи Адреса на примачот, Адреса на испраќачот, CN22 декларација (тоа што содржи. Инаку е зелено ливче - се зема од пошта) и Поштенска уплатница за царинење.
Поздрав!
Пред два дена продадов Iphone 3gs 16gb не работи, т.е за делови само. Ми плати 10 фунти. Купувачот на робата е од УК, Лондон. PayPal не ми дава да испринтам Postage label, ми вика PayPal Shipping is not available. We apologize for the inconvenience. Бев до пошта го прашав дечкото на шалтер, му објаснив шо е како е, дека сакам да пратам телефон за Лондон, сакам да биде со tracking number, тежи 170 гр, ми рече ОК, спакувај, донеси, сето тоа ќе те чини околу 400 денари.
Го носам денес, некоја колешка негова на истиот шалтер ми вика: Неможе да пратиш телефон. Викам како вчера можеше сега неможе. Не ми е јасно. Ми вика, мислам дека добивме допис дека алкохол цигари и телефони неможе да се праќаат у странство. Викам ај да видиме поконкретно зашто неможе?! Вака, така, на крајот испадна дека може, арно ама тоа ќе ме чини 800 денари а не 400.
Сега, незнам, како ги фрлаат цените. Па ете вие како поискусен може би сакале да коментирате во врска со мојот случај. Благодарам![DOUBLEPOST=1426722614][/DOUBLEPOST]
Моето искуство скромно за EMS во Македонија за кон надвор е ептен добро. (Германија,Финска , Индија) имаш и број за следење кој е многу прецизен. Од друга страна еднаш бев на лице место во Пошта под железничка каде се...невидена слика , бетер од селска пошта 1950 ....
Рече имаш добро искуство за праќање надвор. Дали плаќаш царина и како иде тој процес? Сакам да пратам расипан мобилен телефон
замисли! Што е најдобро да направам? Фала!