За членовите кои бараат подлабоки знаења и познавања:
во првите 4 века немало никакви сознанија за Исусовиот гроб ниту било каков интерес за него. Пребарувајќи ја рано христијанската литература, не можиме да видиме ниту трага од неговото споменување. Христијански извори го споменуваат Давидовиот, Соломоновиот гроб но не и гробот на својот учител. Хегезип, првиот историчар на Христијанството пишува дека им бил покажуван гробот на Јаков справедливиот (Братот на Исус) но не го споменува гробот на самиот Исус. Бискупот Мелитон од Сарда, кога пишува за Ерусалем и местата кои треба да се посетат, никаде не го споменува гробот на Исуса. Можеби најчудно од се е што Павле, иако нашироко пишува за воскресението на Исус, никаде не го споменува гробот на Исус. Тој дури и доаѓа во Ерусалем, разговара со Јаков, Петар, но иако се уште свеж во сеќавања не го посетува гробот на својот Господ. Ова прашање се уште ја мачи црквата, која нема адекватен одговор. Јосиф од Ариматеја, загадотолна личност кој го споменуваат евангелијата кој не припаѓал на Исусовите ученици, се појавува и исчезнува од евангелијата лаконски, попатно како некој кој треба да пополни очигледна дупка во нарацијата. Тоа се должи веројатно што Исус бил закопан во заеднички гроб, како што и се закопувале сиромасите и осудениците. Но тоа преставуваше проблем за прикаската за воскресението, каде требаше да се докаже со положено тело па развој на акцијата и откривање на празен гроб дека Исус е месија, син божји кој се вознесел на небото, или како што вели Павле во Првото послание до Коринтјаните “околку Христос не воскреснал нашето проповедање е неосновано, неоснована е и нашата вера“. Традицијата за “откривање на гробот“ вели дека св.Елена, набожна кралица, која живееше отприлика 247-327, кон крајот на својот живот, била на поклонение во Ерусалем. Таму некој стар Евреин и го покажал местото каде се наоѓал гробот на Исус, велејќи дека таа информација е во неговото семејство со генерации. Започнале ископувања и спрема традицијата, наскоро биле откриени во една пештера три крста, венец од трње, синџир, грст шајки, сунѓер од кој му давале оцет и табла со натпис “Исус Назаратјанинот кралот еврејски“. Прашањето кој од тие три крста е Исусовиот го решиле на следен начин, на секој крст легнувале до умирање болна жена, која кога легнала на Исусовиот крст веднаш оздравела. За да се потврди експериментот, на истиот крст ставиле мртов маж, и веројатно погодувата - тој оживеал. На тоа место Константин изградил црква во која беа изложени најдените реликвии но покрај нив беа поставени и: прстенот на Соломон, пехарот на Давид, послужавникот на кој лежела главата на Јован Крстител, пехарот од тајната вечера, па дури и трската на која бил наденат сунѓерот кој римскиот војник му го подал на Исус. Да се осврнима малку на историјата. Во време кога Елена спрема традицијата требало да е во Ерусалем и да го открие крстот, бискуп во Јудејската Цезрија беше Евзебиј, познат христијански историчар а бискуп во Ерусалем познатиот теолог Кирил. Двајцата зад себе оставиле големи дела, околу историјата на црквата но ниту еден од нив со ниеден збор не спомнуваат дека во нивно време во нивна бискупија дошла некоја кралица а уште помалку дека е пронајден гробот на Исус. Чудно е што една толку набожна монахиња која сигурно патувала со голема придружба не ги посети во светиот град и место, тамошните црковни великодостојници. Всушност целата прикаска околу Елена и реликвиите, се појавува еден век подоцна, кога производство продавање и трговија со реликвии зафдати широки размери и наликуваше на фетишизам. На пример, Исус бил закован со најмногу 4 шајки. Денес една од нив е вградена во железната круна која се чува во катедралата во Монза, втората е употребена за потковица на кралот Константин, третата служела како украс на шлемот на Константин а четвртата св. Елена кога со брод се враќала дома ја фрлила во морето за да ги смири разбранетите бранови. Но денес во светот во разни места, цркви, катедрали се чуваат околу 30 “оригинални“ шајки. Истата практика е и со крстот. Уште св.Кирил во својата Катехеза рекол дека “целиот свет е преполн со неговите делови“ а Херберт Милер пресметал дека ако се соберат на едно место сите делови од крстот, тој би тежел неколку тони. Копјето и венецот пак беа во сопственост на царот Балдвин 2ри кој кога запднал во финансиски проблеми го продал и тоа копјето во 1239 на Венеција а венецот на францускиот крал Луј 9ти. Копјето подоцна исчезнува а венецот и денес се чува во катедралата Нотр-Дам. Денес имаме околу 30 чаршави со кои било завиткано телото на Исус, околу 13 трски на кој бил сунѓерот од кој пиел оцет и неколку круни од трњ. (сите оригинал)