Не мешајте баби и жаби. Секоја држава го има посебно уредено прашањето за државјанство, без разлика дали е во ЕУ или не.
Америка е посебна приказна. Ако се родиш таму - имаш државјанство. Ако стигнеш пливајќи до таму, пак добиваш државјанство.
До пред 6-7 години, во Хрватска се добиваше државјанство по основа на брак, т.е. ако стапиш во брак со хрватски државјанин, автоматски добиваш хрватско државјанство.
Тоа е променето. Ако си во брак, мора да живееш 5 години во Хрватска, а ако си самостојно во Хрватска (работа), тогаш дури после 7 години може да добиеш државјанство.И како што кажа некој погоре- Хрватска ќе влезе во Еу, ама треба да поминат 6 години (?) за да може да работат, како што еден Германец може да работи во Авсрија, на пример. На Бугарите и Романците тој рок им истекува 2014 година.
Хрватска дозволува двојно државјанство. Значи ен мора да се откажеш од македонскиот пасош за да добиеш хрватски. Германците, на пример, не дозволуваат двојно државјанство.
Гледам дека не знаете дека е исто за Македонија. Ако некој што нема никаква врска со Макеоднија, сака македонско државјанство, тогаш мора да живее и работи 7 години во Макеоднија. И ми коња за трку имамо
Да се вратам на почетниот пост: така како што ти сакаш да добиеш државјанство, на лепе очи, не даваат никаде.
Donatella Versace
Девојче, кочи малку. Националноста не е исто што и државјанството.