Храброст

Chapstick

Сам свој психолог
Член од
7 август 2009
Мислења
2.986
Поени од реакции
311
Што е за вас храброст?
Храброста е страв што изговорил молитва...
Кога храброста преминува во неразумност и лудост?
Не е добро да се претерува.Исто е и со храброста.Кога е претерана таа е неразумна.Исто така и кога си храбар да направиш нешто за некој што подоцна ке ти удри корпа и воопшто нема да го цене тоа што си го направил.
Дали човекот кој знае да заборави на своето јас и да се жртвува во име на некое поголемо добро, макар и добил потсмев и не успеал е храбар, или е само наивен занесеник, нешто како Дон Кихот?
Наивен занесеник, не ја гледам причината да се жртвуваш за друг посебно во ова време кога секој за себе гледа а никој не му е гајле за тебе.....зошто пак тогаш ти да се жртвуваш?
Имате ли пример за храброст на кој се огледувате?
Досега не сум сретнала толку храбра личност за да се огледам на неа...
За крај, сметате ли дека сте храбри луѓе?
Не.Воопшто не се сметам за храбра личност.Се плашам да направам некои мали промени во својот живот, а не пак дела за кои и другите ке ме сметаат за храбра.Сакам да си живеам по својот зацртан линеар во животот и ништо да не ми се додава и одзема...што за жал до сега не сум успеала да го постигнам тој баланс.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Оваа карактеристика ја почитувам најмногу кај луѓето.Потребни се огромни капацитети за да бидете храбар човек.Прво треба да излезете од наметната матрица и да мислите со своја глава, а потоа да не калкулирате за да дејствувате.Изгледа лесно?Мхм сигурно ,да беше така ќе бевме сведоци на повеќе големи дела.А и често сум забележала храбрите луѓе поседуваат цел пакет на добри карактеристики,доблесни се и чесни,најчесто кукавиците и подлизурковците се комплетни кукавици,не е се секако црно и бело но правам компарација помеѓу двата вида.
Храброста не е постојана состојба зашто ако ве држи постојано веќе човек преоѓа во лудост.
И ако сега ме праша некој кого сметам за храбар нема да имам ништо да понудам за одговор.Не сум ја запознала сеуште таа личност,а не дека сите се кукавици но самото време и општество се измени ние се изменивме ,ретко човек да помисли дека за нешто треба да се жртвува дека треба да заборави на себе и да направи добробит или едноставно да се спротивстави.Светов сатан премногу индивидуален и затворен.Никој не сака да ризикува да направи чекор повеќе,чудно но храбрите денес на прва се исмејувани.
Еве еден прост пример кој прв ми падна на памет,Ју Тјуб атракцијата Сузан Бојл.Значи жената стоеше исправено додека цела публика ја исмејуваше за после неколку секунди да и станат на нозе.I dreamed a dream...:smir:
 
Член од
15 мај 2010
Мислења
34
Поени од реакции
0
Што е за вас храброст?
Храброста е страв што изговорил молитва...
Кога храброста преминува во неразумност и лудост?
Не е добро да се претерува.Исто е и со храброста.Кога е претерана таа е неразумна.Исто така и кога си храбар да направиш нешто за некој што подоцна ке ти удри корпа и воопшто нема да го цене тоа што си го направил.
Дали човекот кој знае да заборави на своето јас и да се жртвува во име на некое поголемо добро, макар и добил потсмев и не успеал е храбар, или е само наивен занесеник, нешто како Дон Кихот?
Наивен занесеник, не ја гледам причината да се жртвуваш за друг посебно во ова време кога секој за себе гледа а никој не му е гајле за тебе.....зошто пак тогаш ти да се жртвуваш?
Имате ли пример за храброст на кој се огледувате?
Досега не сум сретнала толку храбра личност за да се огледам на неа...
За крај, сметате ли дека сте храбри луѓе?
Не.Воопшто не се сметам за храбра личност.Се плашам да направам некои мали промени во својот живот, а не пак дела за кои и другите ке ме сметаат за храбра.Сакам да си живеам по својот зацртан линеар во животот и ништо да не ми се додава и одзема...што за жал до сега не сум успеала да го постигнам тој баланс.
Храброст е игнорирање на "Црвената сијаличка "која те предупредува на предстосечката опасност....хехехе или барем јас тоа така го разбирам :)
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Па имам пример за храброст по кој што се огледувам :icon_lol:.
На храброста гледам како на талентот мнооооогу мал процент вродено нешто а останатото е само вежба која се вежба до совршенставо.
Е сега да се оценувам себеси хмммммммм, па мислам дека сум храбар :icon_lol:.
 
Член од
8 јануари 2010
Мислења
134
Поени од реакции
1
храброст е ситуација кога се победува стравот(од неуспех,од висина х) ..
ко мал многу се плашев од висина,но крадејќи црешни кај комшијата паднав од дрво и сеа немам страв од висина..
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Храброст е да признаеш нечија храброст, вистински раритет за нашиот менталитет
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
115
Поени од реакции
6
Храброст е да се собере и да се има доволдно сила, самодоверба, сопствени ставови зад кои една личност цврсто ќе застане и ќе ја тера работата до крај без повлекување. Храброст е да знаеш да се соочиш со препреките и да ги покажеш своето Јас.Преминува во лудило...тогаш кога не сакаме да погледнеме подалеку од нашите очи, тогаш кога ќе се помеша со тврдоглавоста...Немам пример на кој се огледувам, иако имам сретнато храбри луѓе сметам дека треба да се поседува уште нешто повеќе...
Дали се сметам за храбра...хм...понекогаш да понекогаш не, затоа што сум доста несигурна...
 

Marionka_z

Omnia mea mecum porto
Член од
16 јануари 2009
Мислења
208
Поени од реакции
29
Да се движиш низ животот решително, непоколебливо, со видлив оптимизам и тогаш кога е најтешко... Да се смееш кога сите плачат, да продолжиш кога сите се откажуваат, да сакаш кога сите мразат... Да најдеш излез од безизлезот, да останеш смирен во хаосот, да бидеш човек меѓу луѓето... сето тоа е храброст.
Да, храброст е да правиш нешто што во туѓите очи е лудост, но храбриот не се осврнува, не се занимава со малодушноста на слабите и завидливите- затоа и се разликува од нив.
Храбрите се борат со животот и со сето она што тој ни го сервира, не се откажуваат, не попуштаат. Да! Им се восхитувам и учам од нив. Храбри се мајка ми, татко ми...На нив се огледувам и така полесно чекорам по патеката послана де со ружи, де со трње. Храброст е да живееш, но храброст е и да не се плашиш од смртта. И додека пишувам сватив дека колку и да напишам, малку е, зашто за да се опише храброста, всушност треба да се опише животот. А тоа е скоро невозможно...
И сосема за крај- посегај по ѕвездите со нозете цврсто на земјата- тоа е жвотот, тоа е храброста.
 
Член од
24 октомври 2011
Мислења
71
Поени од реакции
28
Храброста не оди без стравот. Кога стравот ќе достигне неиздржливо ниво, ќе се види човекот што е.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Decko je djevojci dao izazov da zivi dan bez njega.Bez komunikacije.

I rekao je ako polozi, da ce je voljeti zauvjek.Djevojka se slozila.

Nije mu slala poruke, niti ga zvala cjeli dan........bez znanja da njen decko ima samo 24h da zivi, jer ima rak.

Ona je sutradan otisla kod njega. Suze su pale kada je videla njenog decka kako lezi na krevetu sa porukom : USPJELA SI HOCES LI MOCI SVAKI DAN OVAKO :(
 

Kajgana Shop

На врв Bottom