Токму така. Во самиот почеток на дамнешните 80-ти години од минатот век, како доста млад и неупатен патувајќи со другари низ северот и западот на Европа, во Амстердам ми пријде еден бричен во главата, облечен во портокалови чакшири со зборовите: „ти водиш илузорен живот, некогаш и јас водев таков, но сега се чувствувам многу подобро, водам духовен живот и знам дека сум поблиску до вистината и вистинската љубов кон себе и универзумот.....” _-И не беше тешко да не наговори мене и другар ми да дојдеме во нивната комуна и да им се придружиме на неколку дена. Нормално, тоа беше еден од начините на кои си врбуваа приврзаници. Ионака немавме кај да спиеме, парите ни беа при крај, си рековме зошто не, барем е гага
.
Е, сега веќе доаѓа на ред она што го спшомнува ragazza
Мажите и жените можат да имаат сексуален контакт само ако решат да зачнат дете и тоа исклучиво со одобрение на старешината кој им е надреден. Постојано се во одвоени делови од зградата(ова беше еден стар напуштен дворец) и немаат право на никаква интимност. Неколку пати на ден има групна медитација која мораш да ја посетуваш, предавања за кршна, нас веќе ни се стемни од тоа по 1000 пати да слушаме и повторуваме „харе кршна, харе кршна, харе рама, харе харе...
а за храната поарно да не зборам зашто после веќе 5 дена мислевме дека сме се претвориле во мајмуни (секој втор оброк беше-банани!). И така, разочарани му рековме на еден од „надредените” дека би сакале да си заминеме, но тој рече дека треба да зборуваме со друг, негов надреден околу тоа. Кога дојдовме до тој другиот глеј беља: „Учтиво би било пред да заминете да дадете некаков материјален прилог за нашата заедница и со тоа да го помогнете нашето опстојување во иднина” ни рече. Му рековме дека немаме скапана пара. Имавме нешто малку пари, ама ги чувавме за пат до дома. Рече дека во тој случај можеме да помогнеме со тоа што ќе помагаме во секојдневните активности на членовите на заедницата кои несебично не хранеле и згрижиле додека сме биле тука.
-Видовме дека не ќе заврши на арно и рековме ок, тогашќе останеме уште некој ден да ви помогнеме и да го платиме со тоа нашиот престој овде. Ни кажа кај кого да се јавиме за да ни одреди што треба да работиме и така сторивме. Испадна дека од наредниот ден ќе треба да работиме во некој рудник за јаглен оддалечен 20-тина км од местот каде бевме.
-Вечерта, пред да си легнеме ги спакувавме стварите кришум и ги сокривме ранците во грмушките во дворот. Ноќта кога сите веќе во собата заспаа (бевмо со околу 20 души други во една голема одаја исполегнати на рогожи на подот), прво другар ми, па по 5 минути и јас му ја летнавме од дворецот по црни темници. Важно во мугрите веќе бевме во некое населено место од каде стасавме до цивилизација и превоз.
Харе Кршна? -Не благодарам, кој сака нека повели