Џ
Џонтра Волта
Гостин
Киву е еден од подобрите модерни штопери, премногу знаеше да игра со топка, одличен изведувач на слободни, најмлад капитен во историјата на Ајакс, одлично играше во Рома а потоа и во Интер, се до страшниот судар со Пелисие каде доби фрактура на черепот и одтогаш беше непрепознатлив...На своја иницијатива го раскина договорот со Интер откако изјави дека му е срам да седи повреден и да зема пари.. Искрено жал ми падна денеска кога прочитав дека се повлекол од фудбал.Релативно млад се пензионира Киву. Го паметам од времето кога играше во Рома, претходно не се сеќавам каде играше.
А ќе го паметам и по тоа шо на дебито на Пандев за Интер(на гости кај Киево), Киву имаше тешка повреда на главата и од тогаш го носи шлемот.